23.01.2019 (Семинар)
Еднодневен семинар: ИНТЕГРАЦИЈА НА МАРКЕТИНГ СТРАТЕГИЈАТА СО ОПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА КОМПАНИИТЕ

25.01.2019 (Семинар)
МАРКЕТИНГ ТРЕНДОВИ И АЛАТКИ ЗА 2019 ГОДИНА - КАКО ДА БИДЕТЕ ВО ЧЕКОР СО СВЕТСКИОТ НАПРЕДОК?

25.01.2019 (Повик)
LETTER OF INVITATION for all interested students, graduates etc., to obtain Internships in Macedonian SME’s, related to Activity V.3 “Developing specific custom industry projects in selected DSMEs”

29.01.2019 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ОПАСНИ МАТЕРИИ И ОПАСЕН ОТПАД, СОБИРАЊЕ И ОТСТРАНУВАЊЕ, СКЛАДИРАЊЕ И ДЕПОНИРАЊЕ, РЕЦИКЛИРАЊЕ, ГОРЕЊЕ, КРИТИЧКИ ТОЧКИ И „CASE STUDY“

29.01.2019 (Семинар)
Задолжителни елементи на договорот за вработување, можност за измена на договорот за вработување во делот на плата, работни задачи, забрана за работа на работодавачот, заштита од мобинг преку инспекциски надзор

30.01.2019 (Тренинг обука)
ОБУКА И РАЗВОЈ НА ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ –КРЕИРАЊЕ НА ДОДАДЕНА И УПОТРЕБЛИВА ВРЕДНОСТ ЗА ОРГАНИЗАЦИИТЕ

30.01.2019 (Семинар)
ПРИСТАП ДО ФИНАНСИИ, ВЕШТИНИ И ОРГАНИЗАЦИЈА – ПРЕДУСЛОВ ЗА УСПЕШНА КОМПАНИЈА

31.01.2019 (Семинар)
ТЕЛЕФОНСКА ПРОДАЖБА (TELESALES)

31.01.2019 (Семинар)
Најнови измени на Законот за јавни набавки - НОВИ ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

01.02.2019 (Семинар)
Планирање, анализа, организација и реализација на работењето во писарница, преку управување со списите и актите во согласност со потребите на организацијата

14.02.2019 (Семинар)
Еднодневен семинар:DATA MINING КОНЦЕПТИ И ТЕХНИКИ КАКО ОСНОВА НА БИЗНИС АНАЛИЗА

19.02.2019 (Тренинг обука)
ОБУКА НА СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ

19.02.2019 (Тренинг обука)
Дводневна обука на тема:СТРАТЕГИСКО ПЛАНИРАЊЕ СО ПРИМЕНА НА SWOT МАТРИЦА И КАРТАТА НА ВРАМНОТЕЖЕНИ РЕЗУЛТАТИ (КВР)

21.02.2019 (Семинар)
Најнови измени на Законот за јавни набавки - НОВИ ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

26.02.2019 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ПРОИЗВОДСТВОТО

27.02.2019 (Тренинг обука)
ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА УСПЕШНОСТ ПРЕКУ ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА КОМУНИКАЦИЈА

03.03.2019 (Советување)
ГРАДЕЊЕ СИЛНИ ОРГАНИЗАЦИСКИ ТИМОВИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ПРЕДИЗВИЦИ НА РАБОТНОТО МЕСТО

11.04.2019 (Бизнис средби)
Mеѓународни деловни средби за стартап, мали и средни компании од Источна Европа во Диселдорф, Германија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

24.07.2018


Ставови  

АВТОМАТИЗАЦИЈА И МОДЕРНИЗАЦИЈА, ЗА ПРЕНАМЕНА ОД “ЛОН” ВО КЛАСИЧНО ПРОИЗВОДСТВО И ФОРМИРАЊЕ СОПСТВЕН БРЕНД ВО ТЕКСТИЛНАТА ИНДУСТРИЈА


Текстилната индустрија претставува една од водечките преработувачки идустрии во земјава со значителни резултати во формирањето на БДП, високото апсорбирање на работна сила и извозот. За разлика од другите стопански дејности, во оваа област релативно повеќе дојдоа до израз претприемачките иницијативи на стопанствениците, остварени се повеќе деловни врски со странски партнери, што претставува основа за натамошен развој.

Процесот на глобализацијата, се поголемото вклучување во меѓународната економија, поставуваат голем број на предизвици пред текстилната индустрија како за националната економија така и за земјата во целина. Трудоинтензивниот карактер и можностите што ги дава за порамномерен регионален развој се карактеристики на оваа индустрија. Со самиот процес на преструктуирање на оваа гранка во развиените земји на Европската Унија и на селење на дел од нивното производство но други земји поволно се одрази и на Република Македонија со што се почувствува зголемена побарувачка и поповолни услови за „Лон”  аранжманите. 

За развојните можности на текстилната индустрија големо значење има и добрата макроекономска политика во врска со стабилноста и условите на стопанисување. Се поголемата либерализација во условите на стопанисување и се послободното дејствување на пазарните законитости придонесуваат за отвореност на економијата, за поголема достапност на странските пазари и за подобрување на конкурентноста на текстилната индустрија.

Основната цел на стратегијата за развој на Текстилната индустрија беше придвижуање од „Лон”  кон производство со повисока додадена вредност. Анализите кои се прават укажуваат дека купувачите постепено ќе го напуштаат „Лон”  моделот на производство и ќе бараат чист извоз, а понатаму и производ со вклучен дизајн. Во мооментот 90% од извозот е на база на „Лон”  производство и фактот дека се поголем број на нови купувачи бараат чист извоз, укажува на тоа дека компаниите ќе мора постепено да се прилагодуваат на овој модел кој бара инвестиции во неколу области, почнувајки од човечки ресурси, нивна едукација, потоа модернизација на производниот процес (квалитетна организација на производството), па се до обезбедување средства за набавка на основен и помошен материјал.

Субвенционирање на ова придвижување, посебно во делот на преоѓањето од „Лон”  производство кон чист извоз во голема мера ќе влијае врз опстанокот на овој сектор во Македонија. Самиот факт дека странските купувачи, ќе инсистираат на еден ваков пресврт укажува на важноста на овие промени, а текстилниот сектор мора да се прилагодува на барањата на пазарот и поради тоа потребна е поддршка која ќе овозможи премин од „Лон” кон чист извоз, во прво време на сопствен производ со туѓа марка, за да после здобивањето со вакво искуство преминеме и во производство на сопствен брендиран производ.

Имено, Република Македонија во однос на земјите во окружувањето има помала продуктивност што се должи на недоволната автоматизација на производниот процес и ова ќе предизвика миграција на странските клиенти во соседните земји кои се повеќе ја зајакнуваат својата конкурентноста (на пример, Бугарија, со високата автоматизација во производните капацитети, реализирана со поддршка на нивата Влада и со поддршка на ЕУ фондовите ја прави повеќе конкурентна во однос на Македонија, а  Албанија која не е членка на ЕУ и која беше многу поназад во развојот на текстилната индустрија, сега поддржана од нивната Влада со огромни чекори се движи напред). Со цел да бидеме конкурентни во однос на опкружувањето, македонската текстилна индустрија мора да  направи вложувања во автоматизација на производните процеси, а со тоа подобрување на квалитетот и обезбедување на поголема продуктивност од страна на текстилните компании.

Текстилците алармираат на државна поддршка на секторот во смисла на поволни кредитни линии, субвенции, обезбедувања преку користење на гарантни фондови, со цел  пренамена од „Лон” – производство во класично производство т.е формирање на сопствен бренд кој ќе биде наменет за извоз, која беше една од основните цели на Стратегијата за развој на текстилната индустрија.

Оттука, во услови на веќе воспоставена поддршка преку пакетот мерки за економски раст на Владата, пред се преку мерките од третиот столб од Фондот за иновации и технолошки развој, текстилните компании ќе треба да ј препознаат можноста за инвестиции во производствените процеси со цел автоматизација и модернизација на опремата наменета за производство.

Сашо Деспотоски
Стопанска комора на Македонија











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права