ОДГОВОРНОСТ ЗА НЕИСПРАВНИТЕ ЛИФТОВИ ШТО СЕ ВО ФУНКЦИЈА!

   

АКТУЕЛНО / 16.01.2020
👁 Прочитано: 146


ОДГОВОРНОСТ ЗА НЕИСПРАВНИТЕ ЛИФТОВИ ШТО СЕ ВО ФУНКЦИЈА!

Во Стопанската комора на Македонија на иницијатива на повеќе засегнати страни се одржа состанок со директорот на Државниот инспекторат за техничка инспекција.
На работниот состанок се разговараше за начините како да се дефинира  одговорноста за ставање на лифтовите надвор од употреба кога ќе се констатира техничка неисправност.

Лиценцираните управители што ги менаџираат влезовите во станбените згради,  членки на Комората од секторот домување, претставници на Здружението на лифтови и претставници на надлежни државни институции разговараа за начините како и кај кого да се регулира одговорноста во услови кога со задолжителен технички преглед се констатира неисправност на лифтовите. 
Во таа насока, од Здружението на лифтови беше презентирано дека оваа обврска ќе биде подетално регулирана откако ќе се усвои новиот Закон за безбедност на производите, согласно кој ќе следува и обврска за изработка нови правилници каде ќе се лоцира и одговорноста. Во меѓувреме, решение ќе се бара во дефинирање процедура како да се заокружи целата постапка. 

Лиценцираните управители кои ги управуваат влезовите на станбените згради во име и за сметка на сопствениците се соочуваат со реален проблем што кога ќе се констатира со записник техничка неисправност на лифтот нема задолжување кој треба истиот да го стави надвор од употреба. Дотолку повеќе што ако станарите не се подготвени за инвестирање и надминување на неисправноста кај лифтовите и кога самите посегнуваат да го стават лифтот во употреба никој не сноси одговорност, а прстот се покажува кон лиценцираните управители неосновано бидејќи тие немаат никаква сопственост над овој дел од заедничките простории на зградите, чии сопственици се станарите.

Даниела Михајловска Василевска