ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Актуелно
25.06.2019 👁 Прочитано: 560

СМАРТ ТЕХНОЛОГИЈА ЗА КОМУНАЛНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО ИНТЕРЕС НА ГРАЃАНИТЕ


Здружението на комуналните дејности при Стопанската комора на Македонија пред членките на Здружението од дејноста отпад и пред претставници на локалната самоуправа, градоначаланици, одделенија за комунален отпад и инфраструктура го претстави проектот „Паметни градови – технологија за комуналните претпријатија во интерес на граѓаните“. Презентацијата беше реализирана од страна на Милан Змеко и Лудовит Кудела, од компанијата „ОМС“ од Р. Словачка.

Програмата на паметни градови нуди инфраструктура која е отворена за сегашните и идните потреби на градовите. Концептот комбинира повеќе компоненти:

    • осветлување - економично, константно, одржливо;
    • контролен систем - можност за следење на сообраќајот,   регулирање за светлосна сигнализација, улични камери, метео   станици, паркиралишта;
    • можност за надградба на софтверска мрежа (на пример, за   контрола на комунален отпад по локации, канти и   контејнери);
    • поврзаност со wi-fi мрежа.

Со концептот на паметни градови, како што презентираа претставниците на компанијата „ОМС“, може да се надгради инфраструктурата на локално ниво без дополнителни трошоци, според потребите и во интерес на граѓаните и на локалната самоуправа за обезбедување подобри услови за функционирање на општините и пониски трошоци за комунални услуги за жителите на секоја поединечна општина.

Компанијата „ОМС“ е една од водечките компании за осветлување во Европа. Основана е во 1995 година. Има над 600 вработени, а 98% од своето производство го пласира во повеќе од 120 земји ширум светот.

Презентацијата на Проектот беше реализирана во соработка и со компанијата „Еко клуб“ - членка на Здружението на комуналните дејности при Стопанската комора на Македонија и активен субјект во комуналните инфраструктурни активности.

На презентацијата присуствуваше и Владе Стојановски, почесен конзул на Република Словачка во нашата земја, кој ги поздрави присутните и изрази задоволство од можноста за продлабочување на соработката меѓу комании од двете земји, во насока на имплементирање на софистицирана опрема која има повеќекратно значење и влијание.

Даниела Михајловска Василевска

СМАРТ ТЕХНОЛОГИЈА ЗА КОМУНАЛНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО ИНТЕРЕС НА ГРАЃАНИТЕ
СМАРТ ТЕХНОЛОГИЈА ЗА КОМУНАЛНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО ИНТЕРЕС НА ГРАЃАНИТЕ
СМАРТ ТЕХНОЛОГИЈА ЗА КОМУНАЛНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО ИНТЕРЕС НА ГРАЃАНИТЕ
СМАРТ ТЕХНОЛОГИЈА ЗА КОМУНАЛНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО ИНТЕРЕС НА ГРАЃАНИТЕ
СМАРТ ТЕХНОЛОГИЈА ЗА КОМУНАЛНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО ИНТЕРЕС НА ГРАЃАНИТЕ