23.01.2019 (Семинар)
Еднодневен семинар: ИНТЕГРАЦИЈА НА МАРКЕТИНГ СТРАТЕГИЈАТА СО ОПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА КОМПАНИИТЕ

25.01.2019 (Семинар)
МАРКЕТИНГ ТРЕНДОВИ И АЛАТКИ ЗА 2019 ГОДИНА - КАКО ДА БИДЕТЕ ВО ЧЕКОР СО СВЕТСКИОТ НАПРЕДОК?

25.01.2019 (Повик)
LETTER OF INVITATION for all interested students, graduates etc., to obtain Internships in Macedonian SME’s, related to Activity V.3 “Developing specific custom industry projects in selected DSMEs”

29.01.2019 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ОПАСНИ МАТЕРИИ И ОПАСЕН ОТПАД, СОБИРАЊЕ И ОТСТРАНУВАЊЕ, СКЛАДИРАЊЕ И ДЕПОНИРАЊЕ, РЕЦИКЛИРАЊЕ, ГОРЕЊЕ, КРИТИЧКИ ТОЧКИ И „CASE STUDY“

29.01.2019 (Семинар)
Задолжителни елементи на договорот за вработување, можност за измена на договорот за вработување во делот на плата, работни задачи, забрана за работа на работодавачот, заштита од мобинг преку инспекциски надзор

30.01.2019 (Тренинг обука)
ОБУКА И РАЗВОЈ НА ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ –КРЕИРАЊЕ НА ДОДАДЕНА И УПОТРЕБЛИВА ВРЕДНОСТ ЗА ОРГАНИЗАЦИИТЕ

30.01.2019 (Семинар)
ПРИСТАП ДО ФИНАНСИИ, ВЕШТИНИ И ОРГАНИЗАЦИЈА – ПРЕДУСЛОВ ЗА УСПЕШНА КОМПАНИЈА

31.01.2019 (Семинар)
ТЕЛЕФОНСКА ПРОДАЖБА (TELESALES)

31.01.2019 (Семинар)
Најнови измени на Законот за јавни набавки - НОВИ ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

01.02.2019 (Семинар)
Планирање, анализа, организација и реализација на работењето во писарница, преку управување со списите и актите во согласност со потребите на организацијата

14.02.2019 (Семинар)
Еднодневен семинар:DATA MINING КОНЦЕПТИ И ТЕХНИКИ КАКО ОСНОВА НА БИЗНИС АНАЛИЗА

19.02.2019 (Тренинг обука)
ОБУКА НА СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ

19.02.2019 (Тренинг обука)
Дводневна обука на тема:СТРАТЕГИСКО ПЛАНИРАЊЕ СО ПРИМЕНА НА SWOT МАТРИЦА И КАРТАТА НА ВРАМНОТЕЖЕНИ РЕЗУЛТАТИ (КВР)

21.02.2019 (Семинар)
Најнови измени на Законот за јавни набавки - НОВИ ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

26.02.2019 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ПРОИЗВОДСТВОТО

27.02.2019 (Тренинг обука)
ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА УСПЕШНОСТ ПРЕКУ ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА КОМУНИКАЦИЈА

03.03.2019 (Советување)
ГРАДЕЊЕ СИЛНИ ОРГАНИЗАЦИСКИ ТИМОВИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ПРЕДИЗВИЦИ НА РАБОТНОТО МЕСТО

11.04.2019 (Бизнис средби)
Mеѓународни деловни средби за стартап, мали и средни компании од Источна Европа во Диселдорф, Германија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

26.11.2018


Ставови  

Мој ства: УЧИ МЕ МАЈКО, КАРАЈ МЕ ...


http://www.mchamber.mk//upload/Branko1.jpgБранко Азески, заменик-претседател на Коморскиот инвестициски форум

Образованието е една од клучните алки на долг рок да се креира адекватен образовен профил кој со своите знаења и вештини ќе знае да одговори на пазарните потреби и ќе биде во можност да креира дополнителна вредност. Само на тој начин, преку креирање на општество базирано на знаење ќе се придонесе за континуиран раст и развој – колку ќе вложиме, толку ќе ни се врати. Пазарот на труд во сите земји од регионот на Западен Балкан моментално бележи неколку заеднички проблеми - висока стапка на невработеност кај младите, висока стапка на неформално вработување и неусогласеност меѓу системот на стручно образование и потребите на пазарот на трудот.

На нивото на сите држави од Западен Балкан, стапката на активност на работоспособното население е релативно ниска во изминатата деценија (стапката на неактивност достигнува нивоа од 40%, што е значително повисоко од нивоата во Европската унија), што пред сé се должи на ниската стапка на активност на жените, на младите лица и на лицата со ниски образовни квалификации. Процентот на лица кои се надвор од пазарот на трудот е особено висок во Косово (61,8%) и Босна и Херцеговина (45,4%), додека во Македонија таа бројка достигнува до 36%, при што особено е висока стапката на неактивност на младите лица. Всушност, податоците покажуваат дека младите лица се соочуваат со многу долг период на транзиција од училиште на работа – во просек, за да може младо лице да стигне до своето прво вработување потребни се 21 месец во Црна Гора, 24 месеци во Србија, односно 25 месеци во Македонија. Овие бројки покажуваат само едно – дека образовниот систем не продуцира кадри кои ќе можат веднаш да бидат вклучени во работните процеси, односно дека се` уште постои голем диспаритет помеѓу квалификациите кои се стекнуваат во рамките на образовниот процес и потребите на пазарот. Образованието мора да ја смени својата улога од учење факти и теорија кон развивање вештини што може да се применат на различни работни места.

Регионалните предизвици бараат регионални одговори – затоа во Коморскиот инвестициски форум во идниот период ќе ги интензивираме активностите во насока на справување со проблемите со работната сила со кои се соочува стопанството. Со поддршка на германската Влада, ќе започнеме со реализација на регионална програма која има за цел да се инвестира во опрема за спроведување практична настава, од кој бенефит ќе имаат училиштата, тренинг провајдерите и компаниите. Програмата ќе има за цел подобрување на состојбите со вработувањето на младите луѓе, зацврстување на системот на дуално образование согласно потребите на пазарот на трудот, но и зацврстување на соработката меѓу средните стручни училишта и приватните компании, преку создавање партнерства.

П.С. Во текот на неделава, преку проектот „Партнерство за подобра бизнис регулатива“ кој се имплементира со поддршка на УСАИД, четирите комори во државата ќе упатиме реакција на околноста што Предлог-законот за личен доход ќе се усвојува по скратена постапка, особено имајќи предвид дека роковите за поднесување коментари на засегнатите страни на ЕНЕР сé уште течат - тоа не е одлика на партнерски однос помеѓу јавниот и приватниот сектор, каков што се стремиме (и јавно се залагаме) да воспоставиме.











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права