28.08.2018 (Бизнис средби)
МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ „MEET4BUSINESS AGRA 2018“

05.09.2018 (Семинар)
ПЛАТИ И ПРАВА И ОБВРСКИ ОД РАБОТЕН ОДНОС КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ПЛАЌАЊЕТО НА РАБОТАТА

10.09.2018 (Конференција)
Самит за планински туризам во Централна Европа – MoReSCE

11.09.2018 (Семинар)
ИНТЕРЕН МАРКЕТИНГ – СПОЈ НА МАРКЕТИНГОТ И ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ

14.09.2018 (Семинар)
ИЗГОТВУВАЊЕ НА БИЗНИС ПЛАНОВИ И ЕКОНОМСКИ АНАЛИЗИ

14.09.2018 (Семинар)
5 WHY – 5 ЗОШТО И FISHBONE / ISHIKAWA – РИБЈА КОСКА ДИЈАГРАМ ТЕХНИКИ ЗА СИСТЕМАТСКИ АНАЛИЗИ ЗА ПОСТИГНУВАЊЕ НА ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ

18.09.2018 (Семинар)
ВЕШТИНИ ЗА УСПЕШНО ПРЕГОВАРАЊЕ- WIN-WIN -профит, договор и лојални клиенти-

20.09.2018 (Семинар)
ОБУКА ЗА ДЕЛОВНИ АСИСТЕНТИ И ФИНАНСИСКИ АДМИНИСТРАТОРИ, АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРОТОК НА ДОКУМЕНТИ, ИНТЕРНА И ЕКСТЕРНА КОМУНИКАЦИЈА ВО КОМПАНИЈАТА

21.09.2018 (Семинар)
НАЈНОВИТЕ ИЗМЕНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ

26.09.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС СРЕДБИ И РЕГИОНАЛЕН БИЗНИС ФОРУМ 26 септември 2018 година, Нови Сад, Србија

26.09.2018 (Семинар)
НОВИНИТЕ ВО НАЦРТ-ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА ЕЛЕКТРОНСКИТЕ АЛАТКИ И ПОСЕБНИ НАЧИНИ НА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОРИТЕ

28.09.2018 (Семинар)
ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊАТА СО ЗАЛОЖНО ПРАВО СУДСКИ СПОРОВИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД РЕАЛИЗАЦИЈА НА ЗАЛОЖНО ПРАВО

28.09.2018 (Семинар)
БЕЗБЕДНОСТ НА ИТ-ИНФРАСТРУКТУРА

02.10.2018 (Советување)
ТЕХНИКИ И МЕТОДИ НА ТИМСКА РАБОТА, ЛИДЕРСТВО ВО ТИМОТ И КРЕИРАЊЕ НА ИДЕИ - „BRAINSTORMING“

17.10.2018 (Бизнис средби)
Marketplace Austrian food, Виена, Австрија. 17.10.2018

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

16.07.2018


Актуелно  

АКТУЕЛНИ СОСТОЈБИ ВО ТУТУНСКАТА ИНДУСТРИЈА


Во производната 2017 година тутунот беше засаден на површина од 14.415 ха, а се очекуваше околу 26.659 тони суров тутун во лист. За ова производство склучени беа вкупно 29.354 договори со тутунопроизводители и издадени вкупно 23.373 евидентни листови за производство и откуп на тутун.

Според податоците внесени во електронскиот систем за евиденција на тутунот од старна на откупните претпријатија од реколта 2017 година откупени се вкупно 23.544 тони суров тутун во лист со просечна откупна цена од 217,60 ден/кгр.



Од типот „Прилеп“ откупени се вкупно 21.107 тони суров тутун во лист со просечна откупна цена од 218,13 ден/кгр., а од типот „Јака“ откупени се околу 2.436 тони суров тутун во лист со просечна откупна цена од 212,92 ден/кгр, беше кажано на денешниот прес во Стопанската комора на Македонија.
   - Од типот „ПРИЛЕП“ откупени се вкупно 21.104.971 кгр. суров тутун, што претставува намалување за околу 1.243.436 килограми од откупот од реколта 2016 година и
   - од типот „ЈАКА“ откупени се вкупно 2.436.311 кгр. суров тутун, што претставува намалување за околу 313.092 килограми од реколта 2016 година.
Просечната откупна цена за реколта 2017 година изнесува 217,60 ден./кгр. или за 20,80 денари повеќе во однос на просечната откупна цена од реколта 2016 година (196,80 ден./кгр.).
Повисоката откупна цена на тутунот од реколта 2017 година е одраз на повисокиот квалитет на тутунот во однос на реколта 2016 година, што може да се види според учеството на класите во вкупниот откуп.

Според процентот на учество на класите во 2017 година суровиот тутун најмногу се откупува во I и II класа (93% во вкупно откупената количина), во III класа околу 6%, а остатокот во IV класа и дополнителите класи.
Учеството на I-та класа во реколта 2017 година изнесува 30% што претставува зголемување за 14% во однос на реколта 2016 година и околу 18% во однос на реколта 2015 година.
Учеството на  II-та класа во реколта 2017 изнесува 63%, што претставува намалување за 6% во однос на реколта 2016 година, зголемување за околу 1% во однос на 2015 година.
Учеството на III-та класа во реколта 2017 година изнесува 6%, што претставува намалување за околу 8 % во однос на реколта 2016 година  и околу 18% во однос на 2015 година.
Учеството на IV-та класа во реколта 2017 година е незначително и намалено за околу 1 -2% во однос на реколта 2016 година  и 2015 година.

Очекувано производство на тутун од реколта 2018 година

Согласно Законот за тутун и тутунски производи склучувањето на договорите за производство и откуп на тутун за реколта 2018 година заврши заклучно со 10 април 2018 година.
Со состојба од 23.05.2018 година, деветте регистрирани откупни претпријатија во електронскиот систем ИСЕТ пријавија 33.501 договори за производство и откуп на тутун, а подрачните единици на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, пријавиле 23.426 издадени евидентни листови.

Од претходно изнесените податоци за пријавеното производство на тутун за реколта 2018  може да се каже дека се издадени поголем број на евидентни листови (53),  поголем број на склучени договори (4147), како  и договорени поголеми површини  за засадување на тутун (окллу 90ха) во однос на пријавеното производство на тутун за претходната реколта од 2017 година. Врз зголемувањето на пријавеното производство на тутун во оваа реколта позитивно влијание има високата просечна откупна цена (217,60 ден./кгр.), како и исплатата на субвециите по класи за реколта 2017 година.
Според тоа, вкупното производство по години покажува дека Република Македонија во континуитет има стабилно и одржливо производсто на тутун, што треба да се зацрта како долгорочна стратегија на републиката и за во иднина-истакна Васко Ристовски, самостоен советник во Стопанската комора на Македонија.

Во поглед на очекуваниот квалитет на тутунот од оваа реколта, реално е да се очекува дека добиениот суров тутун во лист да биде со послаб квалитет во однос на тутунот од претходната реколта 2017, бидејки енорбно високите количини на врнежи особено во третата декада на јуни и првата декада на јули негативно се одразија и се причина за зголемување на листовте од долниот и средниот појас, овозможија создавање на услови за развој на болести, како и негативно се одразија врз процесот на сушењто на бербите од долниот појас, поради што тутунот при откупот ќе се проценува во пониски класи. Исто така, во одделни локалитети на некои региони на дел од тутунските насади се причинети големи оштетувања од град што секако ќе има негативен одраз како во поглед на квантитетот, така и во поглед на квалитетот на вкупното произвотство на тутунот од оваа реколта.

Стопанската комора на Македонија го поздравува подготвувањето на новиот закон за тутун и се надеваме дека што поскоро истиот ќе биде усвоен од страна на Владата на Република Македонија . Новиот закон за тутун, производи од тутун и сродни производи ќе реши некои од прашањата кои досега го оптоваруваа производството и откупот на тутун. Според достапните информации, веруваме дека овој закон ќе донесе многу позитивни промени и ќе ги подигне стандардите на квалитетот на тутунот, но исто така и на тутунопроизводителите како клучен фактор во целиот процес на тутунопреработката. Истовремено, овој закон предвидува понатамошно усогласување со европските директиви и најдобри примери од ЕУ во контекст на прилагодување кон европските стандарди.

Она што е особена новина во новиот закон регулирањето на новите тутунски производи. Покрај што првпат ќе се регулира прометот со новите тутунски производи во согласност со Директивата 40/2014, вклучително за прв пат и прометот со електронските цигари, исто така се зајакнува и контролата на состојките и адитивите во цигарите, а воедно се ограничува производството на цигари со помалку од 20 парчиња со што ќе се намали достапноста до цигарите особено за младата популација. Поголема и посуштинска контрола секогаш е потребна и добредојдена. Република Македонија со ова ќе биде првата земја во Југоисточна Европа која ќе ги регулира овие производи, а во склад со најдобрите примери од ЕУ.

Значаен чекор напред во новиот закот за тутун е тоа што ќе ги намали бирократските обврски на тутунопроизводителите, кои ќе ги префрли на другата страна, на страна на откупувачите односно откупните компании. Со донесување на овој закон ќе бидат укинати евидентните листови, или таканаречените „бели картони“, што значи дека тутунарите ќе склучуваат договори директно со откупните претпријатија и на тој начин значително ќе им биде олеснета административната процедура. Во овој случај, сите бирократски формалности ќе бидат преземени од тутунските компании и тие ќе бидат должни евиденцијата на катастарските парцели на кои се произведува тутун, како и Договорите за откуп на тутун да ги поднесуваат електронски до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. И оваа процедура е во насока на поголема контрола штом се влегува во електронски систем. Токму тоа директно ќе влијае врз поголема автономија на тутунопроизводителите и нивниот статус, а со тоа и на бројот на склучени договори, во смисла на зголемување.

Обезбедување на семенски материјал и други репроматеријали, авансирање на производството, заштита на тутунот на нива од болести, штетници и плевели во согласност со прописите за добра земјоделска пракса, сите овие аспекти од тутунопроизводството што ги погодува тутунопроизводителите и целиот процес ќе бидат полесно и подобро организирани во полза на тутунопроизводителите.

Поголема ефективност, подетален и потранспарентен откуп на тутунот, детализирани одредби за услови и документација за откуп, подобра организираност и усогласеност со регулативите, тоа се придобивките од овој закон, што очекуваме да донесе бенефит за сите инволвирани.

Васко Ристовски











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права