23.01.2019 (Семинар)
Еднодневен семинар: ИНТЕГРАЦИЈА НА МАРКЕТИНГ СТРАТЕГИЈАТА СО ОПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА КОМПАНИИТЕ

25.01.2019 (Семинар)
МАРКЕТИНГ ТРЕНДОВИ И АЛАТКИ ЗА 2019 ГОДИНА - КАКО ДА БИДЕТЕ ВО ЧЕКОР СО СВЕТСКИОТ НАПРЕДОК?

25.01.2019 (Повик)
LETTER OF INVITATION for all interested students, graduates etc., to obtain Internships in Macedonian SME’s, related to Activity V.3 “Developing specific custom industry projects in selected DSMEs”

29.01.2019 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ОПАСНИ МАТЕРИИ И ОПАСЕН ОТПАД, СОБИРАЊЕ И ОТСТРАНУВАЊЕ, СКЛАДИРАЊЕ И ДЕПОНИРАЊЕ, РЕЦИКЛИРАЊЕ, ГОРЕЊЕ, КРИТИЧКИ ТОЧКИ И „CASE STUDY“

29.01.2019 (Семинар)
Задолжителни елементи на договорот за вработување, можност за измена на договорот за вработување во делот на плата, работни задачи, забрана за работа на работодавачот, заштита од мобинг преку инспекциски надзор

30.01.2019 (Тренинг обука)
ОБУКА И РАЗВОЈ НА ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ –КРЕИРАЊЕ НА ДОДАДЕНА И УПОТРЕБЛИВА ВРЕДНОСТ ЗА ОРГАНИЗАЦИИТЕ

30.01.2019 (Семинар)
ПРИСТАП ДО ФИНАНСИИ, ВЕШТИНИ И ОРГАНИЗАЦИЈА – ПРЕДУСЛОВ ЗА УСПЕШНА КОМПАНИЈА

31.01.2019 (Семинар)
ТЕЛЕФОНСКА ПРОДАЖБА (TELESALES)

31.01.2019 (Семинар)
Најнови измени на Законот за јавни набавки - НОВИ ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

01.02.2019 (Семинар)
Планирање, анализа, организација и реализација на работењето во писарница, преку управување со списите и актите во согласност со потребите на организацијата

14.02.2019 (Семинар)
Еднодневен семинар:DATA MINING КОНЦЕПТИ И ТЕХНИКИ КАКО ОСНОВА НА БИЗНИС АНАЛИЗА

19.02.2019 (Тренинг обука)
ОБУКА НА СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ

19.02.2019 (Тренинг обука)
Дводневна обука на тема:СТРАТЕГИСКО ПЛАНИРАЊЕ СО ПРИМЕНА НА SWOT МАТРИЦА И КАРТАТА НА ВРАМНОТЕЖЕНИ РЕЗУЛТАТИ (КВР)

21.02.2019 (Семинар)
Најнови измени на Законот за јавни набавки - НОВИ ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

26.02.2019 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ПРОИЗВОДСТВОТО

27.02.2019 (Тренинг обука)
ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА УСПЕШНОСТ ПРЕКУ ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА КОМУНИКАЦИЈА

03.03.2019 (Советување)
ГРАДЕЊЕ СИЛНИ ОРГАНИЗАЦИСКИ ТИМОВИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ПРЕДИЗВИЦИ НА РАБОТНОТО МЕСТО

11.04.2019 (Бизнис средби)
Mеѓународни деловни средби за стартап, мали и средни компании од Источна Европа во Диселдорф, Германија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

27.08.2018


Ставови  

ГС1- ГЛОБАЛЕН ЈАЗИК НА БИЗНИСОТ


Бранко Азески, претседател
Стопанска комора на Македонија

Ако некогаш сте го забележале 13-цифрениот код кој започнува со броевите 531 на шишето вода кое го пиете или на било кој друг производ од секојдневната потрошувачка, веројатно не сте ни знаеле дека станува збор за стандардот GS1, и дека токму тој код 531 означува дека станува збор за македонски производ. Впрочем, GS1 системот на стандарди се развива во над 1 милион компании од целиот свет, во 25 различни сектори, а и Македонија е дел од овие процеси преку GS1 Mакедонија.
 
Имплементирањето на GS1 стандардите започна во Стопанската комора на Македонија уште во 1994 година, а Алкалоид АД Скопје беше првата компанија членка на GS1 Mакедонија. Денес, во GS1 Македонија членуваат 1.250 компании, од кои преку 20 % се македонски извозно ориентирани бренд компании. Од вкупниот број 83% се производители (најмногу од прехранбениот сектор), 5% од трговијата и 5% од секторот здравство.

Визијата и мисијата на која се темели работењето на GS1 заедницата, вклучувајќи ја и GS1 Mакедонија, е да создаде заедничка основа за бизнисот преку уникатно идентификување (со баркодирање), точен пренос и автоматско споделување на виталните информации за производите, лoкациите и средствата. На тој начин се овозможува зголемена видливост на производите низ дистрибутивниот синџир преку размена на автентични и квалитетни, точни податоци и се овозможува акцелерација на трговската размена низ целиот свет: Со имплементација на GS1 системот се создава моќна и неутрална платформа која овозможува пред сé јакнење на довербата меѓу самите компании, овозможува јакнење на довербата на крајните потрошувачи, но и на државните институции кон компаниите.

Затоа, македонската економија мора да ги следи трендовите на создавањето на глобалниот јазик на бизнисот – од тој процес придобивки ќе имаат не само компаниите, туку и потрошувачите кон кои се насочени овие производи. Од една страна, GS1  системот овозможува уникатна идентификација на производи и услуги, со што се овозможува комплетна следливост и видливост во реално време на производите низ дистрибутивниот синџир, автоматизација на процеси што придонесува за брз и точен пренос на податоци, намалување на трошоците,  комплетен увид и контрола на залихите, како и можност хартиените документи да се заменат со електронски, што значително влијае за унапредувањето на продуктивноста на компаниите. Истовремено, благодарение на развојот на мобилната технологијата, преку интернет и smartphone апликациите се овозможува само со скенирање на бар кодовите на производите да се пристапи до одредени портали со комплетни податоци за производите, и потрошувачот може целосно да биде информиран во реално време.

П.с. На 28-ми август традиционално се одбележува Денот на рударите. Секторот рударство и вадење камен учествува со приближно 9% во структурата на индустриското производство, и приближно 1,3% во создавањето на националниот БДП. При тоа во овој сектор работат околу 540 компании, во кои, заедно со придружните дејности, вработени се повеќе од 11.000 лица.  Нека им е честит Денот на рударите, и посебна благодарност до г-дин Николајчо Николов, претседателот на Македонската асоцијација на рударството, за посветениот ангажман во коморското работење и унапредувањето на состојбите во овој сектор!











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права