„ИКЕА“ во Романија до средината на 2021 година ќе отвори регионален дистрибутивен центар
👁 Прочитано: 291



„ИКЕА“ во Романија до средината на 2021 година ќе отвори регионален дистрибутивен центар

Шведската компанија „ИКЕА“, дистрибутер на производи за уредување на домот, ќе отвори регионален центар во романскиот Индустриски парк  ЦТ Парк Букурешт Запад до средината на 2021 година.

Регионалниот дистрибутивен центар кој ќе се протега на површина од 75.000 метри квадратни, ќе биде завршен до крајот на 2020 година и се очекува да профункционира до средината на 2021 година. Објектот ќе биде најголемиот магацин во Романија и ќе го користи „ИКЕА“ како нејзин дистрибутивен центар за влезни и излезни работи за продавници во Југоисточна Европа и Источниот Медитеран.

Во Романија „ИКЕА“ има две продавници, кои се во главниот град Букурешт.

Служба за информирање при Комората