Тркалезна маса / 20.12.2019

ФАКТОРИНГОТ КАКО АЛТЕРНАТИВЕН ИЗВОР НА ФИНАНСИРАЊЕ

Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат


   

Почитувани,

Проектот на УСАИД за факторинг во соработка со Стопанската комора на Македонија, Ве поканува да земете учество на претстојната тркалезна маса на тема: ,,Факторингот како алтернативен извор на финансирање“.

Проектот е насочен кон зголемување на конкурентноста на малите и средни претпријатија во Северна Македонија со проширување на нивните пазарни можности преку искористување на алтернативни извори на финансирање.

Факторингот, како алтернативен извор на финансирање го помага растот на претпријатијата преку обезбедување брз пристап до финансиски средства, подобрување на готовинскиот тек на фирмите и поефикасно развивање на истите.

На тркалезната маса детално ќе бидат презентирани:

  • Функционирањето на факторингот;
  • Трошоците за факторинг;
  • Бенефитот од факторингот за компаниите.

На настанот е предвидено да се отвори интерактивна дискусија на следниве теми:

· Ваше искуство од користење на факторингот како алтернативен начин на финансирање во последните две години;

  • Со која институција имате остварено соработка за факторинг;
  • Дали сте започнале да работите со факторинг?
  • Бенефитите за Вашата компанија од користењето на факторингот и
  • Проблеми со коишто сте се соочиле при одобрување на факторинг.

Настанот ќе се одржи на 20.12.2019 година (петок), со почеток во 11:00 часот, во Стопанската комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат.

Ве молиме, Вашето учество да го пријавите најдоцна до 19.12.2019 година (четврток), кај лицата за контакт: м-р Сања Николова, тел: +389 2 3244 091, e-адреса: sanja@mchamber.mk и м-р Ивана Крстевска, тел: +389 2 3244 051, e-адреса:ivana@mchamber.mk .

Агенда на настанот Пријави се електронски

Контакт лица:

Сања Николова
++ 389 2 3244091, M. 070 390 009

Ивана Крстевска
++ 389 2 3244051

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 23.01.2020
ДЕФИНИРАЊЕ НА ПОТРЕБИТЕ НА ПОТРОШУВАЧИТЕ/КЛИЕНТИТЕ И ПОТРАГА ПО КЛИЕНТИ
Семинар, 23.01.2020
КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ (ФОРМУЛИ, ФУНКЦИИ И ПИВОТ ТАБЕЛИ) И АНАЛИТИКА СО DASHBOARD ВО EXCEL 2016
Семинар, 24.01.2020
УПРАВУВАЊЕ СО ФИЗИЧКИ ШТЕТНОСТИ
Семинар, 28.01.2020
OТВАРАЊЕ НОВИ БРОЕВИ (ПОПИС НА ДОКУМЕНТИ) ВО ДЕЛОВОДНИК (ПОЧЕТОК НА ГОДИНА), ПОВРЗУВАЊЕ НА БРОЕВИ ОД МИНАТАТА ГОДИНА СО НОВИ БРОЕВИ ВО ТЕКОВНАТА ГОДИНА
Семинар, 29.01.2020
7 ТОЧКИ КАКО ДА ГИ ПОСТИГНЕМЕ НАШИТЕ БИЗНИС ЦЕЛИ ВО НОВАТА 2020 ГОДИНА
Семинар, 30.01.2020
ПОДГОТОВКА НА ПРОЕКТИ ЗА ГРАНТОВИ ОД ЕУ И ДРУГИ ДОНАТОРСКИ ПРОГРАМИ
Семинар, 30.01.2020
ПРЕКРШОЦИ ОД РАБОТЕН ОДНОС И ПРЕВЕНЦИЈА НА ПРОПУСТИ НА СУБЈЕКТИТЕ ВО ПРИМЕНАТА НА ПРОПИСИТЕ ОД ОБЛАСТА НА ТРУДОТ
Семинар, 05.02.2020
ИНКОТЕРМС 2020 - РАЗБИРАЊЕ И ПРАВИЛНА ПРИМЕНА НА ПРАВИЛАТА
Семинар, 12.02.2020
МАРКЕТИНГ НИЗ СОЦИЈАЛНИ МЕДИУМИ - МАРКЕТИНГ ПРИСТАПИ СО КОРИСТЕЊЕ НА SEO ЗА МАЛ БИЗНИС (LINKEDIN, INSTAGRAM)
Семинар, 19.02.2020
ДИГИТАЛНА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА КОМПАНИИТЕ
Семинар, 28.02.2020
ПРОФЕСИОНАЛНА ДЕЛОВНА КОМУНИКАЦИЈА – ПРОТОКОЛ МЕНАЏМЕНТ
Бизнис средби, 19.03.2020
Меѓународни деловни средби, 19-20 март 2020 година, Кочаели, Турција