13.12.2017 (Форум)
“ПРЕКУ ИНТЕРНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА НА СТОПАНСТВОТО ДО ПОГОЛЕМ ЕКОНОМСКИ РАСТ”- 13.12.2017 СКОПЈЕ

14.12.2017 (Семинар)
СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ ТРЕНИНГ ЗА НАПРЕДЕН EXCEL – POWER QUERY

14.12.2017 (Конференција)
XVIII Меѓународен симпозиум на тема: УЛОГАТА НА СМЕТКОВОДСТВОТО И РЕВИЗИЈАТА ВО УНАПРЕДУВАЊЕ НА НАЦИОНАЛНАТА ЕКОНОМИЈА

18.12.2017 (Семинар)
ПРОФЕСИОНАЛЕН РИЗИК И ПРИНЦИПИ НА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА КАЈ РАБОТНИЦИ ИЗЛОЖЕНИ НА АЗБЕСТ

19.12.2017 (Семинар)
НАЧИНОТ ЗА ВРШЕЊЕ ПОПИС НА СРЕДСТВАТА И ОБВРСКИТЕ И УСОГЛАСУВАЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНАТА СО ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА УТВРДЕНА СО ПОПИСОТ

20.12.2017 (Семинар)
РАЗРАБОТКА НА ДОГОВОРИТЕ НА АВТОНОМНАТА ТРГОВСКА ПРАКСА СО ОСВРТ НА ПРОБЛЕМИТЕ КОИ СЕ ЈАВУВААТ ВО СИТЕ ФАЗИ ОД НИВНОТО ПОСТОЕЊЕ

21.12.2017 (Семинар)
Откажување на договорот за вработување со отказ од страна на работникот и од страна на работодавачот - дозволеност и забрана на отказ

25.01.2018 (Советување)
Советување на тема:ЈАВНИ НАБАВКИ, ПРЕДЛОЗИ, НОВИНИ И ИДНИ ИЗМЕНИ (e-жалба, е-архива, е-маркет и е-каталози)

31.01.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС-СРЕДБИ „ЕУ-СРБИЈА 2018"

01.02.2018 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

18.02.2013


Актуелно  

Стопанската комора на Македонија ја одбележa 91-та годишнина од своето постоење - ПОТРЕБНИ СЕ МНОГУ ПОВЕЌЕ ХРАБРИ МЕНАЏЕРИ КОИ ИНВЕСТИРААТ ВО КРИЗНИ ВРЕМИЊА


      Стопанската комора на Македонија  ја одбележa  91-та годишнина од своето постоење со пригодна свеченост во Стопанската комора на Македонија (18.2.2013 година). Годинава  тоа беше направено  со еден скромен собир на компаниите кои во услови на криза од 2008 година до денес се одважија да пркосат на истата и со нови инвестиции во  производни капацитети и нови вработувања да докажат дека македонската економија има иднина. И што е уште позначајно, како што истакна Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија, присутните челници на овие компании,  не само што инвестираа кај нас, туку изградија свои производствени погони и надвор од нашите граници. Навистина импресивно! Зошто е тоа за нас многу  значајно? –  запраша  Азески.

Стопанската комора на Македонија 91 година постоење

 

       Стопанската комора на Македонија,  нашата најзначајна  бизнис-заедница, пред две години токму на овој ден го промовираше новиот модел за економски развој на нашата држава. Централно место во него заземаше определбата за зголемување на производството и извозот, значи, токму она што присутните компании го прават во изминатите години во услови на криза. Ние тоа мора да го респектираме, потенцираме и поддржиме.- подвлече Азески.

 

     -Стопанската комора на Македонија 91 година постоење - доделување на награди за инвестиции во кризен период

       Денес, македонската економија егзистира во  услови на три високи диспропорции: производството и потрошувачката,  увозот и извозот и активното и издржуваното население.Ако на тоа се додаде секојдневното зголемување на влезните трошоци, а намалување на продажните цени на стоките и услугите, на секој наш граѓанин ќе му биде совршено јасно каков успех постигнало денешното друштво во Стопанската комора на Македонија. – додаде  Азески. -  Фактот дека констатираните слабости во македонската економија ќе мора да се менуваат во интерес на иднината, го потврдува значењето на денес изнесените инвестициони зафати, без разлика дали се домашни или странски.

Стопанската комора на Македонија 91 година постоење - доделување на награди за инвестиции во кризен период

      Одговорот на прашањето: колку наведените диспропорции ќе беа поголеми, доколку не бевте храбри да инвестирате и вработите, или колку ќе беа помали ако бевте двојно побројни - е аргумент кој, како што истакна Азески,  потврдува дека државната политика треба да се сврти кон сите кои се двоумат својот расположив капитал да го инвестираат во производство. Одговорот е аргумент кој потврдува дека реализацијата на економската политика треба приоритетно да се потпре на вас.

Стопанската комора на Македонија 91 година постоење - доделување на награди за инвестиции во кризен период

       -Вие покажавте дека имате капацитет да го креирате и реализирате својот економски и конкурентен имиџ, справувајќи се со сите предизвици на глобалната економска криза. Успевате да ја задржите самодовербата, втемелена во сопствените ресурси и со примена на различни стратегии да ја остварувате својата визија во борбата за повисока конкурентност на либерализираниот пазар, со што  го одржавте оптимизмот во бизнис-заедницата. Затоа, за македонската економија императив е да бидете многу побројни отколку што сте сега, а фирмите кои не се денес овде, што побрзо да ја остварат својата планирана инвестиција, да го остварат својот сон за поуспешен бизнис и да ни се придружат на следната годишнина. – порача Азески.

         Комората, беше нагласено, во рамките на своите законски овластувања ќе придонесува и ќе ги поддржува  сите оние кои ќе се определат своите активности да ги насочат  кон нејзините  клучни определби:
1. домашните и странските инвестиции да бидат двигател на растот;
2. да се зголеми извозот на конкурентни производи за одржлив развој;
3. приватниот сектор да стане стожер на економскиот раст и да ја апсорбира високата невработеност.  

           Стопанска комора на Македонија во оваа прилика им додели признанија на менаџери кои инвестирале во нови производни погони во Република Македонија  периодот од 2008 година до денес: 

Стопанската комора на Македонија 91 година постоење - доделување на награди за инвестиции во кризен период


 • БУЧИМ ДООЕЛ, Радовиш
 • ФЕРО ИНВЕСТ ДОО експорт-импорт , Скопје
 • МЕГА СОЛАР ДООЕЛ, Скопје
 • ТЕКОМА ДОО, Штип
 • ЕЛЕМ АД, Скопје
 • АРЦЕЛОРМИТАЛ АД, Скопје
 • СКОПСКИ ЛЕГУРИ ДООЕЛ, Скопје
 • ЏОНСОН МЕТИ, Скопје
 • ИГМ-ТРЕЈД ДОО, Кавадарци
 • ВИНАРИЈА СТОБИ ДООЕЛ, Градско
 • ПЕКАБЕСКО АД, Скопје
 • ВИПРО ДООЕЛ, Гевгелија
 • АЛАЈАНС УАН МАКЕДОНИЈА, АД Кавадарци
 • СОКОТАБ ДОО, Битола
 • ВЕЗЕ ШАРИ ДОО, Желино
 • МАКПРОГРЕС ДОО, Виница
 • РИМЕС ДОО, Скопје
 • МЛЕКАРА ЗДРАВЈЕ РАДОВО ДОО, Босилово
 • РИМА-СТИЛ ДОО, експорт-импорт Скопје
 • МИКРОСАМ АД, увоз-извоз Прилеп
 • АГРОМЕТАЛ ДООЕЛ, увоз-извоз Скопје
 • РАДЕ КОНЧАР ТРАНСФОРМАТОРИ И ЕЛЕКТРИЧНИ ПОСТРОЈКИ -
   ТЕП ДООЕЛ, Скопје
 • СТИЛ КОН ДОО увоз-извоз, Куманово
 • РАДЕ КОНЧАР - СЕРВИС И ПОПРАВКИ НА ЕЛЕКТРИЧНИ
   ПРОИЗВОДИ ДОО, Скопје
 • АЛКАЛОИД АД, Скопје.

      Признанија добија и менаџери од Република Македонија кои инвестирале во странство:


 • РЕНОВА ДОО, Тетово
 • УРБАН ИНВЕСТ ДОО, Кавадарци
  • АЛКАЛОИД АД, Скопје
  • АДИНГ АД, Скопје
  • БРИЛИЈАНТ ДОО, Штип
  • ПРОМЕС ДОО, Скопје
  • ДАСТО ДООЕЛ, Скопје
  • ДПТУ БРАКО ДОО, Велес.


    Од добитниците на наградите  на присутните им се обратија Глигор Цветанов  од „Макпрогрес“ од Виница и Живко Мукаетов од „Алкалоид“ од Скопје.

Прилог:
Презентација на Наградените компании во 2013 година











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права