28.08.2014 (Саем)
15-ти МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ИНОВАЦИИ, СОРАБОТКА И ПРЕТПРИЕМНИШТВО „INOCOOP 2014”

29.08.2014 (Форум)
МАКЕДОНСКО-ТУРСКИ БИЗНИС-ФОРУМ СО ИНДУСТРИЈАЛЦИ И БИЗНИСМЕНИ ОД РЕГИОНАЛНАТА СТОПАНСКА КОМОРА НА ИСПАРТА, РЕПУБЛИКА ТУРЦИЈА

04.09.2014 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:„ЗАПОЗНАВАЊЕ СО НАЈНОВИТЕ ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ И НАСОКИ ЗА НИВНА ПРАВИЛНА ПРИМЕНА“

05.09.2014 (Семинар)
Eднодневен семинар на тема:„НОВОТО УПАТСТВО ЗА НАЧИНОТ И ТЕХНИКАТА НА ПОСТАПУВАЊЕ СО АРХИВСКИОТ И ДОКУМЕНТАРНИОТ МАТЕРИЈАЛ ВО КАНЦЕЛАРИСКОТО И АРХИВСКОТО РАБОТЕЊЕ"

10.09.2014 (Саем)
Посета на македонски компании на меѓународниот саем за занаетчиство и мали бизниси “МОС 2014” од 10-15. септември 2014 година, во Цеље, Р.Словенија,

11.09.2014 (Саем)
Меѓународен саем за информатичко комуникациски технологии "CeBIT Eurasia" од 11-14 септември 2014 во Истанбул, Турција

16.09.2014 (Саем)
„AUTOMECHANIKA FRANKFURT 2014“ Саем за автомобилската индустрија

17.09.2014 (Саем)
„CONSTRUCT HOME 2014“ - 3. Меѓународен саем за архитектонски дизајн, градежни материјали, технологии и опрема за модерни домови

18.09.2014 (Саем)
Меѓународен саем за пакување-EURASIA PACKAGING 2014 ISTANBUL и Меѓународен саем за технологија на храна-ISTANBUL FOOD-TECH 2014.

24.09.2014 (Саем)
MARMOMACC - 2014 - 49. Меѓународен саем за мермер, машини за обработка на камен во градежништво, дизајн и технологија(24 - 27 септември 2014 година, Верона, Италија)

18.10.2014 (Конференција)
4-та Меѓународна конференција за економија, што ќе се одржи од 18 до 20 октомври 2014 година во хотелот „Ака Антедон“ - Анталија

19.10.2014 (Саем)
Меѓународен саем за храна „СИАЛ 2014“ 19 до 23 октомври 2014 година во Париз, Франција

12.11.2014 (Саем)
Меѓународен саем за медицина МЕДИКА 12-14.ноември 2014 Диселдорф, Германија

04.12.2014 (Саем)
Меѓународен Саем за пластика PLAST EURASIA ISTANBUL 2014, 4-ти до 6-ти декември 2014 година, Истанбул

04.12.2014 (Саем)
13. Меѓународен саем за обработка на метал, заварување „BURSA METAL PROCESSING TECHNOLOGIES FAIR“;

Основни информации

Здружение на трговијата


Здружението на трговијата е стручен облик на организирање и работење во рамките на Стопанската комора на Македонија, преку кој членовите на Комората од дејноста на трговијата, самостојно одлучуваат и вршат работи и задачи од интерес за соодветната дејност.

Здружението ги обединува и артикулира интересите на правните субјекти кај кои претежна дејност е трговијата на големо или трговијата на мало.

Членките во здружението имаат можност согласно своите потреби и интереси да формираат постојани организациони форми преку кои ќе ги идентификуваат, дефинираат и сублимираат специфичните интереси.

Основни цели и задачи на ова Здружение пред се’ се:

 
  • разгледување прашања во врска со унапредувањето на работењето и решавањето на тековните проблеми во дејноста, врши економска пропаганда и организира саеми, изложби, стопански делегации што се од посебен интерес на членовите на Здружението;
  • усогласување на пројавените спротивности и различни интереси во рамките на својата дејност, имајќи ги предвид и интересите на стопанството во целина;
  • усвојување заклучоци и предлага мерки што се од заеднички интерес на членовите, а кои не се во спротивност со позитивните законски прописи и добрите деловни обичаи;
  • разгледување предлози на закони и други прописи, дава мислења и предлози по прашања од заеднички интерес на членовите и покренува иницијативи за донесување и за измени и дополнувања на истите;
  • иницирање и остварување соработка по прашања од заеднички интерес на членовите од други здруженија во рамките на Комората и меѓународна соработка во согласност со прогамските активности и општите акти на Комората;
  • унапредување на бизнис-климата во земјата, преку поттикнување на имплементација на европските правила и стандарди и перманентното функционално образование и иновација на знаењата на стручните кадри од дејноста;
  • ја промовира Комората како задолжително, неутрално место за консултирање на бизнисот за сите прашања од интерес на стопанството.
  • градењето на стабилни и продлабочени партнерски односи со надлежните државни органи и институции, а особено со Министерството за економија и надлежните инспекциски органи, во функција на создавање здрава клима на лојална конкурентска основа.

Соработката и партнерскиот однос со надлежните државни органи и институции е од посебно значење, чиј бенефит би бил во можноста за проактивна превенција во донесувањето и спроведувањето на законската и подзаконската регулатива, во сузбивање на сивата економија и нелојалната конкуренција на пазарот и сл.. Ваквата соработка резултира со зголемена ефикасност, добра стопанска клима, континуран пораст на квалитетот и економски просперитет.

Придобивките од партнерскиот однос треба да бидат взаемни.

Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт лице : Лазо Ангелевски
Тел: (02) 3244090 Факс:(02) 3244088
Call Центар : (02) 15015
E-адреса: laze@mchamber.mk

Брилијантен покровител

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции
© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права