27.04.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар: ИТ-РЕВИЗИЈА

27.04.2017 (Семинар)
ПРАВИЛНИК ЗА БЛАГАЈНИЧКО РАБОТЕЊЕ

27.04.2017 (Семинар)
ОСНОВИ НА КОНТРОЛИНГОТ ВО ПРОДАЖБА И МАРКЕТИНГ

04.05.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема: Водење на е-деловодник и негово усогласување со рачно водење на деловодник имплементирајќи ги најновите измени на Законот за архивски материјал

05.05.2017 (Настан)
ПРАВА И ОБВРСКИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ЗАКОНСКИТЕ ОДРЕДБИ ОД ОБЛАСТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И УРБАНИЗМОТ

08.05.2017 (Саем)
„MACH-TECH and INDUSTRY DAYS 2017"- 8-10.05.2017, Будимпешта, Унгарија

09.05.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:БУЏЕТИРАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО ТРОШОЦИ ВО ГРАДЕЖНИШТВОТО

09.05.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „ИКТ пролет во Европа 2017" 9-10 мај 2017 година во Луксембург

11.05.2017 (Семинар)
ДЕТЕКТИРАНИ ПОВРЕДИ ПРИ ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР НА ЕДНОДЕЦЕНИСКИТЕ ИЗМЕНИ НА ОДРЕДБИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ

15.05.2017 (Форум)
БИЗНИС ФОРУМ: МАКЕДОНИЈА – ВЕЛИКА БРИТАНИЈА,15 МАЈ 2017, СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

15.05.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „ AgroB2B@NSFair " на 15 мај 2017, во Нови Сад, Србија

17.05.2017 (Бизнис средби)
Конференција и меѓународни деловни средби „THE FUTURE OF BUILDING“

17.05.2017 (Настан)
ПРАВА И ОБВРСКИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ И КОЛЕКТИВНИ ДОГОВОРИ

23.05.2017 (Тренинг обука)
Тренинг-програма со WIFI:МЕЃУНАРОДЕН МАРКЕТИНГ-МЕНАЏМЕНТ ЗА ПРОМОЦИЈА И НАСТАП НА АВСТРИСКИОТ ПАЗАР

23.05.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема: УПРАВУВАЊЕ СО ПРОМЕНИ И РЕАЛНА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА ВО КОМПАНИЈАТА

25.05.2017 (Тренинг обука)
Советување на тема: Антистрес тренинг за ефикасно управување со стрес на работното место (стрес менаџмент стратегии и техники)

06.06.2017 (Саем)
7. МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ЕНЕРГЕТИКА „ЕНЕРГА 2017“ - 6 - 8.06.2017 Сараево, БиХ

01.11.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „Ready2GO" во САД, Канада, Чиле, Камерун и Индија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

10.04.2017


Актуелно  

Бизнисот бара стручен кадар согласно потребите на економијата – НEДОСТАСУВААТ РЕЧИСИ СИТЕ ЗАНИМАЊА ОД ТЕХНИЧКИТЕ СТРУКИ


Недостатокот од квалификувана работна сила во македонската економија е сѐ поизразен. Оваа појава станува се` поалармантна и затоа итно се неопходни ефективни мерки со кои ќе се надмине овој проблем кој прераснува во реалeн предизвик за оперативното работење на странските компании од различни индустриски сектори, истакна Штефан Петер, претседател на Советот на странски инвеститори на редовната прес-конференција на Стопанската комора на Македонија (10.4.2017 година).

Ова е и главната констатација на учесниците на тркалезната маса организирана од страна на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија во соработка со Американската стопанска комора – AmCham и Делегацијата на германското стопанство во Македонија, одржана на 6.4.2017 година.

Тркалезната маса на тема: СРЕДНО СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ ПО МЕРКА НА ПРИВАТНИОТ СЕКТОР – МОЖНОСТИ ЗА РАЗВОЈ НА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА, на која земаа учество релевантни чинители од оваа област, вклучително и претставници на Министерството за образование и наука, средните училишта, Стопанската комора на Македонија, научната и деловната заедница претставувана од странските компании во земјава, наметна размена на мислења и идеи од кои ќе произлезат можни решенија за подобрување на практичните вештини на учениците и поефикасно поврзување на средното образование со потребите на пазарот на трудот.

Претседателот на Советот Штефан Петер истакна дека според истражувањето спроведено меѓу членките на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија во соработка со Американската стопанска комора – AmCham и Делегацијата на германското стопанство недостигаат кадри со средна стручна подготовка во речиси сите сектори.

Реформите во образованието и наставните програми мора да ги следат потребите на стопанството и тоа во временска рамка во која приватниот сектор би можел веднаш да ги почувствува бенефитите. Потребна е професионална ориентација на учениците уште во основното образование и промоција на средните стручни училишта и занимања. Едно од можните решенија е воведување на дуалниот систем на средно стручно образование или т.н. „учење преку работа“, по примерот на успешните системи на дуално образование што функционираат во западните земји како Германија, Австрија, Швајцарија, преку системска поддршка и субвенции за учениците кои би се определиле за таков вид на образование. Улогата на стопанските комори е клучна во процесот на реформирање на средното стручно образование при поврзување на приватниот сектор со средните стручни училишта, како и во подготовката на завршните испити и сертифицирањето на учениците за положен испит.

- Овој модерен систем на средно стручно образование подразбира вклучување на компаниите во практичната обука на учениците во средните стручни училишта, со цел да се профилираат кадри, кои потоа ќе бидат оспособени за работа токму во компаниите кои овозможиле нивна практична обука уште во процесот на нивното образование, - истакна господинот Петер.

Друга причина за континуираниот недостаток на квалификувана работа сила, посебно кај техничките струки, е слабиот интерес кај младите да работат во овие гранки. Зборуваме за  тинејџери од 14-15 години (т.н. генерација З) кои треба да донесат одлука за нивната  идна професионална определба.  Дури и нивните родители немаат такво искуство. Тие секако го сакаат најдоброто за своите деца. Токму поради тоа, тие посетуваат атрактивно средно училиште со цел подоцна да се запишат на факултет.

Приватниот сектор во наредниот период може да понуди нови 5.000 работни места на регионално ниво, доколку се обезбеди потребниот кадар на пазарот на работна сила.

- Со цел да дојде до промени во образовниот систем, во наредниот период ни е потребна сеопфатна информативна кампања за барањата на приватниот сектор од квалификувана работна сила којашто ќе допре до учениците и до родителите. А за да се случи тоа, неопходна е  поинтензивна соработка и заеднички придонес на сите засегнати страни за ефикасни реформи во образовниот систем и намалување на јазот помеѓу потребите и понудата на пазарот на трудот, поентираше претседателот на Советот на странски инвеститори Штефан Петер.

Влатко Стојановски











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права