23.01.2019 (Семинар)
Еднодневен семинар: ИНТЕГРАЦИЈА НА МАРКЕТИНГ СТРАТЕГИЈАТА СО ОПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА КОМПАНИИТЕ

25.01.2019 (Семинар)
МАРКЕТИНГ ТРЕНДОВИ И АЛАТКИ ЗА 2019 ГОДИНА - КАКО ДА БИДЕТЕ ВО ЧЕКОР СО СВЕТСКИОТ НАПРЕДОК?

25.01.2019 (Повик)
LETTER OF INVITATION for all interested students, graduates etc., to obtain Internships in Macedonian SME’s, related to Activity V.3 “Developing specific custom industry projects in selected DSMEs”

29.01.2019 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ОПАСНИ МАТЕРИИ И ОПАСЕН ОТПАД, СОБИРАЊЕ И ОТСТРАНУВАЊЕ, СКЛАДИРАЊЕ И ДЕПОНИРАЊЕ, РЕЦИКЛИРАЊЕ, ГОРЕЊЕ, КРИТИЧКИ ТОЧКИ И „CASE STUDY“

29.01.2019 (Семинар)
Задолжителни елементи на договорот за вработување, можност за измена на договорот за вработување во делот на плата, работни задачи, забрана за работа на работодавачот, заштита од мобинг преку инспекциски надзор

30.01.2019 (Тренинг обука)
ОБУКА И РАЗВОЈ НА ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ –КРЕИРАЊЕ НА ДОДАДЕНА И УПОТРЕБЛИВА ВРЕДНОСТ ЗА ОРГАНИЗАЦИИТЕ

30.01.2019 (Семинар)
ПРИСТАП ДО ФИНАНСИИ, ВЕШТИНИ И ОРГАНИЗАЦИЈА – ПРЕДУСЛОВ ЗА УСПЕШНА КОМПАНИЈА

31.01.2019 (Семинар)
ТЕЛЕФОНСКА ПРОДАЖБА (TELESALES)

31.01.2019 (Семинар)
Најнови измени на Законот за јавни набавки - НОВИ ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

01.02.2019 (Семинар)
Планирање, анализа, организација и реализација на работењето во писарница, преку управување со списите и актите во согласност со потребите на организацијата

14.02.2019 (Семинар)
Еднодневен семинар:DATA MINING КОНЦЕПТИ И ТЕХНИКИ КАКО ОСНОВА НА БИЗНИС АНАЛИЗА

19.02.2019 (Тренинг обука)
ОБУКА НА СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ

19.02.2019 (Тренинг обука)
Дводневна обука на тема:СТРАТЕГИСКО ПЛАНИРАЊЕ СО ПРИМЕНА НА SWOT МАТРИЦА И КАРТАТА НА ВРАМНОТЕЖЕНИ РЕЗУЛТАТИ (КВР)

21.02.2019 (Семинар)
Најнови измени на Законот за јавни набавки - НОВИ ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

26.02.2019 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ПРОИЗВОДСТВОТО

27.02.2019 (Тренинг обука)
ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА УСПЕШНОСТ ПРЕКУ ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА КОМУНИКАЦИЈА

03.03.2019 (Советување)
ГРАДЕЊЕ СИЛНИ ОРГАНИЗАЦИСКИ ТИМОВИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ПРЕДИЗВИЦИ НА РАБОТНОТО МЕСТО

11.04.2019 (Бизнис средби)
Mеѓународни деловни средби за стартап, мали и средни компании од Источна Европа во Диселдорф, Германија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

12.11.2018


Актуелно  

СТАВОВИ: INVESTINSEE.COM


Branko AzeskiБранко Азески, заменик-претседател на Коморскиот инвестициски Форум

kiflogoИнформацијата е од клучно значење за бизнисот. Можноста да се добијат точни информации и по брза постапка е од незаменливо значење за кој и да било  претприемач, од регионот на Западен Балкан или од кој било друг крај на светот. И токму од оваа идеја се водевме во Коморскиот инвестициски форум, кога минатата година одлучивме да почнеме да ја подготвуваме Регионалната инвестициска платформа.

Идејата беше да се направи своевидна централна точка од која ќе може да се добијат сите потребни информации поврзани со условите и поволностите за инвестирање, но и да се обезбедат одговори на конкретните прашања на бизнис заедницата заинтересирана за инвестирање во земјите од Западен Балкан, вклучувајќи база на податоци за макроекономските показатели, правната рамка, пазарот, финансиските и други стимулации, потенцијалните партнери и добавувачи, како и конкретни проекти во кои може да се инвестира.

Оваа идеја беше препознаена од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и поддржана во целост. Регионалната инвестициска платформа, како прв заеднички производ на Коморскиот инвестициски форум, ја промовиравме на Инвестицискиот самит за Западен Балкан, организиран од страна на ЕБОР, кој се одржа на 26 февруари 2018 година, во Лондон. На Самитот, пред шесте премиери од регионот, претставници од финансиски институции и водечки меѓународни компании, беше презентирана платформата и активностите кои Коморскиот инвестициски форум ги прави за промовирање на регионот како единствена дестинација за инвестиции и за започнување бизнис, но и за презентирање на предностите за воспоставување на заеднички регионален пазар.
 
Тоа што е особено важно е што платформата содржи Правна и даночна база на податоци, во која се содржани детални информации, кои може да се од интерес за инвеститорите кои сакаат да започнат активности во некоја од земјите од Западен Балкан – вклучувајќи ги, меѓу другото, прашањата за регистрација на трговско друштво, пазарот на капитал, јавните набавки, вработувањето, даночниот и царинскиот режим, визниот режим и обезбедувањето работни дозволи за странци, решавањето на споровите, правната рамка која се однесува за заштита на инвестициите.

KIF

Оваа алатка не е наменета само за странски инвеститори од трети земји, туку и за бизнисите кои работат во регионот, како и оние кои можеби се заинтересирани за интрарегионални вложувања. Затоа, следен пат кога ќе Ве интересира каква е даночната рамка во Албанија, или каква е процедурата и кои документи се потребни за регистрирање на трговско друштво во Србија, или можеби како може да се добие работна дозвола за странци во Црна Гора, посетете ја www.investinsee.com. Може да Ви понуди многу клучни информации на едно место.

 











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права