ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Порака од еснафот
10.06.2019 👁 Прочитано: 1335

ДУАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ


КАМПАЊА ЗА ДУАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ Дискусијата на Штефан Петер, МБА, претседател на Управниот одбор на „ЕВН  Македонија“, панелист на Трибината на тема „Предизвици за подобрување на дуалното образование - ИДНИ ЧЕКОРИ“, 6 јуни 2019 година. Штефан Петер говореше за искуството на компанијата која ја претставува во процесот на вклучување на пилот-проект за дуално образование во Средното стручно училиште „Михајло Пупин“, согласно потребите за квалификуван стручен кадар во компанијата.

Во таа насока, новиот концепт кој се гради пред се` во формалното образование задолжително треба да го вклучи елементот на практична настава особено преку дуалното образование. 

Кога правиме анализа за реформа на образовниот систем, треба да тргнеме меѓу другото и од аспект на бизнисот. Треба да ги идентификуваме не само нашите улоги, туку треба да ги идентификуваме и мисијата и визијата, каде сакаме да бидеме, кои се нашите цели за 5 години, кои се нашите цели за следните 10 години, кој што прави за да се има еден систематски пристап.

Иницијативите кои постојат во моментов преку швајцарскиот Проект „Образование за вработување“, сега се многу добри, ни помагаат, процесот е започнат, но во од треба да работиме како овие иницијативи да ги структурираме на потребите на македонскиот образовен систем, да им дадеме стратешки пристап и да дефинираме мисија каде треба да одиме. 

Тоа ќе биде основа за да креираме мерки и да креираме рамка кои се`  закони треба да претрпат измени, изработка и/или менување на правилници и се`  што е потребно за спроведување целосна реформа во образованието. 

Иницијативата за дуалното образование „ЕВН Македонија“ ја започна во 2015 година, кога зборувавме за потребите од квалификуван персонал и знаевме дека треба да направиме нешто. Од 2015 до 2017 година ние постојано само зборевме се`  до моментот кога сфативме дека е потребно веќе да направиме и нешто конкретно. И резултатите од разговорите можам да кажам дека вродија со плод.  

Во почетокот на состаноците што ги водевме со претставници од Министерството за образование и наука континуирано не беше канет бизнис секторот. Но еве, денеска, на Трибината на тема „Предизвици за подобрување на дуалното образование - ИДНИ ЧЕКОРИ“, сите сме тука и мислам дека е многу битно нашето мислење да биде слушнато, бидејќи на крајот на денот ние сме тие што треба да ги вработиме луѓето. 

Од исклучителна важност е да разговараме кои се реалните потреби на бизнис секторот. Истовремено не треба да ја заборавиме другата страна, а тоа се учениците заедно со нивните родители. Паралелно, не помалку важна е асоцијацијата на професори кои исто така имаат значајно место и учество во вкупниот проект за реформа на образованиот процес. И вредно е да се слуша и нивното размислување.

Имав прилика, за Проектот 2020 (кој како „ЕВН Македонија“ го реализиравме со Средното стручно училиште „Михајло Пупин“) да говорам со еден професор кој ми сугерираше, кога го промовираме овој пилот-проект да ги споменуваме и професорите кои се клучна алка во целиот процес. Сосема исправно, бидејќи не треба да заборавиме дека со самиот чин на образување на учениците значи нова вредност и за самите професори. Праксата како значаен сегмент од образовниот систем дава додадена вредност за секој учесник.

ДУАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ