23.01.2019 (Семинар)
Еднодневен семинар: ИНТЕГРАЦИЈА НА МАРКЕТИНГ СТРАТЕГИЈАТА СО ОПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА КОМПАНИИТЕ

25.01.2019 (Семинар)
МАРКЕТИНГ ТРЕНДОВИ И АЛАТКИ ЗА 2019 ГОДИНА - КАКО ДА БИДЕТЕ ВО ЧЕКОР СО СВЕТСКИОТ НАПРЕДОК?

25.01.2019 (Повик)
LETTER OF INVITATION for all interested students, graduates etc., to obtain Internships in Macedonian SME’s, related to Activity V.3 “Developing specific custom industry projects in selected DSMEs”

29.01.2019 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ОПАСНИ МАТЕРИИ И ОПАСЕН ОТПАД, СОБИРАЊЕ И ОТСТРАНУВАЊЕ, СКЛАДИРАЊЕ И ДЕПОНИРАЊЕ, РЕЦИКЛИРАЊЕ, ГОРЕЊЕ, КРИТИЧКИ ТОЧКИ И „CASE STUDY“

29.01.2019 (Семинар)
Задолжителни елементи на договорот за вработување, можност за измена на договорот за вработување во делот на плата, работни задачи, забрана за работа на работодавачот, заштита од мобинг преку инспекциски надзор

30.01.2019 (Тренинг обука)
ОБУКА И РАЗВОЈ НА ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ –КРЕИРАЊЕ НА ДОДАДЕНА И УПОТРЕБЛИВА ВРЕДНОСТ ЗА ОРГАНИЗАЦИИТЕ

30.01.2019 (Семинар)
ПРИСТАП ДО ФИНАНСИИ, ВЕШТИНИ И ОРГАНИЗАЦИЈА – ПРЕДУСЛОВ ЗА УСПЕШНА КОМПАНИЈА

31.01.2019 (Семинар)
ТЕЛЕФОНСКА ПРОДАЖБА (TELESALES)

31.01.2019 (Семинар)
Најнови измени на Законот за јавни набавки - НОВИ ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

01.02.2019 (Семинар)
Планирање, анализа, организација и реализација на работењето во писарница, преку управување со списите и актите во согласност со потребите на организацијата

14.02.2019 (Семинар)
Еднодневен семинар:DATA MINING КОНЦЕПТИ И ТЕХНИКИ КАКО ОСНОВА НА БИЗНИС АНАЛИЗА

19.02.2019 (Тренинг обука)
ОБУКА НА СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ

19.02.2019 (Тренинг обука)
Дводневна обука на тема:СТРАТЕГИСКО ПЛАНИРАЊЕ СО ПРИМЕНА НА SWOT МАТРИЦА И КАРТАТА НА ВРАМНОТЕЖЕНИ РЕЗУЛТАТИ (КВР)

21.02.2019 (Семинар)
Најнови измени на Законот за јавни набавки - НОВИ ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

26.02.2019 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ПРОИЗВОДСТВОТО

27.02.2019 (Тренинг обука)
ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА УСПЕШНОСТ ПРЕКУ ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА КОМУНИКАЦИЈА

03.03.2019 (Советување)
ГРАДЕЊЕ СИЛНИ ОРГАНИЗАЦИСКИ ТИМОВИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ПРЕДИЗВИЦИ НА РАБОТНОТО МЕСТО

11.04.2019 (Бизнис средби)
Mеѓународни деловни средби за стартап, мали и средни компании од Источна Европа во Диселдорф, Германија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

29.05.2018


Актуелно  

КАКОВ РАЗВОЕН МОДЕЛ И` Е ПОТРЕБЕН НА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА?


Бранко Азески,
Претседател, Стопанската комора на Македонија

Во состојба каде апсорпциониот капацитет на националните економии е лимитиран првенствено од малиот број жители, како и од степенот на економски развој, подобрувањето на економската состојба на земјата треба да се темели на континуирано зголемување на извозот. Зголемениот извоз непосредно има позитивно влијание врз намалување на невработеноста, а преку тоа влијае и на намалување на социјалните тензии во земјата. Сепак, во регионален контекст на отворени економии, извозот зависи од конкурентноста и понудата на производи и услуги. Користењето на новите технолошки достигнувања во производствениот процес дополнително ја зголемуваат конкурентноста на економијата и ја подобруваат трговската позиција на земјата.

Македонската економија е зависна од увозот и од штедењето, со висока изложеност на надворешни фактори на ризик и без значајни конкурентски предности. Според рангирањето на Светскиот економски форум, Македонија и скоро три децении по осамостојувањето е рангирана на долната скала од земјите со повисок среден доход, односно во групата на земји кои имаат БДП по жител од 4.036 САД долари до 12.236 САД долари. Постигнатиот економски раст, со неговата структура, односно со структурните дисбаланси кои ги има, не ги обезбедува основните претпоставки за забрзан и стабилен одржлив развој. Една од причините е негативната просечна годишна стапка на БДП од - 0,8% во деценискиот период од 1990-2000 година, како и недоволно динамичниот економски раст со стапка од 2,9% во следните 16 години, во периодот од 2000 до 2016 година, посебно поради заостанувањето во текот на деведесеттите години и изгубениот потенцијален БДП во периодот од 1990-2000 година.

Друга причина е структурата на растот. Просечната стапка на раст на бруто-додадената вредност на услугите, односно 1,65% просечен годишен раст во период 1990 – 2016, условија учеството на бруто-додадената вредност на услугите во формирањето на БДП континуирано да расте, за во 2016 година да достигне 38,4% од бруто-додадената вредност во БДП.

Од наведените податоци може да се заклучи тренд на деиндустријализација на економијата, односно промена на пазарната состојба од производствена кон услужна дејност изразена како процент од БДП. Освен тоа, дополнителен податок кон оваа теза е и фактот дека учеството на бруто-додадената вредност на реалниот сектор во формирањето на БДП од над 27% во 1990 година, се намали на 17,3% во 2000 година, за дополнително да се намали на 12,9% во 2016 година.

Со други зборови, услугите беа главните компоненти на економскиот раст во услови кога заостанувањето на растот на производството и на бруто додадената вредност на разменливите добра, го ограничи растот на извозот и супституираше дел од домашната понуда на внатрешниот пазар со понудата од увоз. 

Имајќи ја предвид претходно наведената ситуација, неминовни се промени во моделот на развој преточени преку конкретни економски политики. Зголемувањето на конкурентноста на македонските компании, несомнено е главниот предизвик и приоритет на економската политика, при што растот на конкурентноста на приватниот сектор треба да се бара во рамките на друг развоен модел на малите економии.

Развојната политика мора да се концентрира на решавање на темелните структурни проблеми, во кои основен приоритет е индустријализацијата. Во однос на македонскиот модел во наредниот период земјата мора да се насочи кон развојот на реалната економија, да се врати на моделот на индустриско стопанство, со пристап кој подразбира динамичен раст на инвестициите, раст на обемот на индустриското производство и на продуктивноста. Потребно е да се обезбеди и висока стапка на раст на извозот на стоки и  вработување во индустриските капацитети. На таков начин ќе се создаде многу поатрактивен инвестиционен амбиент за вложувања во преработувачката индустрија. Сепак, за вакви структурни реформи неопходен е подолг временски период, но краткорочно, потребно е да се преземат мерки кои ќе го запрат падот на економските активности и ќе создадат предуслови за неодложни структурни и системски реформи, со цел обезбедување на макроекономската стабилност.

Покрај останатите мерки, приоритетно е решавањето на неликвидноста на економските оператори, зајакнување на финансиската дисциплина, создавање услови за посилна кредитна активност кон стопанството, зголемување на инвестициите во инфраструктурата и во производството наменето за извоз, намалување на трошоците на стопанисување преку укинување на непотребни административни процедури, укинување или намалување на одредени неданочни и парафискални давачки, елиминирање на „сивата“ економија и евидентирање на средствата во легалните текови, како и зголемување на транспарентноста и ефикасноста на јавните набавки.

Долгорочната цел треба да биде постигнување на годишната стапка на раст проценета околу 4,5%, во услови на макроекономска стабилност, односно ниска и стабилна инфлација, одржливост на фискалната и платнобилансната позиција, стабилност на финансискиот пазар и на пазарот на трудот. За остварување на оваа цел, неопходна е консолидација на јавните финансии, односно намалување на јавната потрошувачка на ниво од околу 35% од БДП, како и промени на  структурата на јавните расходи. Освен тоа, нужна е реформа на јавниот сектор, а особено во пензискиот систем, системот за здравствено осигурување, како и деполитизација и професионално управување во јавните претпријатија. Од особена важност е комплементирање на регулативата и изградба на инфраструктура за јавно-приватно партнерство и концесии, со оглед на ниската ефикасност, застарена и неразвиена инфраструктура, ниската продуктивност на јавните претпријатија и јавните комунални претпријатија, а со цел да се создадат услови за ефикасно инвестирање во јавниот сектор. И, секако, неизбежна е реформа на пазарот на труд, преку реформа на образованието и негово ставање во функција на потребите на работодавачите.











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права