РАСТОТ НА ПЛАТИТЕ!

   

👁 Прочитано: 3434


РАСТОТ НА ПЛАТИТЕ!

Дипл. инженер Штефан Петер, МБА, потпретседател на Стопанската комора на Македонија, претседател на Советот на странски инвеститори при Комората и претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија АД – Скопје

Во последно време се почесто се говори за тесната поврзаност на растот на платите, кој без сомнение треба да оди рака под рака со растот на продуктивноста.

Продуктивноста не е сè, но на долг рок таа е речиси сè!

Зголемената продуктивност носи пониски трошоци, кои водат до подобрена конкурентност и повисоки плати, а со тоа и зголемена економска активност на национално ниво.