23.01.2019 (Семинар)
Еднодневен семинар: ИНТЕГРАЦИЈА НА МАРКЕТИНГ СТРАТЕГИЈАТА СО ОПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА КОМПАНИИТЕ

25.01.2019 (Семинар)
МАРКЕТИНГ ТРЕНДОВИ И АЛАТКИ ЗА 2019 ГОДИНА - КАКО ДА БИДЕТЕ ВО ЧЕКОР СО СВЕТСКИОТ НАПРЕДОК?

25.01.2019 (Повик)
LETTER OF INVITATION for all interested students, graduates etc., to obtain Internships in Macedonian SME’s, related to Activity V.3 “Developing specific custom industry projects in selected DSMEs”

29.01.2019 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ОПАСНИ МАТЕРИИ И ОПАСЕН ОТПАД, СОБИРАЊЕ И ОТСТРАНУВАЊЕ, СКЛАДИРАЊЕ И ДЕПОНИРАЊЕ, РЕЦИКЛИРАЊЕ, ГОРЕЊЕ, КРИТИЧКИ ТОЧКИ И „CASE STUDY“

29.01.2019 (Семинар)
Задолжителни елементи на договорот за вработување, можност за измена на договорот за вработување во делот на плата, работни задачи, забрана за работа на работодавачот, заштита од мобинг преку инспекциски надзор

30.01.2019 (Тренинг обука)
ОБУКА И РАЗВОЈ НА ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ –КРЕИРАЊЕ НА ДОДАДЕНА И УПОТРЕБЛИВА ВРЕДНОСТ ЗА ОРГАНИЗАЦИИТЕ

30.01.2019 (Семинар)
ПРИСТАП ДО ФИНАНСИИ, ВЕШТИНИ И ОРГАНИЗАЦИЈА – ПРЕДУСЛОВ ЗА УСПЕШНА КОМПАНИЈА

31.01.2019 (Семинар)
ТЕЛЕФОНСКА ПРОДАЖБА (TELESALES)

31.01.2019 (Семинар)
Најнови измени на Законот за јавни набавки - НОВИ ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

01.02.2019 (Семинар)
Планирање, анализа, организација и реализација на работењето во писарница, преку управување со списите и актите во согласност со потребите на организацијата

14.02.2019 (Семинар)
Еднодневен семинар:DATA MINING КОНЦЕПТИ И ТЕХНИКИ КАКО ОСНОВА НА БИЗНИС АНАЛИЗА

19.02.2019 (Тренинг обука)
ОБУКА НА СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ

19.02.2019 (Тренинг обука)
Дводневна обука на тема:СТРАТЕГИСКО ПЛАНИРАЊЕ СО ПРИМЕНА НА SWOT МАТРИЦА И КАРТАТА НА ВРАМНОТЕЖЕНИ РЕЗУЛТАТИ (КВР)

21.02.2019 (Семинар)
Најнови измени на Законот за јавни набавки - НОВИ ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

26.02.2019 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ПРОИЗВОДСТВОТО

27.02.2019 (Тренинг обука)
ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА УСПЕШНОСТ ПРЕКУ ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА КОМУНИКАЦИЈА

03.03.2019 (Советување)
ГРАДЕЊЕ СИЛНИ ОРГАНИЗАЦИСКИ ТИМОВИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ПРЕДИЗВИЦИ НА РАБОТНОТО МЕСТО

11.04.2019 (Бизнис средби)
Mеѓународни деловни средби за стартап, мали и средни компании од Источна Европа во Диселдорф, Германија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

03.09.2018


Ставови  

СТАВ: КОМПАНИИТЕ ВО НОВ ИНВЕСТИЦИСКИ ЦИКЛУС


Бранко Азески, претседател
Стопанска комора на Македонија

После подолго време очигледно е дека полека, но сигурно се зголемуваат инвестиционите активности на компаниите-членки на Стопанската комора на Македонија. Тоа е очигледно после мојата редовна посета на компаниите во западниот дел на Република Македонија реализирана во изминатиот период. Особено радува фактот што дел од тие компании инвестираат без да учествуваат во постапките за добивање на државна помош.

Позитивните примери за инвестиционите активности се многубројни... Компанијата „Ренова“ од Тетово неодамна го отвори првиот хотел брендиран под името на меѓународниот синџир на хотели „Mercure“ – инвестиција во вкупна вредност од 40 милиони евра и извонреден објект со пет ѕвезди кој се простира на 60.000 метри квадратни. Компанијата „Единство“ Челопек отвори нов производствен погон во с.Брвеница Тетово, во вредност од 1,5 милиони евра. Компанијата „Вардар Доломит“ од Гостивар е во фаза на реализација на нова инвестиција – набавка на нова печка, во вредност од 1 милион евра, која се очекува двојно да го зголеми обемот на производството на компанијата. Компанијата „Дебарски Бањи – Цапа“ во бањскиот локалитет Косоврасти во Дебар инвестираше во аквапарк кој се протега на 6.000 метри квадратни. Компанијата „Илинден“ од Струга неодамна го отвори хотелот Unique во Охрид, во близина на Билјанини извори – уште едно извонредно хотелско здание со 130 просторни и луксузно уредени соби. Во Охрид беше отворен и „Хотел Лаки
“, инвестиција од неколку милиони евра, кој ја надополни угостителската понуда во Охрид. Градежните активности се во тек и во компанијата „Костал“ од Охрид, која е во фаза на реализација на нова инвестиција, нов производствен погон и дистрибутивен погон, кои ќе ги прошират производствените капацитети на компанијата. Компанијата „Прилепска Пиварница“ инвестира во автоматска линија за полнење пиво и газирани сокови во пластична амбалажа во вредност од 6 милиони евра. Компанијата „Мермерен комбинат“ Прилеп инвестира во опрема за обработка на мермерна маса во вредност од 1,5 милиони евра. Компанијата „Витаминка“ Прилеп инвестира во фабрички ресторан и во магацин за нови производи, со површина од 3.000 метри квадратни и вредност од околу 2 милиони евра. „Катлановска Бања“ во Скопје е во фаза на реализација на инвестиции за модернизирање на капацитетите и обезбедување енергетска ефикасност на објектот.

Има и многу други примери кои ги евидентираат стручните служби на Комората, но ова е тоа што јас лично го видов. Ние остануваме посветени на определбата дека инвестиционите активности се основата за развој на македонската економија, особено ако тие инвестиции се поврзани со извозот. Програмата 3И (инвестиции, извоз, инфраструктура) конципирана во Стопанската комора на Македонија во 2012 година продолжува понатаму!

п.с. Денес со моите колеги од Косово ќе посетиме еден исклучителен инфраструктурен објект од големо значење за македонската економија. Тоа е автопатот Приштина-Скопје, кој од косовската страна е веќе во завршна фаза. Убеден сум дека размената од 262 милиони САД$ во 2017 година во наредните пет години ќе биде дуплирана.











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права