ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Фељтон: ИДНИ НАСОКИ ЗА РАЗВОЈ НА АГРОСЕКТОРОТ
17.06.2019 👁 Прочитано: 1303

ИДНИ НАСОКИ ЗА РАЗВОЈ НА АГРОСЕКТОРОТ - прв дел



Субвенциите не го постигнаа посакуваниот ефектВаско Ристовски, самостоен советник во Стопанската комора на Македонија

По објавување на општата информација за идните насоки за развој на агросекторот, од денеска во наредните три недели Стопанската комора на Македонија ќе го презентира материјалот изработен од страна на стручната служба на Комората, кој беше разгледан и на седницата на Здружението на земјоделството и прехранбената индустрија.

Преку презентирање на материјалот во неколку целини ќе се укаже на слабостите на досегашната политика и воедно ќе се даде насока каде да се движи агросекторот во иднина со цел навремено и успешно негово преструктурирање.

Зачувување на диверзитетот на растителни генетски ресурси

Семето е основата на животот за обезбедување генетска разновидност, обезбедување на висококвалитетен семенски материјал кој е отпорен на болести и штетници, обебедување сигурен извор на храна за сегашни и идни генерации, егзистенција на млади фармери (мали бизниси во руралните средини) и сигирни количини на семе за репродукција, независност и конкурентност на пазарот.

Приоритет: Воспоставување правила на игра меѓу засегнатите страни, развивање соработка меѓу институции (државни и приватни), вклучување на академскиот кадар во изноѓањето решенија за одржување на постоечиот генетски материјал како и прибирање и размножување на загрозените видови растенија. Спроведување активности за одржување и размножување на растителните видови преку обучување на локалното население за заштита и одржливост на биолошката разновидност.

Резултати: Јакнење на македонскиот генетски фонд (централна ГЕН банка), изигнување на свеста за значењето за македонската економија од расположливост со сопствен семенски материјал (автохтони сорти), промовирање на генетскиот потенцијал, искористување на истиот во селекцијата (подобрување на квалитетот и отпорноста на нови сорти и хибриди), овозможување регистрација и овластување на лаборатории за чување и одржување на референтни примероци семе (како на државни така и на приватни), зголемување на бројот на вработен компетен високостручен кадар, конкурентност на пазарот, економски бенефит од трговија, увоз и извоз на семенски и саден материјал за земјоделски растенија, земјоделски производи и нивни преработки. За спроведување на овие активности (едукација, субвенционирање, промоција) неопходно е анимирање на локалното (земјоделско и неземјоделско) население кое е најголемиот банкар на семиња на различни култури во нашата земја (градинарски, индустриски, житни...), високообразовни институции (ФЗНХ, ПМФ... Земјоделски институти, Институт за тутун, МЗШВ-управа за семе и саден материјал итн.), поддршка од страна на релевантни компании кои вршат откуп, преработка и продажба на земјоделски производи и приватни семенски куќи.

Агроеколошки мерки

Глобалните климатски промени, поточно нивното влијание врз живиот свет претставуваат голема закана во сите сфери на живеење, а посебно е критично земјоделското производство. Климатските промени директно влијаат врз метеоролошките, хидролошките, почвените и еколошките услови, и се она што претставува активност во земјоделското производство, кое од друга страна се исто така еден од главните виновници за се поголемото негативно влијание врз екосистемот. Пореметувањето на овие услови, влијае врз очекуваните приноси, квалитетот на производите како и врз процесите на производство.

Приоритет : Затоа важно е да се подигне свеста кај земјоделците, со нивна соодветна едукација за можните ризици од една страна, и можностите за адаптирање на земјоделските активности со користење на современи технологии на производство, следење на метеоролошките услови (суша, мраз,слана, поплава, град…), водење на база на податоци на ниво на фарма и преку превземање на конкретни мерки и активности за справување. Веќе подолг период ние сме сведоци на се почестите и значајни временски непогоди кои прават длабоки рани на македонското земјоделство. Со цел прилагодување на начините на производство, како обезбедување на оптимални приноси од страна на домашните земјоделци, неоходно е имплементирање на технолошки напредни процеси на производство со кои од една страна ќе се олесни работата на луѓето, а од друга страна ќе се обезбеди сигурен принос и квалитет. Овде е неоходно да се поттикне интересот кај откупните и преработувачки претпријатија, чиј интерес е да се вклучат во овие активности и ги поттикнат производителите кон инвестирање во истите.

Резултати : Овде само ќе споменеме некои, во светот долги години веќе присутни и докажани во праксата: интегрална заштита во растителното производство, нешто што долги години е модел во Европските земји со високоразвиено земјоделство (се обезбедува целосна контрола и минимална апликација на хемиски препарати за заштита) користењето контејнерски систем на прозводство на тутунски расад, на отворено и во заштитен простор (ако сакаме македонскиот тутун да го задржи приматот што го има на странските пазари единстве начин е современо производство на тутун, стабилен принос и квалитет), користење на гранулиран семенски материјал кој е далеку попрактичен и исплатлив за државата (се користи точно определено количество на семе согласно плаираниот склоп на единица површина, економски исплатлив, но непогоден за пороизводителите на семе кои држат монопол заради контолираното трошење), избор на соодветни култури за одгледување на определено подрачје во зависност од климатските услови и потребите на потрошувачите (голем дел од регините во државата денес се заборавени дека имаат плодна или погодна почва за специфични култури кои би биле високо приносни/конкурентни за тоа подрачје). И кај сточарството, неопходно е преку поволни долгорочни кредити, да се потикнат разни активности, од избор на адатабилни, високо приносни и квалитетни раси, преку изградба на модерни фарми, изградба на капацитети за модерно преработка, чување и дистрибуција на месо и месни производи, млеко и млечни производи, како и изградба на капацитети за производство на економски исплатлива сточна храна. Целиот овој процес треба да се заокружи со управување со нуспродуктите - производство на органско ѓубре и повторно враќање во природата.

 ИДНИ НАСОКИ ЗА РАЗВОЈ НА АГРОСЕКТОРОТ - прв дел

Советодавни служби во земјоделството

Приоритет : Преструктурање на советодавните служби и поставување на стручни кадри од соодветни области на потребние места за конструктивно извршување на работата.

Резултати : Со тоа ќе се обезбеди вработување на млади кадри кои би стекнале практично искуство покрај своите искусни колеги (стапката на невработеност кај високостручните лица би се намалила, а младите би останале да работат во државата). Советодавните служби е неопходно континуирано да се усовршуаат, затоа што тие се оние од кои зависи степенот на едуцирање на македонскиот земјоделец (следење на последните модерни достигнувања во земјоделството и нивна препорака за користење кај нас, преку директна соработка со научно-истражувачкиот кадар во државата).

ИДНИ НАСОКИ ЗА РАЗВОЈ НА АГРОСЕКТОРОТ - прв дел

Рурален развој - проект Smart villages

Македонското село е во исклучително лоша состојба. Ако некогаш така се мислеше за селата од Мариовскиот реон, денес, за жал, Македонија може да се пофали со многу вакви запоставени, заборавени и празни реони кои некогаш беа гордост на македонското земјоделство. Многу се ретки, но постојат семејства кои упорно работат и вложуваат во семејната фарма, образованието на децата, иако во селото не постојат соодветни за векот во кој живееме, услови за нормален живот. Приоритет: За ваквите, неопходна е интензивна модернизација на животот во земјоделските средини, со подобрување/изградба на инфраструктура од повисок карактер, олеснителни кредити за развој на семејната фарма, како и дополнителни субвенции за останување и работа во руралните средини со цел да се зголеми продуктивноста и квалитетот на производството, да се мотивираат децата за продолжување на образованието во таа насока и нивно враќање на семејниот имот и создавање на безбедна средина за живеење и работа.

Се наметнува силна потреба да се започне со размислување за иднината на селата заснована на балансиран развој во сите региони и потребата да се обезбедат перспективи за раст на руралните области и села. Ваквата иде за паметни села не може да се направи изолирано и треба да биде вградена во пошироките стратегии за регионален развој. Зајакнувањето на врските помеѓу руралните и урбаните области е клучно за постигнување на ваквата цел.


Резултати : Потребни се стратешки пристапи кои ќе им помогнат на креаторите на политиките, засегнатите страни и промоторите на терен да дадат резултати, земајќи ги во предвид компаративните силни страни и потребите на нивната територија.

За многу луѓе, руралните области се едноставно дома - место за живеење, работа и подигање на семејства. На нашите рурални заедници им се потребни работни места, основни услуги, поврзување и паметни транспортни решенија, како и поволна клима за претприемништво. Мораме да им овозможиме да се појават нови типови на бизнис модели, како што се услуги базирани на портал, и да им се помогне на постојните рурални бизниси да се поврзат, да се интегрираат и да соработуваат подобро со урбаниот бизнис. Локацијата на економската активност е поврзана со признавањето на "географскиот капитал" и други можни компаративни предности за специјализација или диверзификација. Интелигентните логистички мрежи ќе им овозможат на селата да ги обезбедат своите производи и услуги поефикасно на урбаните и глобалните пазари.

Руралните области се места на големи средства и тие можат да станат уште попривлечни ако им овозможиме на локалните актери да го откријат својот потенцијал. Тие обезбедуваат неопходни придонеси за решавање на многу од големите општествени предизвици, како што се климатските промени или одржливото обезбедување храна, биомаса и енергија. Туризмот и културата можат да стимулираат вработување и инвестиции во руралните области. Паметни села е релативно нов концепт во рамките на креирањето на политиките на ЕУ. Новиот концепт на Smart Villages се однесува на руралните средини и заедници кои ги градат своите постоечки сили и средства, како и за развој на нови можности. Во Smart селата традиционалните и новите мрежи и услуги се засилени преку дигитални, телекомуникациски технологии, иновации и подобра употреба на знаењето, во корист на жителите и бизнисите. Дигиталните технологии и иновации можат да го поддржат квалитетот на животот, повисокиот животен стандард, јавните услуги за граѓаните, подобра употреба на ресурсите, помалку влијание врз животната средина и нови можности за руралните синџири на вредности во однос на производите и подобрените процеси. Концептот на Smart Villages е територијално чувствителен, базиран на потребите и потенцијалите на соодветната територија и под водство на стратегија, поддржан од новите или постоечките регионални стратегии. Технологијата е важна како и инвестициите во инфраструктурата, развојот на бизнисот, човечкиот капитал, капацитетот и градење на заедницата. Добро владеење и вклученост на граѓаните исто така се клучни.


Концептот “Паметното село” треба да обрне внимание на вештините за е-писменост, пристап до е-здравство и други основни услуги, иновативни решенија за грижa за животната средина, примена на циркуларна економија за земјоделски отпад, промоција на локални производи поддржани од технологија и ИКТ, туризам и културни активности итн.

Продложува....

ИДНИ НАСОКИ ЗА РАЗВОЈ НА АГРОСЕКТОРОТ - прв дел
ИДНИ НАСОКИ ЗА РАЗВОЈ НА АГРОСЕКТОРОТ - прв дел
ИДНИ НАСОКИ ЗА РАЗВОЈ НА АГРОСЕКТОРОТ - прв дел
ИДНИ НАСОКИ ЗА РАЗВОЈ НА АГРОСЕКТОРОТ - прв дел
ИДНИ НАСОКИ ЗА РАЗВОЈ НА АГРОСЕКТОРОТ - прв дел
ИДНИ НАСОКИ ЗА РАЗВОЈ НА АГРОСЕКТОРОТ - прв дел