ЦРНА ГОРА – ТРГОВСКИ ПАРТНЕР СО СТАТУС КВО ЕКОНОМСКА СОРАБОТКА

   

👁 Прочитано: 3624


ЦРНА ГОРА – ТРГОВСКИ ПАРТНЕР СО СТАТУС КВО ЕКОНОМСКА СОРАБОТКА

Сашо Деспотоски
Сашо Деспотоски, самостоен советник во Стопанската комора на Македонија
Мала земја со голем потенцијал и лидер во регионот по раст на БДП и на странски инвестиции кои лани достигнале над 6,5 милиради евра. Тоа во една реченица е сликата за Црна Гора денеска, една од 6-те држави во рамки на Западен Балкан. Искуството на оваа мала по територија и по број на жители земја, треба да биде пример за сите останати во регионот, е заклучокот на бизнис форумот што пред неколку дена се одржа во Подгорица помеѓу македонски и црногорски стопанственици, со директна и конкретна подшрка од премиерите на двете земји.

РЕГИОНАЛНИ ПРОИЗВОДИ И ИНСТИТУЦИИ ЗА ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ НА БАЛКАНОТ - ПОРАКА ОД ПОДГОРИЦА

Двете држави спаѓаат во групата на мали држави и затоа е потребно меѓусебно да соработуваат да разменуваат исксутво и знаење, да се обединат за заеднички настап на трети пазари и да работат на раст на економиите во сите земји од регионот, бидејќи само на тој начин ќе придонесат во отворање на евро-атлантските перспективи и зголемување на трговската размена помеѓу самите нив. Унапредувањето на економската соработка меѓу двете земји е од особено значење за развојот на поширокиот регион на Југоисточна Европа, како дел во кој припаѓаме.

Нашата земја и Црна Гора имаат континуитет во соработката. Помеѓу две пријателски земји нема никакви политички и економски нерешени прашања, но економската соработка е на минимално ниво наспроти можностите кои ги нудат економиите. Во последниве единаесет години, во надворешно-трговската размена се забележува една константа, без особени нагорни и надолни варијации кај извозот или увозот. Податоците не се импресивни и треба итно да се делува истите да се променат бидејќи нивото на економската соработка не е задоволително и истото треба да се издигне, бидејќи в о бизнисот секогаш мора да постои тренд на раст и развој.

РЕГИОНАЛНИ ПРОИЗВОДИ И ИНСТИТУЦИИ ЗА ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ НА БАЛКАНОТ - ПОРАКА ОД ПОДГОРИЦА

Факт е дека долги години наназад од сите земји на Западен Балкан најмала размена сме имале токлму со оваа земја, а тоа го потврдуваат и бројките. Вкупниот македонски извоз во периодот од 2007-2018 година изнесува 371 милиони САД$, додека пак вкупниот реализиран увоз од Црна Гора изнесува 42 милиони САД$ и со тоа вкупната трговска размена за целиот период изнесувала околу 413 милиони САД$. Од макроекономска гледна точка освен традиционалниот извоз во делот на земјоделските култури, прехрамбени и фармацевтски производи, како и увозот од Црна Гора од дрво и остатоци од дрво, нашите две држави немаат постојана трговска соработка со можност за зголемување за производи кои не припаѓаат во горе наведените сектори на дејности.

Има објаснување за ваквите мали економски остварувања во меѓусебната соработка.

За бизнис секторот голема пречка и ограничувачки фактор за унапредување на трговската размена е инфраструктурната неповрзаност и недостиг од директна авионска лиија.

РЕГИОНАЛНИ ПРОИЗВОДИ И ИНСТИТУЦИИ ЗА ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ НА БАЛКАНОТ - ПОРАКА ОД ПОДГОРИЦА 

Брзината и фреквентноста на протокот на стоките меѓу земјите од Западно - Балкански регион имаат се` поголемо значење за подобрување на конкурентноста на компаниите на меѓународниот пазар на стоки и услуги, со што преку користење на услугите на пристаништето во Бар се прошируваат можностите на нашите компании за практично реализирање на потребата за користење и на други превозни патишта, како алтернативни решенија на традиционалните меѓународни патишта. Иако инфраструктурната поврзаност со ова пристаниште не е на потребното ниво, перманентна е заложбата на бизнис-заедницата да се подобрат состојбите на тој план, имајќи во предвид дека тоа е трето најблиско пристаниште по пристаништата во Солун и Драч.


РЕГИОНАЛНИ ПРОИЗВОДИ И ИНСТИТУЦИИ ЗА ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ НА БАЛКАНОТ - ПОРАКА ОД ПОДГОРИЦА

Соработката и размената може да се зголеми и преку поистакнато ангажирање на веќе формираниот Македонско-црногорскиот деловен совет во насока на интензивирање на економската соработка на компаниите, развивање на трговските контакти, насочување и унапредување на извозно-увозните можности. Со цел постигнување подобри резултати, овој совет е еден вид логистичка поддршка за компаниите од двете земји, а работи на придвижување, унапредување и промовирање на трговската размена меѓу Македонија и Црна Гора.

Неопходна е потребата и Договорот за соработка во областа на туризмот меѓу двете земји, кој беше потпишан уште во 2009 година да почне целосно да се имплементира и економиите на двете земји да ги почувствуваат ефектите од туристичката соработка и во пракса, преку зголемување на бројот на туристи, за кој е сосема реално да ја достигне бројката која овие земји ја бележеа во рамките на поранешна Југославија, но и во креирање заеднички туристички дестинации за туристи од трети земји.

РЕГИОНАЛНИ ПРОИЗВОДИ И ИНСТИТУЦИИ ЗА ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ НА БАЛКАНОТ - ПОРАКА ОД ПОДГОРИЦА 

Голем потенцијал за интензивирање и продлабочување на соработката помеѓу двете земји постои и во делот на иновациите, новите технологии и подобрувањето на услугите и производите за полесен пристап на трети пазари.

Важноста на Црна Гора за нашата земја, но и за останатите од регионот е уште поголема бидејќи таа е единствената држава во Западен Балкан каде е отворена првата канцеларија на Генералниот секретар на КИФ во Подгорица. Тоа и дава централна позиција на оваа држава од каде ќе се реализираат активностите за регионална економска интеграција, кои со голем ентузијазам ги започнаа заеднички шесте комори од регионот, во насока на имплементација на повеќегодишниот акциски план за регионална економска област.

РЕГИОНАЛНИ ПРОИЗВОДИ И ИНСТИТУЦИИ ЗА ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ НА БАЛКАНОТ - ПОРАКА ОД ПОДГОРИЦА

А своите активности КИФ ги има насочено кон унапредување на конкурентноста на економиите од регионот, поврзување на бизнис заедниците од 6-те земји, подобрување на бизнис климата во регионот и зголемување на стоковната размена со земјите од Западен Балкан, но и пошироко, преку зголемена регионална економска соработка, промовирање на понатамошна трговска интеграција, воведување динамичен регионален инвестициски простор, олеснување на регионалната мобилност и креирање агенда за дигитална интеграција.

Во таа насока се работи на обезбедувањето на понатамошна економска интеграција на регионот, преку креирање на заеднички пакети на услуги за компаниите од регионот, создавање на заеднички институции, но и поддршка за компаниите да соработуваат прекугранично и да настапуваат здружено на трети пазари. Дуалното образование, дигиталната трансформација, поддршката на извозот и креирањето на заеднички ланци на снабдување, создавањето на заеднички регионални кредитни бироа и регионален арбитражен центар се само дел од зацртаните активности.

Развојот на Црна Гора, местополжбата, позицијата во рамки на КИФ и дава на земјата исклучително големо значење како дректен партнер но уште повеќе и како регионален, што треба да биеде поттик за продалобочување и проширување на соработката, во насока на издигнувањее на регионот како една економска област која ќе конкурира на европските пазари и пошироко.