23.01.2018 (Семинар)
РОКОВИ ЗА ЗАКОНСКИ ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС, ОТКАЗНИ РОКОВИ, ОСНОВИ ЗА ЗАКОНСКИ ПРЕКИН НА РАБОТНИОТ ОДНОС, НЕОСНОВАНИ ПРИЧИНИ ЗА ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС

24.01.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби „Facade 2018 Match Event“, Ротердам, Холандија

25.01.2018 (Семинар)
МЕТОДИ И ТЕХНИКИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КОРПОРАЦИСКИОТ (КОМПАНИСКИОТ) РИЗИК И ОРГАНИЗИРАЊЕ / ВОСПОСТАВУВАЊЕ АРХИТЕКТУРА НЕОПХОДНА ЗА ОДРЖУВАЊЕ ФУНКЦИОНАЛЕН СИСТЕМ

26.01.2018 (Советување)
Советување на тема:ЈАВНИ НАБАВКИ, ПРЕДЛОЗИ, НОВИНИ И ИДНИ ИЗМЕНИ (e-жалба, е-архива, е-маркет и е-каталози)

30.01.2018 (Семинар)
ВОВЕДУВАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО КОНТРОЛНИТЕ ПРИСТАПИ НА ИТ-СИСТЕМИТЕ

30.01.2018 (Презентација)
БЕСПЛАТНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ТЕМА:ПРОЕКТИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ И НАМАЛУВАЊЕ НА ОПЕРАТИВНИТЕ ТРОШОЦИ ПО МОДЕЛОТ НА „ESCO“-30.01.2018

31.01.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС-СРЕДБИ „ЕУ-СРБИЈА 2018"

01.02.2018 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

09.02.2018 (Семинар)
CONTENT MARKETING – КАКО ДА ГО ДОБИЕТЕ НАЈДОБРОТО ОД ДИГИТАЛНАТА КОМУНИКАЦИЈА?

14.02.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:АНАЛИЗА НА РЕГРЕСНИТЕ ПОБАРУВАЊА-ЗАКОНСКИТЕ РЕШЕНИЈА НАСПРОТИ СУДСКАТА ПРАКСА

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

22.12.2017


Актуелно  

Македонска асоцијација на рударството (МАР) - НЕОПХОДНА Е СТРУЧНА РАСПРАВА ЗА РУДАРСТВОTO ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА ВЛАДАТА


Македонската асоцијација на рударството (МАР), на седницата што се одржа на 21.12.2017 година, расправаше за актуелните состојби во рударството. На седницата присуствуваа и претставници од Кабинетот на заменикот на  претседателот на Владата задолжен за економски прашања и за координација со   економските ресори и од Министерството за економија, додека претставниците од невладиниот сектор не дојдоа на оваа седница.

 

Во обемната дискусија беше нагласено дека, подолго време, од страна на невладини организации во јавноста се презентираат неточни и паушални информации и податоци околу работењето на рудниците во Македонија, а со тоа се создава и забуна кај населението, посебно во југоисточниот дел на државата. 

Концесиите било за геолошки истражувања, било за експлоатација на минерални суровини се издадени согласно сите позитивни законски прописи во нашата земја. До сега се издадени 376 концесии за експлоатација на минерални суровини, од кои 306 се за неметалични, 15 за металични минерални суровини, 47 за води и 6 за јаглен. Исто така, доделени се и 34 концесии за детални геолошки истражувања, од кои 13 се за металични, 15 за неметалични минерални суровини и по 3 за јаглен и за води. Како концесионери се јавуваат и странски инвеститори, а реакцијата од страна на невладините организации, праќа лоша порака за нашата земја.

Во дискусијата беше нагласено дека во активните рудници, („Бучим“, „Саса“, „Тораница“ и „Злетово“), нема професионални заболени вработени, што претставува и еден од аргументите дека рудниците не се, како што ги нарекуваат невладините организации, „рудници на смртта“. Исто така, мерењата што ги прави „Бучим“ за ПМ10 честичките се по 10 мерни единици. 

Поголема дискусија се отвори зошто концесионерите се инертни и не настапуваат „поагресивно“ како и претставниците на невладините организации. Почитувањето на сите законски решенија, исполнувањето на сите критериуми за добивање на позитивни мислења и ревизии за рестартирање или отворање на нови рудници, примената на нови технологии, како во експлоатацијата, така и во преработката на рудата, се аргументи за работењето на рудниците и за натамошниот развој на рударството. 

Немањето стратегија за минералните суровини, за која Македонската асоцијација на рударството (МАР) подолго време реагира, сигурно е и една од причините што придонесе за презентирање на паушални и неточни информации  во јавноста околу минералните суровини и развојот на рударството. 

За таа цел, на седницата се заклучи да се побара од Владата на РМ, да се организира средба, на која ќе бидат поканети експерти од областа на екологијата, рударството, од преработката на рудите, концесионери, како и претставници од невладиниот сектор, каде што детално со аргументи за и против ќе се разговара за рударството во нашата земја. Исто така, се заклучи Македонската асоцијација на рударството (МАР), да започне во јавноста да настапува поорганизирано и поагресивно, се’ со цел да се презентираат податоци и информации за влијанието на рударството врз животната средина, врз економскиот развој на општините и на земјата.

Марија Петроска











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права