Средби, Семинар, Обука, Настан
   
21.06.2019
Семинар
ПРАВА И ОБВРСКИ НА РАБОТНИКОТ И РАБОТОДАВАЧОТ ОД РАБОТЕН ОДНОС И ОСНОВИ ЗА ОТКАЗ НА ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
Стопанска комора на Македонија, Македонија

 

Еднодневен семинар на тема:

„Права и обврски на работникот и работодавачот од работен однос, основи за отказ на договорот за вработување, суспензија на вработениот до конечна одлука за отказ на договорот за вработување, задолжителност /незадолжителност на водење на дисциплинска постапка пред отказот на договорот за вработување, улогата на инспекторатот за труд во случаи на отказ на договорот за вработување“

21.06.2019 година
 9:30-15:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат


          Стопанската комора на Македонија, на 21 јуни 2019 година, организира еднодневен семинар на тема: Права и обврски на работникот и работодавачот од работен однос, основи за отказ на договорот за вработување, суспензија на вработениот до конечна одлука за отказ на договорот за вработување, задолжителност /незадолжителност на водење на дисциплинска постапка пред отказот на договорот за вработување, улогата на инспекторатот за труд во случаи на отказ на договорот за вработување.

          Во рамките на семинарот ќе бидат опфатени сите специфични аспекти поврзани со темата. Воедно, ќе се направи обид за расчистување на одредени дилеми кои се јавуваат во праксата, поврзани со предметната проблематика.
 
ПРОГРАМА:

- Права и обврски на работникот од работен однос;
- Права и обврски на работодавачот од работен однос;
- Повреди на работниот ред и дисциплина како основ за отказ на договорот за
вработување;
- Други основи за отказ на договорот за вработување;
- Суспензија на вработениот до конечна одлука за отказ на договорот за вработување;
- Задолжителност /незадолжителност на водење на дисциплинска постапка пред
отказот на договорот за вработување;
- Улогата на инспекторатот за труд во случаи на отказ на договорот за вработување.

Предавачи:
                              
- м-р Бојана Велковска, Претседател на одделот за работни спорови во Основен суд Скопје II-Скопје и

- Злате Стојановски, раководител на Одделението за работни односи при Државниот  инспекторат за труд.


За сите учесници на семинарот обезбедено е:
- работен материјал;
- ручек и освежување и
- сертификат за присуство на семинарот.

Рок за пријавување: 18.6.2019 година.


Агенда на настанот Пријавен лист Пријави се електронски

Контакт лице:
Анита Митревска
Телефон: ++ 389 2 3244057
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: anita@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Контакт лице:
м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
Телефон: ++ 389 2 3244074
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: Beti@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје