23.01.2019 (Семинар)
Еднодневен семинар: ИНТЕГРАЦИЈА НА МАРКЕТИНГ СТРАТЕГИЈАТА СО ОПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА КОМПАНИИТЕ

25.01.2019 (Семинар)
МАРКЕТИНГ ТРЕНДОВИ И АЛАТКИ ЗА 2019 ГОДИНА - КАКО ДА БИДЕТЕ ВО ЧЕКОР СО СВЕТСКИОТ НАПРЕДОК?

25.01.2019 (Повик)
LETTER OF INVITATION for all interested students, graduates etc., to obtain Internships in Macedonian SME’s, related to Activity V.3 “Developing specific custom industry projects in selected DSMEs”

29.01.2019 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ОПАСНИ МАТЕРИИ И ОПАСЕН ОТПАД, СОБИРАЊЕ И ОТСТРАНУВАЊЕ, СКЛАДИРАЊЕ И ДЕПОНИРАЊЕ, РЕЦИКЛИРАЊЕ, ГОРЕЊЕ, КРИТИЧКИ ТОЧКИ И „CASE STUDY“

29.01.2019 (Семинар)
Задолжителни елементи на договорот за вработување, можност за измена на договорот за вработување во делот на плата, работни задачи, забрана за работа на работодавачот, заштита од мобинг преку инспекциски надзор

30.01.2019 (Тренинг обука)
ОБУКА И РАЗВОЈ НА ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ –КРЕИРАЊЕ НА ДОДАДЕНА И УПОТРЕБЛИВА ВРЕДНОСТ ЗА ОРГАНИЗАЦИИТЕ

30.01.2019 (Семинар)
ПРИСТАП ДО ФИНАНСИИ, ВЕШТИНИ И ОРГАНИЗАЦИЈА – ПРЕДУСЛОВ ЗА УСПЕШНА КОМПАНИЈА

31.01.2019 (Семинар)
ТЕЛЕФОНСКА ПРОДАЖБА (TELESALES)

31.01.2019 (Семинар)
Најнови измени на Законот за јавни набавки - НОВИ ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

01.02.2019 (Семинар)
Планирање, анализа, организација и реализација на работењето во писарница, преку управување со списите и актите во согласност со потребите на организацијата

14.02.2019 (Семинар)
Еднодневен семинар:DATA MINING КОНЦЕПТИ И ТЕХНИКИ КАКО ОСНОВА НА БИЗНИС АНАЛИЗА

19.02.2019 (Тренинг обука)
ОБУКА НА СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ

19.02.2019 (Тренинг обука)
Дводневна обука на тема:СТРАТЕГИСКО ПЛАНИРАЊЕ СО ПРИМЕНА НА SWOT МАТРИЦА И КАРТАТА НА ВРАМНОТЕЖЕНИ РЕЗУЛТАТИ (КВР)

21.02.2019 (Семинар)
Најнови измени на Законот за јавни набавки - НОВИ ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

26.02.2019 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ПРОИЗВОДСТВОТО

27.02.2019 (Тренинг обука)
ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА УСПЕШНОСТ ПРЕКУ ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА КОМУНИКАЦИЈА

03.03.2019 (Советување)
ГРАДЕЊЕ СИЛНИ ОРГАНИЗАЦИСКИ ТИМОВИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ПРЕДИЗВИЦИ НА РАБОТНОТО МЕСТО

11.04.2019 (Бизнис средби)
Mеѓународни деловни средби за стартап, мали и средни компании од Источна Европа во Диселдорф, Германија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

10.12.2018


Ставови  

ПРЕКРШОЦИ, ПРИВАТИЗАЦИИ, ПЕРСПЕКТИВИ


http://www.mchamber.mk//upload/Branko1.jpgБранко Азески, заменик претседател на Коморскиот инвестициски Форум

И покрај тоа што не` разделуваат гранични премини, економските искуства во секоја од земјите од Западен Балкан, помалку или повеќе, се применливи во секоја од останатите држави во регионот. Регионалните економски односи, предизвиците и можностите, како и перспективите за унапредување на регионалната економска соработка помеѓу државите од Западен Балкан се исти, без оглед низ призмата на која држава се гледаат. Затоа, особено ми е драго кога ќе имам прилика да дискутирам со врвните познавачи на овие состојби – токму една таква личност ќе ни биде гостин во Стопанската комора на Македонија претстојнава недела.

Александар Влаховиќ, претседателот на Сојузот на економисти на Србија е еден од врвните економски аналитичари на овие простори. Веројатно најдобар приказ за неговото дејствување е успехот на Бизнис форумот на Копаоник, кој во изминатите 26 години успеа да стане најзначајниот бизнис-настан на овие простори и веќе одамна го носи називот Балкански Давос.

Бизнис форумот придонесе секоја година во првата недела на март, на неколку дена Копаоник да станува епицентарот на економските случувања на Балканот.  На едно место се обединуваат повеќе од 1.400 учесници, вклучувајќи истакнати професори, државни претставници, членови на дипломатскиот кор, стопанственици, домашни и странски инвеститори, како и претставници на меѓународните финансиски организации, кои дискутираат за најзначајните економски прашања во Србија, но и во регионот. Речиси секоја година делегација на Стопанската комора на Македонија, како и на сите комори од Коморскиот инвестициски форум се дел од тие случувања, и таму ќе бидеме и следната година.

Но, во дискусијата со господинот Влаховиќ ќе опфатиме и уште едно прашање што секогаш во домашната јавност предизвикува сериозно внимание – процесот на приватизацијата. Неговите излагања по овие прашања може да бидат прилично занимливи, имајќи предвид дека тој беше министер за стопанство и за приватизација во првата демократска Влада на Република Србија, предводена од Зоран Ѓинѓиќ,  од 2001 година до март 2004 година. За време на неговиот мандат биле подготвени и усвоени повеќе важни реформски закони, вклучувајќи го и Законот за приватизација, а во текот на неговиот мандат биле приватизирани повеќе од 1.300 компании. Процесот на приватизацијата во Србија беше спроведуван по сличен модел како македонскиот, но резултатите беа различни – или можеби не?

Затоа очекувам интересна дискусија на трибината – доколку времето Ви дозволува, во четврток 13 декември, трибината со Александар Влаховиќ во Стопанската комора на Македонија е настанот на кој треба да бидете!

П.С. Најавата за олабавувањето на казнената политика со новиот Закон за прекршоците треба гласно да биде поздравена од бизнисот – целта на системот е да се влијае корективно на субјектите, а не да се оди со репресивни мерки, кои по нив ќе имаат толку штетни ефекти, што ќе доведат до тоа субјектите да се одлучат да го затворат бизнисот.











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права