Бизнис средби / 01.10.2019

„MARKETPLACE AUSTRIA FOOD 2019“

Стопанската комора на Австрија во Виена, Австрија


   

„MARKETPLACE AUSTRIA FOOD 2019“

БИЗНИС-СРЕДБА НА АВСТРИСКИ ФИРМИ СО ПРОИЗВОДИТЕЛИ И УВОЗНИЦИ НА ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ ОД ЦЕЛИОТ СВЕТ

1 октомври 2019 година
Стопанска комора на Австрија, Виена
https://food2019.b2match.io


Почитувани,

Стопанската комора на Австрија заедно со Трговското одделение при Амбасадата на Република Австрија во Република Македонија и Стопанската комора на Македонија,  и оваа година организираат деловни средби меѓу австриски фирми-производители на прехранбени производи и интернационални увозници на прехранбени производи од целиот свет.

„MARKETPLACE AUSTRIA FOOD“ е настан со најголема посетеност и 14-годишна традиција, на којшто присуствуваат компании од целиот свет.

За таа цел, Ве покануваме на овој настан, со цел да реализирате соработка со австриските производители и со останатите учесници на деловните средби.

Настанот ќе се одржи на 1.10.2019 година (вторник), во Стопанската комора на Австрија во Виена.

„MARKETPLACE AUSTRIA FOOD“ нуди можност за компаниите увозници на прехранбени производи, храна и пијалаци од Македонија и од светот со цел да ја зголемат својата мрежа на контакти, да пробаат нови производи, да запознаат нови добавувачи, да разменат нови идеи и да остварат деловна соработка со познати компании и експерти за производство и трговија на големо и мало со храна и пијалаци од целиот свет.

Исто така Ве информираме дека дололку сакате да учествувате на овој настан како и на B2B средбите, задолжително треба да се регистрирате на следниот линк: https://food2019.b2match.io, каде можете да ги видите сите фирми кои се пријавени досега, да ја видите програмата и сите останати релевантни информации во врска со настанот.

Рокот на пријавување е до 31.08.2019 година.

За компаниите кои ќе се пријават и обезбедат учество на деловните средби (Б2Б) со австриските компании ќе бидат обезбедени:

-  бесплатни две ноќевања со појадок, во хотел со 4 ѕвезди;

Трошоците за превозот Скопје - Виена - Скопје се на товар на самите компании.

Контакт лице:
Ирена Мојсовска
Стопанска комора на Македонија
Телефон: ++ 389 2 3244 009
E-адреса: irena@mchamber.mk
http://www.mchamber.mk

Контакт лице:
Билјана Еделинска
Раководител на канцеларијата
________________________________________
Trgovsko oddelenie pri
Avstriska Ambasada
Skopje
Maksim Gorki br.1
1000 Skopje
T +389 2 310 92 32
F +389 2 313 19 68
skopje@advantageaustria.org
www.advantageaustria.org/mk

 

Агенда на настанот Пријави се електронски

Контакт лица:

Ирена Мојсовска
++ 389 2 3244009


Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 12.12.2019
ЕФИКАСНО УПРАВУВАЊЕ СО ПРОЦЕСОТ НА ПРОДАЖБА
Семинар, 12.12.2019
УПРАВУВАЊЕ СО ОТСУСТВА И МОТИВАЦИЈА НА ВРАБОТЕНИТЕ
Семинар, 13.12.2019
ПРЕСМЕТКОВНИ ФОРМУЛИ И ФУНКЦИИ И ПИВОТ ТАБЕЛИ ВО КАНЦЕЛАРИСКОТО РАБОТЕЊЕ
Семинар, 13.12.2019
KPI - KEY PERFORMANCE INDICATOR (КЛУЧЕН ИНДИКАТОР ЗА ИЗВРШУВАЊЕ) Основи и како се дефинираат?
Семинар, 16.12.2019
ОСНОВИ НА GOOGLE ADS
Семинар, 16.12.2019
МЕТОДИ ЗА НАДМИНУВАЊЕ НА ПРОБЛЕМОТ НА ЗАДОЦНЕТА НАПЛАТА НА ПОБАРУВАЊА
Семинар, 17.12.2019
ПОДГОТОВКА НА ПРОЕКТИ ЗА ГРАНТОВИ ОД ЕУ И ДРУГИ ДОНАТОРСКИ ПРОГРАМИ
Семинар, 17.12.2019
ОТСТРАНУВАЊЕ НА РАБОТНИК ДО ДОНЕСУВАЊЕ ОДЛУКА ЗА ОТКАЗ НА ДОГОВОРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ - СУСПЕНЗИЈА
Семинар, 18.12.2019
ВЕШТ АДМИНИСТРАТИВЕН РАБОТНИК - Архивско- канцелариско работење / Деловно- финансиско работење -
Семинар, 23.12.2019
АКТУЕЛНОСТИ ВО ПОГЛЕД НА ПРАВАТА И ОБВРСКИТЕ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ПЛАЌАЊЕТО НА РАБОТАТА