ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Нови прописи
   
ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА АКЦИЗИТЕ („Службен весник на РСМ“ бр.143 од 12.07.2019 година)
16.07.2019

Во Законот за акцизите* („Службен весник на РСМ“ бр.108/19), во член 73 ставот (3) се менува и гласи:

„По исклучок од членот 58 став (5) од овој Закон, на произведената количина на литар жесток алкохолен пијалак под услов годишното производство да не ја надминува количината од ставот (2) на овој член, ќе се применува следниот начин на плаќање на акциза:
1) 0,00 (нула) денари во првата година;
2) 10,00 денари во втората година;
3) 20,00 денари во третата година и
4) 30,00 денари од четвртата година па натаму сметано од датата на започнување на примената на овој закон.
Во членот 130 со кој се уредува почетокот на примена на Законот, зборовите „15 јули 2019 година“ се заменуваат со зборовите „1 ноември 2019 година“.


Контакт лице: Љупка И.Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје