23.05.2017 (Семинар)
ПРАКТИЧНА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ НАСПРОТИ ДЕТЕКТИРАНИТЕ ПОВРЕДИ ПРИ ИНСПЕКЦИСКИОТ НАДЗОР

25.05.2017 (Тренинг обука)
Советување на тема: Антистрес тренинг за ефикасно управување со стрес на работното место (стрес менаџмент стратегии и техники)

29.05.2017 (Семинар)
ВИДОВИ ДОКАЗИ СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ПАРНИЧНАТА ПОСТАПКА

30.05.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПРОДУКТИВНОСТА НА ВРАБОТЕНИТЕ

30.05.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема: Водење на е-деловодник и негово усогласување со рачно водење на деловодник имплементирајќи ги најновите измени на Законот за архивски материјал

31.05.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар: RBT-RISK BASED THINKING - УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИК ВО ОРГАНИЗАЦИИТЕ ВРЗ ОСНОВА НА АНАЛИЗИ/РАЗМИСЛУВАЊА ЗА МОЖНИ РИЗИЦИ

31.05.2017 (Семинар)
MUSIC & MANAGEMENT - Live Piano performance -

01.06.2017 (Семинар)
АНАЛИЗА НА СТРЕСОГЕНИТЕ ФАКТОРИ ПОВРЗАНИ СО РАБОТАТА И СИНДРОМОТ НА СОГОРУВАЊЕ И ПЛАНИРАЊЕ И ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ОРГАНИЗАЦИСКИ ИНТЕРВЕНЦИИ

06.06.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар: ФИНАНСИСКА АНАЛИЗА СО ПРИМЕНА НА EXCEL

06.06.2017 (Саем)
7. МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ЕНЕРГЕТИКА „ЕНЕРГА 2017“ - 6 - 8.06.2017 Сараево, БиХ

07.06.2017 (Тренинг обука)
Тренинг-програма со WIFI:МЕЃУНАРОДЕН МАРКЕТИНГ-МЕНАЏМЕНТ ЗА ПРОМОЦИЈА И НАСТАП НА АВСТРИСКИОТ ПАЗАР

19.09.2017 (Конгрес)
10. Светски Коморски Конгрес - 19-21.09.2017 Сиднеј, Австралија

01.11.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „Ready2GO" во САД, Канада, Чиле, Камерун и Индија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

15.05.2017


Актуелно  

МАКЕДОНСКО-БРИТАНСКИ БИЗНИС ФОРУМ - Можности за продлабочување на економската соработка меѓу двете земји


На 15 мај 2017 година во Стопанската комора на Македонија се одржа Бизнис форум, со билатерални деловни средби меѓу компании од Велика Британија и од Република Македонија. На настанот беа присутни претставници на 23 британски компании кои што остварија деловни средби со 40-тина македонски бизнисмени од областа на туризмот, хотелиерството и угостителството, банкарство и финансии, консултантски услуги, развој  и управување со недвижности и имот и др.

Настанот го отвори Антони Пешев, претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македонија, кој што како домаќин им се заблагодари на присутните за искажаниот интерес и воедно додаде дека денешниов настан претставува значаен импулс во унапредувањето на стопанската соработка меѓу Македонија и Велика Британија и дека ова е можност за подобро меѓусебно запознавање како услов за натамошен развој на соработката.

- И двете земји имаат одлични пријателски врски и треба објективно да се согледаат можностите за деловна соработка како во делот на трансфер на нови технологии, инфраструктурата, енергетиката, така и во размената на производи со вклучување на успешни практични и иновативни решенија. Целта на денешниот Бизнис форум е македонските компании и институции да се запознаат со можностите за развој на економската соработка со Велика Британија, да се согледаат потенцијалите за нејзино интензивирање и развивање, што во иднина треба да резултира и со зголемен обем на надворешно-трговската размена, - додаде Пешев.

- Ми причинува особено задоволство да бидам дел од овој настан каде што средбите меѓу бизнис заедницата на Велика Британија и Македонија ќе придонесат за зацврстување и продлабочување на веќе одлично воспоставената економска соработка меѓу двете земји. Се надевам дека водени од примерот на „Џонсон Мети“, „Комфи Ангел“, „Ендава“ и други компании коишто веќе инвестираа во Македонија, бизнисмените присутни на денешниот настан ќе успеат да најдат соодветни партнери и решенија за понатамошна соработка, - додаде амбасадорот на Велика Британија во Република Македонија, Н.Е. Чарлс Гарет.

Претседателот на Стопанската комора на Јужен Лондон Џери Мекдона,  во своето обраќање изрази благодарност до Стопанската комора на Македонија за организирање на денешниот настан, како и до македонските компании за искажаниот интерес за средби со претставниците од Велика Британија. - Се надевам дека денешните билатерални средби ќе резултираат со успешна идна бизнис соработка и ќе претставуваат чекор кон градење на пријателски односи, - додаде Мекдона.

Во рамките на Бизнис форумот беше потпишан и Меморандум за соработка меѓу Стопанската комора на Македонија и Стопанската комора на Јужен Лондон со цел да се  олесни поврзувањето на македонските и британските компании и да се воспостават  директни бизнис контакти кои ќе прераснат во трајни партнерства.

По завршувањето на официјалниот дел беа организирани и индивидуални деловни  средби меѓу стопанствениците од Велика Британија и од Македонија.

Вкупната трговска размена на Република Македонија со Велика Британија во периодот јануари - март  2017 година достигна вредност од 192,1  милиони САД$, што претставува раст од 4,47% во однос на истиот период од претходната година.

При тоа, остварен е извоз во вредност од 19,4 милиони САД$ или зголемување од 24,93%, додека увозното салдо изнесува 172,7 милиони САД$ или зголемување од 2,78 % споредено со истиот период од 2014 година.

Евидентиран е негативен биланс на страна на Република Македонија во трговското салдо од 153 милиони САД$.

Велика Британија е втор трговски партнер на Република Македонија во периодот јануари - март 2017  година, како и во истиот период од 2016 година.

м-р Сања Николова











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права