23.01.2019 (Семинар)
Еднодневен семинар: ИНТЕГРАЦИЈА НА МАРКЕТИНГ СТРАТЕГИЈАТА СО ОПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА КОМПАНИИТЕ

25.01.2019 (Семинар)
МАРКЕТИНГ ТРЕНДОВИ И АЛАТКИ ЗА 2019 ГОДИНА - КАКО ДА БИДЕТЕ ВО ЧЕКОР СО СВЕТСКИОТ НАПРЕДОК?

25.01.2019 (Повик)
LETTER OF INVITATION for all interested students, graduates etc., to obtain Internships in Macedonian SME’s, related to Activity V.3 “Developing specific custom industry projects in selected DSMEs”

29.01.2019 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ОПАСНИ МАТЕРИИ И ОПАСЕН ОТПАД, СОБИРАЊЕ И ОТСТРАНУВАЊЕ, СКЛАДИРАЊЕ И ДЕПОНИРАЊЕ, РЕЦИКЛИРАЊЕ, ГОРЕЊЕ, КРИТИЧКИ ТОЧКИ И „CASE STUDY“

29.01.2019 (Семинар)
Задолжителни елементи на договорот за вработување, можност за измена на договорот за вработување во делот на плата, работни задачи, забрана за работа на работодавачот, заштита од мобинг преку инспекциски надзор

30.01.2019 (Тренинг обука)
ОБУКА И РАЗВОЈ НА ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ –КРЕИРАЊЕ НА ДОДАДЕНА И УПОТРЕБЛИВА ВРЕДНОСТ ЗА ОРГАНИЗАЦИИТЕ

30.01.2019 (Семинар)
ПРИСТАП ДО ФИНАНСИИ, ВЕШТИНИ И ОРГАНИЗАЦИЈА – ПРЕДУСЛОВ ЗА УСПЕШНА КОМПАНИЈА

31.01.2019 (Семинар)
ТЕЛЕФОНСКА ПРОДАЖБА (TELESALES)

31.01.2019 (Семинар)
Најнови измени на Законот за јавни набавки - НОВИ ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

01.02.2019 (Семинар)
Планирање, анализа, организација и реализација на работењето во писарница, преку управување со списите и актите во согласност со потребите на организацијата

14.02.2019 (Семинар)
Еднодневен семинар:DATA MINING КОНЦЕПТИ И ТЕХНИКИ КАКО ОСНОВА НА БИЗНИС АНАЛИЗА

19.02.2019 (Тренинг обука)
ОБУКА НА СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ

19.02.2019 (Тренинг обука)
Дводневна обука на тема:СТРАТЕГИСКО ПЛАНИРАЊЕ СО ПРИМЕНА НА SWOT МАТРИЦА И КАРТАТА НА ВРАМНОТЕЖЕНИ РЕЗУЛТАТИ (КВР)

21.02.2019 (Семинар)
Најнови измени на Законот за јавни набавки - НОВИ ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

26.02.2019 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ПРОИЗВОДСТВОТО

27.02.2019 (Тренинг обука)
ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА УСПЕШНОСТ ПРЕКУ ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА КОМУНИКАЦИЈА

03.03.2019 (Советување)
ГРАДЕЊЕ СИЛНИ ОРГАНИЗАЦИСКИ ТИМОВИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ПРЕДИЗВИЦИ НА РАБОТНОТО МЕСТО

11.04.2019 (Бизнис средби)
Mеѓународни деловни средби за стартап, мали и средни компании од Источна Европа во Диселдорф, Германија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

19.11.2018


Ставови  

30.11.2018 ГОДИНА, АТИНА, БИЗНИС-ФОРУМ, ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ!


Branko AzeskiБранко Азески, заменик претседател на Коморскиот инвестициски форум

Отсекогаш сме говореле дека бизнисот е тој кој прв гради мостови и непрекинато ја одржува билатералната соработка помеѓу две земји, дури и кога политичките процеси затајувале – нашата соработка со Грција е веројатно најдобриот доказ за тоа. Години наназад додека политиката молчеше, деловните врски од двете страни на границата непречено се развиваа - компаниите од двете земји секојдневно соработуваа, реализираа инвестиции и заеднички проекти.

Во изминативе години Грција континуирано е на врвот на листата на надворешно-трговски партнери на Република Македонија. Така, на пример, минатата година со Грција била остварена вкупна трговска размена во вредност од 821,5 милиони САД$, а за првите 9 месеци од оваа година, остварена е вкупна размена во вредност од 748 милиони САД$, со пораст од 24,8% во споредба со истиот период минатата година, што ја поставува Грција на второто место на најголемите трговски партнери на Република Македонија, веднаш зад Германија. Дополнително, стотици компании со грчки капитал долги години наназад успешно работат во земјава во повеќе различни сектори (банкарскиот сектор, енергетиката, прехранбената и текстилната индустрија, градежништвото и трговијата на мало), вработувајќи повеќе десетици илјади работници, и се активно вклучени во работата на Стопанската комора на Македонија.
Сепак, географската близина, инфраструктурната поврзаност, но и воспоставените деловни врски помеѓу компаниите од двете земји, ни даваат основа да веруваме дека оваа соработка може понатаму да се унапредува и да се зајакнува. Ова е една од причините поради кои во соработка со Атинската трговско-индустриска комора, организираме заеднички Бизнис-форум во Атина, следниот петок, на 30.11.2018 година.

Средбата не е прва од ваков вид, напротив, со грчките комори отсекогаш сме имале одлична соработка. Уште од 1994 година заедно со Унијата на грчките трговско-индустриски комори сме коосновачи на Асоцијацијата на балканските комори, со различните грчки комори сме организирале и неколку деловни средби и бизнис-форуми, како тој во Солун во мај 2003 година, со Солунската комора долго разговаравме за заеднички влез во сопственичката структура на Солунското пристаниште,  со Комората од Пела имаме одлична регионална соработка со нашата Регионална комора со седиште во Битола, со Комората од Пиреја реализиравме неколку активности, со Комората од Кукуш пред неколку години имплементиравме заеднички проект, а од почетокот на следната година ќе започнеме со имплементација на заеднички проект со Атинската комора, за поддршка на брзорастечки компании „газели“. Сепак, потенцијали и можности за унапредување на таа соработка секако постојат, а бизнис-форумот следната недела ќе биде уште еден чекор во таа насока.


Унијата на грчките трговско-индустриски  комори ги претставува 59-те локални грчки комори (за трговија, индустрија и занаетчиство), кои имаат седишта низ територијата на целата земја. Господин Константинос Михалос, претседател на Унијата на грчките трговско-индустриски  комори, истовремено е и претседател на Атинската трговско-индустриска комора, која постои и активно функционира од 1841 година, како најголема и најбројна бизнис асоцијација во земјата.

П.С. Се надевам дека надлежните органи во двете држави ќе го следат ентузијазмот на бизнис-асоцијациите и дека што побрзо ќе биде дооформена правната рамка за заемната економска соработка, што особено се однесува на склучувањето договор за одбегнување на двојното оданочување помеѓу двете земји, за што со грчкиот колега Михалос повикувавме во повеќе наврати во изминатите неколку години.











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права