МИГРАЦИЈАТА НА РАБОТНА СИЛА НАЈГОЛЕМ ПРОБЛЕМ НА РЕГИОНОТ

   

👁 Прочитано: 1420


МИГРАЦИЈАТА НА РАБОТНА СИЛА НАЈГОЛЕМ ПРОБЛЕМ НА РЕГИОНОТ

Светозар Јаневски, член на Советот на Стопанската комора на Макеоднија и претседател на Управниот одбор на Винарската визба „Тиквеш“ – пренесен став даден за српската агенција БЕТА

Најголем проблем со кој се соочува регионот е миграцијата на работната сила, па затоа е важно да се најде начин да бидат задржани работниците. Регионалната соработка најмногу ја кочи затвореноста на секоја земја во рамките на своите граници. Направивме развој од граница до граница, а во исто време зборуваме за свет без граници и за слободна економија, но за напредок е клучно да се промени начинот на размислување.

Земјоделското производство претставува традиција во сите земји од регионот и со него сè уште се занимаваат голем број луѓе, поради што во сегашните околности е предизвик да се направат чекори за зголемување на конкурентноста на аграрот, како на државно, така и на регионално ниво.

Потребна е и дигитализација во сите сегменти, но на краток рок ова не е доволно за успех на државите кои својот раст во голема мера го засноваат на земјоделството.

Претстојниот Самит на економски лидери на регионот, што ќе се одржи во Белград на 4 декември 2019 година и на кој ќе бидам еден од учесниците, дополнително ќе ја поттикне регионалната соработка, особено во областа на земјоделството.