ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Актуелно
21.08.2019 👁 Прочитано: 143

Кои се 10-те најголеми извозни пазари за македонските производи ?


Вкупниот извоз на македонски производи во првата половина годинава достигна 3,1 милијарда евра, што е раст од 14,1% во споредба со истиот период лани.
Ако се анализира македонскиот извоз направен во првата половина годинава најголемиот дел или дури 49,3% е насочен кон Германија.

Во Германија за првите шест месеци сме извезле производи во вредност од 1,55 милијарди евра, што е зголемување од 22%  во споредба со истиот период лани. Речиси целиот извоз кон Германија отпаѓа на извозот на автомобилски делови кои се произведуваат во фабриките кои странските инвеститори ги отворија во слободните економски зони. Најголем дел од извозот кон Германија отпаѓа на компанијата Џонсон Мети.
Бугарија и понатаму останува наш втор најголем извозен пазар, каде во првата половина годинава се продале македонски производи во вредност од 149 милиони ера, што е намалување за 2,1% во споредба со истиот период лани.
Со царините од 100% од страна на Косово кон српските и босанските производи, косовскиот пазар ја надмина Србија и стана трет најголем извозен пазар за македонските компании, каде за шест месеци годинава се продадени производи вредни 139 милиони раст, што е раст од 38,6% во споредба со истиот период лани.

Во Србија, која е четврт најголем извозен пазар, вопрвата половина годинава сме извезле 115,5 милиони евра, кој за една година бележи раст од 6,7%.
Следи Белгија, каде за шесте месеци годинава сме извелзе производи вредни 110,7 милиони евра, кој е за 0,24% помал од истиот период лани.

Грција со извоз од 93,4 милиони евра е шести најголем извозен пазар за македонските производ, а извозот во првата половина годинава се намалил за 7,3% воспоредба со истиот период лани.
На листата 10 најголеми извозни пазари следат Италија, Романија, Унгарија и Велика Британија.
На овие 10 најголеми извозни пазари се пласирал дури 78,7% од вкупниот извоз на државата во првата половина годинава.
Најголем раст на извозот во првите шест месеци годинава има во Кина од дури 292,7%, во Унгарија од 49,8% и во Косово од 38,6%.

Извор: http://izvoznici.mk/%D0%BA%D0%BE%D0%B8-%D1%81%D0%B5-10-%D1%82%D0%B5-%D0%BD%D0%B0%D1%98%D0%B3%D0%BE%D0%BB%D0%B5%D0%BC%D0%B8-%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D0%B7%D0%BD%D0%B8-%D0%BF%D0%B0%D0%B7%D0%B0%D1%80%D0%B8-%D0%B7%D0%B0/?fbclid=IwAR2xHMNKDVGXUfL88ReswYRcgyR0_j1upYN24Zu-ZdIGBT4DgONE1b5UBqQ#.XV013XuxVEa

Кои се 10-те најголеми извозни пазари за македонските производи ?