23.01.2019 (Семинар)
Еднодневен семинар: ИНТЕГРАЦИЈА НА МАРКЕТИНГ СТРАТЕГИЈАТА СО ОПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА КОМПАНИИТЕ

25.01.2019 (Семинар)
МАРКЕТИНГ ТРЕНДОВИ И АЛАТКИ ЗА 2019 ГОДИНА - КАКО ДА БИДЕТЕ ВО ЧЕКОР СО СВЕТСКИОТ НАПРЕДОК?

25.01.2019 (Повик)
LETTER OF INVITATION for all interested students, graduates etc., to obtain Internships in Macedonian SME’s, related to Activity V.3 “Developing specific custom industry projects in selected DSMEs”

29.01.2019 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ОПАСНИ МАТЕРИИ И ОПАСЕН ОТПАД, СОБИРАЊЕ И ОТСТРАНУВАЊЕ, СКЛАДИРАЊЕ И ДЕПОНИРАЊЕ, РЕЦИКЛИРАЊЕ, ГОРЕЊЕ, КРИТИЧКИ ТОЧКИ И „CASE STUDY“

29.01.2019 (Семинар)
Задолжителни елементи на договорот за вработување, можност за измена на договорот за вработување во делот на плата, работни задачи, забрана за работа на работодавачот, заштита од мобинг преку инспекциски надзор

30.01.2019 (Тренинг обука)
ОБУКА И РАЗВОЈ НА ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ –КРЕИРАЊЕ НА ДОДАДЕНА И УПОТРЕБЛИВА ВРЕДНОСТ ЗА ОРГАНИЗАЦИИТЕ

30.01.2019 (Семинар)
ПРИСТАП ДО ФИНАНСИИ, ВЕШТИНИ И ОРГАНИЗАЦИЈА – ПРЕДУСЛОВ ЗА УСПЕШНА КОМПАНИЈА

31.01.2019 (Семинар)
ТЕЛЕФОНСКА ПРОДАЖБА (TELESALES)

31.01.2019 (Семинар)
Најнови измени на Законот за јавни набавки - НОВИ ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

01.02.2019 (Семинар)
Планирање, анализа, организација и реализација на работењето во писарница, преку управување со списите и актите во согласност со потребите на организацијата

14.02.2019 (Семинар)
Еднодневен семинар:DATA MINING КОНЦЕПТИ И ТЕХНИКИ КАКО ОСНОВА НА БИЗНИС АНАЛИЗА

19.02.2019 (Тренинг обука)
ОБУКА НА СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ

19.02.2019 (Тренинг обука)
Дводневна обука на тема:СТРАТЕГИСКО ПЛАНИРАЊЕ СО ПРИМЕНА НА SWOT МАТРИЦА И КАРТАТА НА ВРАМНОТЕЖЕНИ РЕЗУЛТАТИ (КВР)

21.02.2019 (Семинар)
Најнови измени на Законот за јавни набавки - НОВИ ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

26.02.2019 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ПРОИЗВОДСТВОТО

27.02.2019 (Тренинг обука)
ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА УСПЕШНОСТ ПРЕКУ ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА КОМУНИКАЦИЈА

03.03.2019 (Советување)
ГРАДЕЊЕ СИЛНИ ОРГАНИЗАЦИСКИ ТИМОВИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ПРЕДИЗВИЦИ НА РАБОТНОТО МЕСТО

11.04.2019 (Бизнис средби)
Mеѓународни деловни средби за стартап, мали и средни компании од Источна Европа во Диселдорф, Германија

Бизнис-настани

09.11.2015 - 09.11.2015


Бизнис средби Санкт Петербург,  Руска Федерација

ДЕЛОВНИ СРЕДБИ НА МАКЕДОНСКИ И РУСКИ КОМПАНИИ- 18.11.2015, Санкт-Петербург, Руска Федерација


БИЗНИС-ДЕЛЕГАЦИЈА ОД РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ПОСЕТА
НА  СТОПАНСКАТА КОМОРА НА ЛЕНИНГРАДСКА ОБЛАСТ

ДЕЛОВНИ СРЕДБИ НА МАКЕДОНСКИ И РУСКИ КОМПАНИИ

18 ноември 2015 година
Санкт-Петербург, Руска Федерација

(Стопанска комора на Ленинградска област)


Почитувани,

Со цел унапредување и интензивирање на економската соработка помеѓу Република Македонија и Руската Федерација, Стопанската комора на Македонија во соработка со Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија и нивниот економски промотер во Санкт-Петербург, организираат посета на македонски компании на Стопанската комора на Ленинградска област.
 
При посетата, покрај инвестициите, ќе се посвети внимание и на промоцијата на извозните можности на Република Македонија во Руската Федерација. На настанот ќе бидат организирани и билатерални деловни средби со компании од областа на прехранбената индустрија, при што  ќе бидат присутни претставници од седум големи синџири на супермаркети кои оперираат во Северозападната област на Русија и тоа: „Азбука вкуса“; „Торговый Дом - ЛЭНД“; „X5 Retail Group“ (лидер на рускиот пазар на трговија на мало, сопственици на 3 синџири на супермаркети: „Пятерочка“, „Перекресток“ и „Карусель“); „Лента“; „Prizma“; „7я семья“ и „Metro C&C“.

Покрај претставниците на големите синџири на супермаркети, на средбите присуство најавија и увозници и дистрибутери на овошје,  зеленчук и на алкохолни пијалаци.
 
Учество на настанот можат да пријават сите извозно ориентирани компании од областа на прехранбената индустрија, вклучувајќи:
 извозници на свежо овошје и зеленчук;
• винарници;
• претставници на конзервната индустрија;
• производители на замрзната храна;
• производители на алкохолни пијалаци и др.

Македонските компании кои сакаат да учествуваат на овие деловни средби своето учество можат да го пријават најдоцна до 11 ноември 2015 година (среда), за да можат да се обезбедат соодветни партнери.

За подетални информации заинтересираните компании ќе бидат дополнително информирани.

Ве молиме, за Вашиот интерес да не` информирате преку пополнување на пријавниот лист даден во прилог.

Контакт-лице:
Сања  Николова, тел. + 389 2 3244-091, e-адреса: sanja@mchamber.mk


Прилог:
- Пријавен лист.


   


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт: Стево Серафимов
Тел: (02) 3244000 Факс:(02) 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: ic@ic.mchamber.org.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права