20.04.2018 (Семинар)
Подобрување на репутацијата и имиџот на компанијата преку брзо и ефикасно решавање на жалби, поплаки и неусогласен производ, системски решенија, вештини и решавање на конфликтни ситуации интерно во компанијата и према купувачите

20.04.2018 (Конференција)
Конференција на тема: „Зголемување на конкурентноста на домашните мали и средни претпријатија со цел подобрување на нивната соработка со странските инвеститори“ - Можности и предизвици-

23.04.2018 (Семинар)
ОРГАНИЗАЦИЈА И НАДЗОР НА ДОКУМЕНТИРАН СИСТЕМ НА ИНФОРМАЦИИ ВО КОМПАНИЈАТА И ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА АРХИВСКО РАБОТЕЊЕ

23.04.2018 (Работилница)
ВОВЕД ВО РЕЛАЦИОНИ БАЗИ НА ПОДАТОЦИ

24.04.2018 (Советување)
Вработување согласно одредбите на Законот за работните односи, разлики помеѓу вработувањето на кандидатите според Законот за работните односи и Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административните службеници

24.04.2018 (Семинар)
МЕНАЏИРАЊЕ НА ВРЕМЕТО ВО ОРГАНИЗАЦИИТЕ (TIME MANAGEMENT)

26.04.2018 (Инфо сесија)
Инфо сесија на тема: Развојни насоки на програмите за советодавни услуги во земјоделието за подобрување на локалната економија

26.04.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар: Измени во подзаконската регулатива во областа на противпожарната заштита

27.04.2018 (Семинар)
ЕФИКАСНИ МАРКЕТИНГ КОМУНИКАЦИИ СО ФОКУС НА ДИГИТАЛЕН МАРКЕТИНГ И СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

30.04.2018 (Семинар)
ПРАВНА ПРИРОДА НА ДОГОВОРИТЕ ЗА ПРЕВОЗ И ШПЕДИЦИЈА, ПРАВА И ОБВРСКИ НИЗ ПРИЗМАТА НА СУДСКАТА ПРАКСА И ВИДОВИ ДОКАЗИ

30.04.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:БАРАЊА НА СИСТЕМОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЕНЕРГИЈА, СПОРЕД БАРАЊАТА НА МЕЃУНАРОДНИОТ СТАНДАРД ISO 50001:2011 ENERGY MANAGEMENT SYSTEM (ENMS)

08.05.2018 (Бизнис средби)
Конференција и меѓународни деловни средби „FUTURE OF BUILDING“ 8-9 мај 2018 година, Виена, Австрија

29.05.2018 (Семинар)
УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРАВOТО ЗА БЕЗБЕДНА И ЗДРАВА РАБОТНА СРЕДИНА (Законска регулатива на БЗР во Р.Македонија)

30.05.2018 (Форум)
Бизнис форум: Франција – Балкан 2018-30.05-01.06.2018, Белград

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

16.04.2018


Актуелно  

УНАПРЕДУВАЊЕ НА АРБИТРАЖНОТО РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ ЗА ПОГОЛЕМА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ БИЗНИС ПАРТНЕРИТЕ - Најава за Меѓународна конференција на 19 и 20 април 2018 година


На денешната прес-конференција, претседателот на Постојаниот избран суд – Арбитража при Стопанската комора на Македонија, д-р Горан Рафајловски, најави дека на 19 и 20 април 2018 година, во Стопанската комора на Македонија, во организација на Арбитражата со поддршка на Централно-европската иницијатива (ЦЕИ) ќе се одржи Меѓународната конференција: „АРБИТРАЖАТА ДЕНЕС: ИНИЦИЈАТИВИ И ПЕРСПЕКТИВИ“. Д-р Рафајловски информираше дека истакнати експерти, теоретичари и практичари од 10 различни европски земји, вклучувајќи адвокати од водечките светски адвокатски друштва, арбитри со децениско искуство во арбитража, како и професори кои долги години се занимаваат со овие прашања, два дена ќе дискутираат за најактуелните прашања од областа на арбитражното право.

Излагањата на говорниците на конференцијата ќе опфатат теми од важност за работењето на компаниите, а кои се поврзани со постојаната тенденција за проширување на кругот на споровите кои можат да се решаваат во арбитражна постапка особено оние кои произлегуваат од правото на интелектуална сопственост, антимонополското и концесиското право. Понатаму ќе бидат разгледани и практичните прашања поврзани со арбитражните постапки и активностите кои се преземаат за остварување на нивна поголема ефикасност и Њујоршката конвенција од 1958 година, благодарение на која странските арбитражни одлуки за разлика од судските одлуки уживаат поедноставен режим на признавање и извршување, а ќе се дискутираат и придобивките и идните предизвици поврзани со нејзината примена. Конечно, акцент ќе биде ставен и на инвестициската арбитража која се покажа како ефикасен механизам за заштита на инвеститорите од нерамноправен третман од страна на државата - домаќин и билатералните инвестициски договори кои се основа за покренување на ваквите спорови.

Како што истакна д-р Рафајловски, на светско ниво, арбитражата е префериран метод за решавање на споровите кои произлегуваат од деловното работење за 90% од компаниите, и е најчесто применуван метод за решавање на споровите кои произлегуваат од областите градежништво и енергетика. Компаниите како најпозитивна карактеристика на арбитражата ја гледаат извршноста на одлуката, по што следат флексибилноста, можноста за самостоен избор на арбитрите кои ќе постапуваат во спорот и временската ефикасност на постапката.

Д-р Рафајловски посочи дека арбитражното решавање на споровите кое се одликува со голема ефикасност, квалитет и брзина на постапката, како и стручност на арбитрите кои постапуваат во споровите може да придонесе за враќање на довербата во правосудниот систем во државата, при што домашните компании наместо да ја договараат надлежноста на арбитражите во Париз, Цирих или Лондон, ќе ја договараат надлежноста на Постојаниот избран суд – Арбитража при Стопанската комора на Македонија. Арбитражата при Стопанската комора на Македонија може да се пофали со голема ефикасност на постапката имајќи предвид дека просечното времетраење на постапката изнесува 232 денови (7,5 месеци) – и тоа се однесува од моментот на поднесување на тужбата до моментот на донесување на правосилна одлука. Во практиката, Арбитражата бележи и случаи на траење на постапката од 125 денови (речиси 4 месеци), што за компаниите значи значителна заштеда на време и трошоци за решавање на споровите кои произлегуваат од нивното работење.

д-р Татјана Штерјова

м-р Нена Николовска











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права