ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Актуелно
19.07.2019 👁 Прочитано: 995

СООПШТЕНИЕ НА ЦАРИНСКАТА УПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА


Министерството за животна средина и просторно планирање достави допис до Царинската управа со кој ја информира дека увозот и извозот на новата техничката стока со разладни средства ќе се одвива без дозвола која досега ја издаваше Министерството за животна средина и просторно планирање.
 
Контролата на увозот и извозот на разладните уреди во текот на последните девет години укажува на фактот дека новата техничка стока што содржи разладни средства не содржи супстанции што ја осиромашуваат озонската обвивка.
 
Оттука, се информираат економските оператори дека почнувајќи од 19.07.2019 година Царинската управа во постапка на увоз или извоз на нова техничката стока со разладни средства, нема да бара дозвола за увоз/извоз, што претставува значително олеснување и забрзување на трговијата со ваков вид на стока. 
СООПШТЕНИЕ НА ЦАРИНСКАТА УПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА