Инфо сесија / 17.12.2019

ИНФО-СЕСИЈА НА ТЕМА: „НОВИ ЗАКОНСКИ ПРОПИСИ ЗА ЕФИКАСЕН СИСТЕМ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАД‟

Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат


   

Почитувани,

Во насока на подобрување и полесно имплементирање на законите во Република Северна Македонија преку ПРОЕКТОТ НА УСАИД „ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА “, ќе се организира информативен настан на тема: „ НОВИ ЗАКОНСКИ ПРОПИСИ ЗА ЕФИКАСЕН СИСТЕМ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАД‟ .

На настанот ќе се обрати министерот за животна средина и просторно планирање во Владата на РСМ Насер Нуредини, а свое излагање ќе има Ана Каранфилова Мазнева, раководител на сектор за отпад при Министерството за животна средина и просторно планирање во Владата на РСМ.

Целта на настанот е да се информираат компаниите за пакетот на предлог закони за воспоставување на ефикасен систем од областа на управувањето со отпад и посебните текови на отпад, преку кои ќе се овозможи минимизирање на негативните влијанија на управувањето со отпадот врз човековото здравје и животната средина .

Информативниот настан е наменет за сите микро, мали и средни претпријатија кои се соочуваат со тешкотии во имплементирањето на самите закони и информирање на претпријатијата во Република Северна Македонија за полесно спроведување на законите и паралелно јакнење на јавно-приватниот дијалог, а ќе биде спроведен од страна Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора на Северозападна Македонија, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ), Сојузот на стопански комори на Македонија и ЕПИ Центар Интернационал, партнери во Проектот на УСАИД: „ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА“.

Настанот ќе се одржи на 17 декември 2019 година (вторник), со почеток во 13 :00 часот, во Стопанската комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат.

Ве молиме, вашето присуство да го потврдите најдоцна до 16 декември 2019 година (понеделник). Контакт: Ивана Крстевска, е-адреса:ivana@mchamber.mk ; телефон: 3244-051; Даниела Михајловска Василевска е-адреса: daniela@mchamber.mk телефон: 3244-021;

Во прилог е Агендата за настанот.

Агенда на настанот Пријави се електронски

Контакт лица:

Ивана Крстевска
++ 389 2 3244051

Даниела Михајловска Василевска
++ 389 2 3244021

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 28.01.2020
OТВАРАЊЕ НОВИ БРОЕВИ (ПОПИС НА ДОКУМЕНТИ) ВО ДЕЛОВОДНИК (ПОЧЕТОК НА ГОДИНА), ПОВРЗУВАЊЕ НА БРОЕВИ ОД МИНАТАТА ГОДИНА СО НОВИ БРОЕВИ ВО ТЕКОВНАТА ГОДИНА
Семинар, 29.01.2020
7 ТОЧКИ КАКО ДА ГИ ПОСТИГНЕМЕ НАШИТЕ БИЗНИС ЦЕЛИ ВО НОВАТА 2020 ГОДИНА
Семинар, 30.01.2020
ПОДГОТОВКА НА ПРОЕКТИ ЗА ГРАНТОВИ ОД ЕУ И ДРУГИ ДОНАТОРСКИ ПРОГРАМИ
Семинар, 30.01.2020
ПРЕКРШОЦИ ОД РАБОТЕН ОДНОС И ПРЕВЕНЦИЈА НА ПРОПУСТИ НА СУБЈЕКТИТЕ ВО ПРИМЕНАТА НА ПРОПИСИТЕ ОД ОБЛАСТА НА ТРУДОТ
Семинар, 05.02.2020
ИНКОТЕРМС 2020 - РАЗБИРАЊЕ И ПРАВИЛНА ПРИМЕНА НА ПРАВИЛАТА
Семинар, 07.02.2020
УПРАВУВАЊЕ СО ПЕРФОРМАНСИТЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ (PERFORMANCE MANAGEMENT SYSTEM)
Семинар, 12.02.2020
МАРКЕТИНГ НИЗ СОЦИЈАЛНИ МЕДИУМИ - МАРКЕТИНГ ПРИСТАПИ СО КОРИСТЕЊЕ НА SEO ЗА МАЛ БИЗНИС (LINKEDIN, INSTAGRAM)
Семинар, 19.02.2020
ДИГИТАЛНА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА КОМПАНИИТЕ
Семинар, 28.02.2020
ПРОФЕСИОНАЛНА ДЕЛОВНА КОМУНИКАЦИЈА – ПРОТОКОЛ МЕНАЏМЕНТ
Бизнис средби, 19.03.2020
Меѓународни деловни средби, 19-20 март 2020 година, Кочаели, Турција