23.01.2019 (Семинар)
Еднодневен семинар: ИНТЕГРАЦИЈА НА МАРКЕТИНГ СТРАТЕГИЈАТА СО ОПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА КОМПАНИИТЕ

25.01.2019 (Семинар)
МАРКЕТИНГ ТРЕНДОВИ И АЛАТКИ ЗА 2019 ГОДИНА - КАКО ДА БИДЕТЕ ВО ЧЕКОР СО СВЕТСКИОТ НАПРЕДОК?

25.01.2019 (Повик)
LETTER OF INVITATION for all interested students, graduates etc., to obtain Internships in Macedonian SME’s, related to Activity V.3 “Developing specific custom industry projects in selected DSMEs”

29.01.2019 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ОПАСНИ МАТЕРИИ И ОПАСЕН ОТПАД, СОБИРАЊЕ И ОТСТРАНУВАЊЕ, СКЛАДИРАЊЕ И ДЕПОНИРАЊЕ, РЕЦИКЛИРАЊЕ, ГОРЕЊЕ, КРИТИЧКИ ТОЧКИ И „CASE STUDY“

29.01.2019 (Семинар)
Задолжителни елементи на договорот за вработување, можност за измена на договорот за вработување во делот на плата, работни задачи, забрана за работа на работодавачот, заштита од мобинг преку инспекциски надзор

30.01.2019 (Тренинг обука)
ОБУКА И РАЗВОЈ НА ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ –КРЕИРАЊЕ НА ДОДАДЕНА И УПОТРЕБЛИВА ВРЕДНОСТ ЗА ОРГАНИЗАЦИИТЕ

30.01.2019 (Семинар)
ПРИСТАП ДО ФИНАНСИИ, ВЕШТИНИ И ОРГАНИЗАЦИЈА – ПРЕДУСЛОВ ЗА УСПЕШНА КОМПАНИЈА

31.01.2019 (Семинар)
ТЕЛЕФОНСКА ПРОДАЖБА (TELESALES)

31.01.2019 (Семинар)
Најнови измени на Законот за јавни набавки - НОВИ ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

01.02.2019 (Семинар)
Планирање, анализа, организација и реализација на работењето во писарница, преку управување со списите и актите во согласност со потребите на организацијата

14.02.2019 (Семинар)
Еднодневен семинар:DATA MINING КОНЦЕПТИ И ТЕХНИКИ КАКО ОСНОВА НА БИЗНИС АНАЛИЗА

19.02.2019 (Тренинг обука)
ОБУКА НА СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ

19.02.2019 (Тренинг обука)
Дводневна обука на тема:СТРАТЕГИСКО ПЛАНИРАЊЕ СО ПРИМЕНА НА SWOT МАТРИЦА И КАРТАТА НА ВРАМНОТЕЖЕНИ РЕЗУЛТАТИ (КВР)

21.02.2019 (Семинар)
Најнови измени на Законот за јавни набавки - НОВИ ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

26.02.2019 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ПРОИЗВОДСТВОТО

27.02.2019 (Тренинг обука)
ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА УСПЕШНОСТ ПРЕКУ ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА КОМУНИКАЦИЈА

03.03.2019 (Советување)
ГРАДЕЊЕ СИЛНИ ОРГАНИЗАЦИСКИ ТИМОВИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ПРЕДИЗВИЦИ НА РАБОТНОТО МЕСТО

11.04.2019 (Бизнис средби)
Mеѓународни деловни средби за стартап, мали и средни компании од Источна Европа во Диселдорф, Германија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

25.06.2018


Актуелно  

ДОЈДЕ ВРЕМЕ ЗА УШТЕ ЕДЕН ИСТОРИСКИ ДОГОВОР: ДРЖАВА- ПРИВАТЕН СЕКТОР


И покрај свесноста дека преголемата регулираност на односите во државата може да создаде лавиринт од правила во кој ретко кој може да се снајде, и покрај личниот став за потребата од дерегулација во одредени области, сепак ценам за потребно да укажам на потребата од уредување на односите меѓу јавниот и приватниот сектор „на хартија“.

http://www.mchamber.mk//upload/Branko1.jpg

Во што се состои оправданоста за ваков чекор? Во важноста секој да си го знае местото во системот. Како следбеници на континенталниот правен систем, се практикува односите во државата да се уредуваат со пропис, па можеби затоа оние области и релации кои не се регулирани со закон, договор  или друг пропис, сметаме дека не се ни значајни. Поради тоа, сметам дека со склучување на договор помеѓу државата и приватниот сектор, односот помеѓу двата субјекти ќе добие поголемо значење.

Со ваков договор прецизно ќе се дефинира каде престанува мешањето на државата во приватниот сектор; кои се обврските на приватниот сектор спрема државата и како ќе се спроведуваат тие за да бидат ставени во функција на економскиот развој, наместо како да се дејствува стихијно и инцидентно во градењето на релациите со бизнис заедницата и дефинирањето на стратешките приоритети, почнувајќи од обврската за консултација на бизнисот при донесување на прописите, зголемување на квалитетот и брзината на јавната администрација, поддршката и промоцијата на извозот, па се до подобрувањето на состојбите во правосудството, создавање кадар во согласност со потребите на стопанството, квалитетен економско-социјален дијалог, индустриски политики и стратегии за развој. Менаџерите и сопствениците на капиталот се свесни дека мораат да ги исполнуваат своите обврски кон државата, вклучувајќи го особено плаќањето на јавните давачки, но истовремено сакаат да бидат уверени дека тие средства ќе бидат искористени во интерес на бизнисите и на граѓаните, и тоа мора да биде регулирано на соодветен начин. Како организации кои најдиректно ги претставуваат бизнис-интересите на претприемачите, сме единствен природен, незаобиколен партнер на јавниот сектор и единствено во партнерство можеме да ја постигнеме заедничката цел – забрзан економски развој.

Бранко Азески, претседател
Стопанска комора на Македонија











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права