Online Бизнис средби 09.06.2020 Он-лине Б2Б средби на тема: „Жените и мажите во градежниот сектор во Дунавскиот регион и пошироко: Соочување со новите предизвици“

, Србија


   

Он-лине МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ
„Жените и мажите во градежниот сектор во Дунавскиот регион и пошироко: Соочување со новите предизвици“
Датум: 9 јуни, 2020 година
http://womeninconstruction.talkb2b.net

Време на одржување на Б2Б средбите: 13:15 - 16:30 часот

Стопанската комора на Македонија во соработка со Европската мрежа на претприемачи од Србија, секторската група за женско претприемаштво при  Институтот „Михајло Пупин“, ве покануваат да учествувате на деловните он-лине средби на тема „Жените и мажите во градежниот сектор во Дунавскиот регион и пошироко: Соочување со новите предизвици“.
Исто така и Здружението на деловни жени во Србија обезбедува огромна поддршка во организацијата на настанот, особено на Б2Б средбите, што ќе се одржат на 9 јуни 2020 година во Србија.

Поради настанатата ситуација на Covid-19 (вирусот корона), состаноците ќе се организираат виртуелно, он-лине преку Интернет наместо на лице место.   

Учесниците ќе имаат можност да воспостават он-лине контакти со своите деловни партнери од градежниот сектор, со проектанти од други проектански бироа, архитекти, инжињери, дизајнери на ентериери, проектирање, архитектонско брендирање, како и со производителите на мебел, итн.

Деловните средби ќе бидат организирани преку Интернет платформата, доколку претходно се регистрирате на следниов линк http://womeninconstruction.talkb2b.net/members/register за да го пронајдете вашиот потенцијален деловен партнер.

Учеството е бесплатно.

Зошто да учествувате?

- ова он-лине поврзување ќе ви помогне да најдете меѓународни деловни партнери на претходно договорени и резервирани состаноци;
- ќе ви помогне да ja развиете и проширите вашата деловна мрежа, да научите нешто ново, да го споделете вашето искуство и знаење со потенцијалните партнери, купувачи и добавувачи, трансфер на знаење и технологии;
- да ги чуете новите трендови на пазарот, новите идејни решенија, дизајн и технолошките иновации.

Овој брокерски настан е идеална можност да се остварат контакти и да се зајакне меѓународната соработка и меѓу женските претприемачи од Југоисточна Европа. Брокерскиот настан ќе им овозможи на учесниците од различни сектори да запознаат потенцијални деловни партнери на однапред закажани состаноци. Компаниите исто така ќе имаат можност да се претстават пред најинтересните фирми за време на сесиите на Б2Б.

Мрежата на Enterprise Србија ви нуди поддршка пред, за време и по настанот, на пример со тоа што ќе ви помогне да креирате информативен профил за соработка, он-лине средби со секоја претходно закажана компанија и слични други можности.


Контакт лица:

Ирена Мојсовска
++ 389 2 3244009

М-р Нена Николовска
++ 389 2 3244054

Стопанска комора на Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 08.07.2020
ОПТИМИЗАЦИЈА НА ВЕБ-САЈТ ЗА „ОНЛАЈН“-ПРЕБАРУВАЧИ, СО ЦЕЛ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ВАШЕТО ПРИСУСТВО НА ИНТЕРНЕТ (SEARCH ENGINE OPTIMIZATION (SEO)
Работилница, 09.07.2020
ПРАВА И ОБВРСКИ ПРИ ВРШЕЊЕ НА РАБОТА ДОМА И НАДЗОР ОД ИНСПЕКЦИЈАТА НА ТРУДОТ ВРЗ РАБОТНИТЕ ОДНОСИ
Тренинг обука, 10.07.2020
Следење на задоволството на клиентите и постапување по приговори преку стандардот ISO 10002:2018 МЕНАЏМЕНТ ЗА КВАЛИТЕТ
Семинар, 13.07.2020
ПРОМЕНЕТИТЕ ОКОЛНОСТИ КАКО ОСНОВ ЗА РАСКИНУВАЊЕ ИЛИ ИЗМЕНА НА ДОГОВОРИТЕ СКЛУЧЕНИ ПОМЕЃУ ДЕЛОВНИТЕ СУБЈЕКТИ
Семинар, 10.09.2020
ОРГАНИЗАЦИЈА И РЕАЛИЗАЦИЈА, НА РАБОТЕЊЕТО ВО ПИСАРНИЦАТА, УПРАВУВАЊЕ СО СПИСИТЕ И АКТИТЕ ВО СОГЛАСНОСТ СО ПОТРЕБИТЕ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА
Конференција, 16.09.2020
КОНФЕРЕНЦИЈА И МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ - ЕЕН, 16-18 септември 2020 година, во Сараево, Босна и Херцеговина
Семинар, 18.09.2020
Практична примена на Ексел (формули, функции, пивот табели и контролни табли) со примери во магацинското работење
Online Бизнис средби, 18.11.2020
УЧЕСТВО НА „ВИРТУЕЛЕН“- БРОКЕРСКИ НАСТАН И БИЛАТЕРАЛНИ СРЕДБИ НА ТЕМА: „ БЕ@СММ2020-ВМРЕЖУВАЊЕ ВО ПАМЕТНАТА ПРЕРАБОТУВАЧКА ДЕЈНОСТ 2020“