Бизнис Центар за тренинг и обука 05.10.2020
👁 Прочитано: 10


МОДУЛИ НА ДОЖИВОТНО УЧЕЊЕ

Акредитирани програми од
Министерството за образование и наука на Република Македонија

Образование на возрасните е дел од системот на образование кој обезбедува доусовршување, оспособување, добивање дополнителна квалификација или преквалификување по програми и на начин прилагоден за возрасните лица. Системот за образование на возрасните е акредитиран, јавно признат сертификационен систем од Република Македонија со кој се добиваат национално признати сертификати кои ги докажуваат добиените стручни компетенции од одредена област. Сите програми се состојат од теоретски и практичен дел. Предавањата се следат во посебно опремени простории во Стопанската комора на Македонија во Скопје, а праксата на учесниците во програмите се одржува во реномирани компании во зависност од струката. По завршувањето на обуката учесниците полагаат завршен испит со што се стекнуваат со Сертификат акредитиран од страна на Министерството за образование на Република Македонија.

Програми кои можете да ги следите:

Готвач во угостителски објект
Гипсер - монтер
Фасадер
Аргон заварувач
Келнер - гастроном
Изработувач на бели печива
Менаџерски вештини за управување со
човечки ресурси

Специјалистички курс за стекнување вештини за архивско и канцелариско работење
Рецепционер

Службеник во книговодство
Туристичко - агенциски службеник

Фризер - основен курс
Шивач и кројач на конфекциски материјали

 

Дополнителни информации:

• Обуката трае околу три месеци, од понеделник до петок;
• Предавањата и праксата се одвиваат по договор со учесниците;
• Работа во групи од 8 до максимум 14 учесници.

Програмата за доживотно учење нуди обуки за оние занимања кои се дефицитарни и за кои постои побарувачка на пазарот на труд. Можноста да се добијат нови квалификации или едноставно да се потврди веќе стекнатото искуство со акредитиран Сертификат е начин за огромен број на лица да го решат проблемот со невработеноста.

Стопанска комора заедно со најреномираните фирми во Македонија е местото каде што невработените лица ќе можат да стекнат теоретско и практично знаење за потребната квалификација.


 


25.09.2020,
Одржан „онлајн“ семинар во организација на Стопанската комора на Македонија на тема: ДЕЛОВЕН ЕКСЕЛ - ПИВОТ ТАБЕЛИ, СЦЕНАРИЈА И КОНТРОЛНИ ТАБЛИ ВО ФУНКЦИЈА НА ЕФИКАСНО И ЕФЕКТИВНО РАБОТЕЊЕ
Во деловното опкружување во кое голем дел од успехот зависи од способноста за управување со информациите и податоците, Microsoft Excel се смета за еден од најкорисните деловни програми за општа употреба. Наменет за систематизација, уредување и чување...
15.09.2020,
КОН РЕГИОНАЛНИ СТАНДАРДИ ЗА ЗАНИМАЊА
Регионалната економска соработка, подобрување на бизнис климата и создавање на заедничка економска област на Западен Балкан, како и обезбедување човечки ресурси за поддршка и продуктивност на компаниите и олеснување на регионалната мобилност, не се л...
14.09.2020,
ОБРАЗОВАНИЕТО НЕ Е ПРОБЛЕМ, ОБРАЗОВАНИЕТО Е МОЖНОСТ
Имам впечаток дека иако Министерството за образование и наука излезе со став дека наставата во новата учебна година ќе се реализира со учење на далечина, познатата „онлајн“ настава (освен за учениците од прво до трето одделение), сè уште e актуелна т...
10.09.2020,
ОДОБРЕНИ ПРОТОКОЛИТЕ ЗА ПРАКТИЧНА ОБУКA НА УЧЕНИЦИТЕ ВО КОМПАНИИ
Непобитен е фактот дека стручните вештини се совладуваат исклучиво преку мануелен процес, процес на вежби, односно работен процес во реална работна средина каде теоријата ја наоѓа својата применливост. Виртуелната настава, наметната поради состојбата...
26.08.2020,
НОВИ КВАЛИФИКАЦИИ КАКО ОДГОВОР НА НОВИТЕ ПОТРЕБИ НА ПАЗАРОТ
Новите времиња налагаат нови начини на функционирање, зголемена флексибилност и приспособливост на потребите на пазарот, а оттука произлегува и потребата од нови знаења и вештини за достигнување на деловните цели.На последниот состанок на Секторската...
24.08.2020,
ПРИОРИТЕТИ НА ЕВРОПСКАТА АЛИЈАНСА ЗА ПРАКТИКАНТСТВО
Оспособување на лицата со вештини за нов иот економски контекст е главната стратешка цел на Европската алијанса за практикантство, чиј член, од минатата година, е Стопанската комора на Македонија. Фокусот на стратешката цел, на краток и среден рок, ќ...
21.08.2020,
РЕГИОНАЛНИ ЦЕНТРИ ЗА СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ И ОБУКА
Едно од клучните решенија за да се воспостави рамнотежа помеѓу образованието и потребите на пазарот на труд е воспоставување на регионални центри за стручно образование и обука. Нивната улога е на едно место да се поврзат реалниот сектор, образованит...
19.08.2020,
ФУНКЦИОНАЛНО СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ И ОБУКА И УЧЕСТВО НА ПРИВАТНИОТ СЕКТОР
Пандемијата поради коронавирусот го измести нормалното функционирање во целиот свет. Најсилно го погоди здравствениот систем, а како лавина го попречи и развојот на економијата, туризмот и угостителството, транспортот, го прекина образовниот процес, ...
13.08.2020,
НАСТАВА МОРА ДА ИМА
Ништо не може да го замени стекнувањето на знаењата и вештините без физичкото присуство на учениците во училиштата. Непосредната размена на информации подолго останува во сеќавањето на учениците. Една слика или вежба повеќе се врежува во меморијата о...
12.08.2020,
НЕДОУМИЦИ ЗА ПОЧЕТОКОТ НА УЧЕБНАТА ГОДИНА
Неизвесно е колку ќе трае пандемијата КОВИД-19, но за развој на економијата и санирање на последиците од пандемијата е потребен стручен и иновативен кадар. Пандемијата на корона вирусот доведе до најголемо пореметување во oбразованието кога поради со...
<<  <  1    >  >> 


Контакт лице: м-р Наташа Јаневска
самостоен советник во Стопанска комора на Македонија
Телефон: ++ 389 2 3244045, M. 072 204 860
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: natasa.janevska@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015