ГРАНИТ Е ЕДЕН ОД ПАРТНЕРИТЕ ШТО ЌЕ ГРАДИ АВТОПАТ ВО БИХ ВРЕДЕН 78 МИЛИОНИ ЕВРА
➢ Актуелно (26.08.2020)
👁 Прочитано: 3874



ГРАНИТ Е ЕДЕН ОД ПАРТНЕРИТЕ ШТО ЌЕ ГРАДИ АВТОПАТ ВО БИХ ВРЕДЕН 78 МИЛИОНИ ЕВРА

ГД ГРАНИТ АД Скопје, една од најголемите македонски градежни компании и предводници на македонската градежна оператива, заедно со градежната компанија Еуро Асфалт од Сараево е дел од конзорциумот кој ќе ја гради делницата Коњич, под-делница Тарчин, со вкупна должина од 4,90 km,  дел од коридорот 5 Ц.

Проектот вреден 77,9 милиони евра е финансиран со средства обезбедени од Европската Инвестициона Банка (ЕИБ) и неповратен грант од 11 милиони евра доделен од европскиот WBIF (Western Balkan Investment Fund).

Делницата Тарчин – влез во тунел Иван е планирано да биде завршена во рок од 20 месеци.

ГД Гранит АД Скопје е една од малкуте македонски компании кои во последните години покрај на домашниот се присутни и на странскиот градежен пазар.

 

м-р Нена Николовска
соработник во Стопанска комора на Македонија