ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Вести
29.08.2019 👁 Прочитано: 813

Извезуваме седишта за европската автоиндустрија вредни 200 милиони евра


Македонските компании во текот на изминатата 2018 година извезле мебел и разни делови од мебел во вредност од 244 милиони евра, што е 20% раст за една година, пренесува сајтот извозници.мк..

Извозот на мебел и делови од мебел бележи голем раст во изминативе пет години. Така, податоците покажуваат дека извозот на мебел и делови од мебел во 2014 година изнесувал 76,3 милиони евра, што е раст од 219% за период од пет години.

Интересен податокот дека Македонија лани повеќе извезла мебел и делови од мебел отколку што увезла. Податоците од Државниот завод за статистика покажуваат дека минатата година увозот на мебел изнесувал 68 милиони евра, што е зголемување за 85% за период од пет години.

Најголемиот дел од овој извоз или 202 милиони евра е направен преку извозот на седишта и тапацири за седишта за автомобилската индустрија. Најголеми извозни пазари за автомобилските седишта лани биле Германија, Велика Британија, Унгарија, Романија  и Словачка.

Најголем извозник на седиштата за автомобилската индустрија е компанијата Адиент Сеатинг (поранешен Џонсон Контролс) која работи во индустриската зона во Штип , а која пред неколку години отвори и втора  фабрика за автомобилски седишта во Струмица, Адиент Аутомотив.

Втора најголема ставка во извозот на мебел од Македонија со вредност од 28 милиони евра е извозот на носачи за мадраци и други предмети од постелнина, како душеци, перници и јоргани. Најголем извозник на овие производи е фабриката македонско-британската компанија Комфи Ангел од Прилеп која лани имала извоз од околу 23 милиони евра.

Како најголем извозен пазар на душеците и перниците се Велика Британија  каде лани е остварен извоз вреден околу 9 милиони евра, а следат Франција, Холандија, Германија и Италија.

Вредноста на извозот на друг мебел кој го произвеле и продале македонските компании на странските пазари лани достигна 13,4 милиони евра.

Во оваа група влегува разниот мебел кој го произведуваат малите производни погони како гарнитури за седење, маси, дрвени столици и други преработки. Најголеми извозни пазари на овој мебел минатата година биле Косово, Хрватска, Германија, Холандија, Италија, Србија и Црна Гора.

Минатата година сме извелзе и медински мебел во вредност од над 95 илјади евра и тоа најмногу во Германија и Белгија. Најголем извозник на медицински мебел е фабриката Брако од Велес.

Во индустријата за преработка на дрво и производство на мебел во земјава работат околу 1.040 компании.

Извезуваме седишта за европската автоиндустрија вредни 200 милиони евра