ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Неделен коментар
   
Неделен коментар
21.06.2019 👁 Прочитано: 2076

ЗАДОЛЖИТЕЛНА КОНСУЛТАЦИЈА СО БИЗНИС-ЗАЕДНИЦАТА ЗА ПОДОБРА РЕГУЛАТИВА


Елена Милевска Штрбевска

д-р Елена Милевска Штрбевска

Главен советник на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија за правни прашања

Задолжителната консултација на бизнис-заедницата при донесувањето на законите е едно од најзначајните прашања кое Стопанската комора на Македонија го повторува, со цел да не се случуваат какви било „заобиколувања“. Ова е од причина што во многубројните анкети што ги спроведува Стопанската комора на Македонија за сопствени потреби при анализа на ефектите од примената на одредени закони и подзаконската регулатива, многу честа е забелешката на компаниите дека во постапката за донесување на одредена регулатива, на бизнис-заедницата не и` е оставена каква било можност да ги изнесе своите ставови и гледишта по предложените акти, ниту активно да се вклучи во процесот на нормативно уредување на определени прашања.

Процесот на проценка на влијанието на регулативата, вклучувањето на засегнатите страни во процесот на консултации, а особено воспоставувањето на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР) се значајни чекори во насока на развој на квалитетна регулатива и истите придонесуваат за подобрување на можностите за активно вклучување на бизнис-заедницата во процесот на креирање политики.

Гледано наназад, Стопанската комора на Македонија, со првото писмо упатено до ОЕЦД во 2004 година, се заложи за воспоставување дијалог со Владата во сферата на регулаторното владеење преку измена на Деловникот за работа на Владата, но и на Деловникот за работа на органите и телата на Собранието. Следејќи ја препораката на ОЕЦД, Владата, во јуни 2006 година донесе Заклучок дека коморите задолжително треба да се консултираат во процесот на донесување на регулативата, а во 2008 година препораката се преточи во конкретни владини акти. Имено, со Деловникот за изменување и дополнување на Деловникот за работа на Владата на Република Македонија („Службен весник на РМ“, бр. 29/2008) и Методологијата за проценка на влијанието на регулативата („Службен весник на РМ“, бр. 37/2008), во Република Македонија се воведува јавност во процесот на проценка на влијанието на регулативата преку задолжителни консултации. Ова е резултат на препораките на ОЕЦД во рамките на Извештајот за регулаторното владеење во РМ за 2004 година, а и на процесот на апроксимацијата на националното законодавство со законодавството на ЕУ. Согласно наведената регулатива, од 1 јануари 2009 година почнаа да се спроведуваат задолжителни консултации и со бизнис заедницата, како засегната страна, во процесот на донесувањето регулативата. Основната идеја на ваквите консултации се состои во можноста преку техниките на учество на засегнатите страни во процесот на донесување на закони да се прават електронски консултации (информирање, прибирање мислења и сугестии), како и фокусирани трибини, јавни расправи и работилници).

Сите информации релевантни за процесот за донесување закони, како и самите закони во различни фази требаше да бидат достапни преку Единствениот електронски регистар на прописи: ener.gov.mk. Оваа веб-страница се очекуваше дека ќе овозможи транспарентност на регулаторните процеси со екстерна контрола, односно можност засегнатите страни непосредно да остварат влијание врз креирањето на правниот амбиент. Во случајот, бизнис заедницата преку своите асоцијации, комори или индивидуално, de lege имаат можност непосредно да го проценуваат влијанието на регулативата (ПВР). Придобивките од воведување на процесот на ПВР е овозможување комплетност и длабочина на анализата за реалните влијанија на регулативата и транспарентност и консултации како интерно, меѓу министерствата, така и екстерно, со останатите засегнати страни. Преку меѓуминистерските консултации, согласно Методологијата, се очекуваше дека ќе се спречи потенцијалната можност за удвојување на активностите или дури спротивставени активности.

Наспроти позитивните искуства, она што многу повеќе треба да се нагласи е и фактот што во праксата процесот на консултации не се применува редовно и секогаш, туку само во одредени случаи, без притоа да се има некое посебно образложение зошто е тоа така.

Во 2015 година, Собранието донесе 541 закон, од кои, според податоците од Канцеларијата на УСАИД во Македонија, 57 отсто се донесени „преку ноќ“, без јавни консултации. Иако тоа беше во насока на подобрување на регулативата, сепак, се покажа како голем предизвик за бизнисите, за нивните напори да се приспособат кон направените промени. Законите се добри на хартија, но во практиката создаваат проблеми. Впрочем, КОЛКУ ПОВЕЌЕ ЗАКОНИ, ТОЛКУ ПОВЕЌЕ ДУПКИ ВО ЗАКОНИТЕ! Особено ако се донесуваат во скратена или итна постапка, без или со минимални консултации со засегнатите страни.

Со оглед на многубројните укажувања на субјектите кои се јавуваат како засегнати страни во процесот на консултации, како што се стопанските комори и граѓанските асоцијации, случаите на донесување закони по скратена постапка не се толку чести, како што тоа беше случај изминатите години, но сепак ги има и кога за тоа нема реална потреба. Залагањата на бизнис-секторот се состојат токму во намалувањето на случаите на донесување закони по итна постапка, со цел да имаат можност да дадат свој активен придонес во дефинирањето на законските решенија, уште во првите фази на нивната подготовка, од причина што само на таков начин може да се избегнат ризиците да се создаде регулатива која нема да биде применлива во праксата.

Следејќи ги искуствата во процесот на консултации на бизнис-секторот при донесувањето или менувањето на прописите, може да се заклучи дека е се ` поголема свесноста за потребата да се консултираат сите оние на кои одреден пропис се однесува или треба да се применува, од причина што неприменлива регулатива е полошо и од немање регулатива.

Повеќе од јасно е дека вклучувањето на засегнатите страни, меѓу кои и Комората како глас на бизнис заедницата, во процесот на проценка на влијанието на регулативата може да обезбеди дополнителни информации потребни за дефинирање на новите регулативи. Анализите кои се прават во самиот процес претставуваат дополнување на постојните и тековно користени анализи, со што се придонесува за пореално искажување на влијанието на креираните политики и се врши надградба. Но, дали процесот на консултации со бизнис заедницата експлицитно се спроведува во практиката, ќе прочитате во наредните коментари на оваа тема.

А ШТО ДА ПРАВИМЕ СО МАСОВНАТА МИГРАЦИЈА НА НАШИТЕ МЛАДИ?

ПОГОЛЕМА ЕФИКАСНОСТ ВО СПРЕЧУВАЊЕ НА СИВАТА ЕКОНОМИЈА

ПОВТОРУВАЊЕТО Е МАЈКА НА ЗНАЕЊЕТО!

РЕГУЛАТИВА, ОБРАЗОВАНИЕ, РАБОТНА СИЛА

ПРЕВЕНЦИЈА ОД ЗЛОУПОТРЕБА НА ВЛАСТА како препорака на бизнис-заедницата за врвен приоритет во државата

ПРИСТАПОТ ДО ПРАВДАТА како битна претпоставка за владеење на правото

ПРАВНАТА СИГУРНОСТ КАКО ЗНАЧАЈНА КОМПОНЕНТА НА ВЛАДЕЕЊЕТО НА ПРАВОТО

ВЛАДЕЕЊЕТО НА ПРАВОТО И БИЗНИСОТ

(НЕ)ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА НА ПРОПИСИТЕ КАКО ИНДИКАТОР ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО

ВЛАДЕЕЊЕТО НА ПРАВОТО – ОБВРСКА ЗА СИТЕ!

ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО - ИМПЕРАТИВ ЗА СТАБИЛНИ И ПРЕДВИДЛИВИ УСЛОВИ ЗА ВОДЕЊЕ БИЗНИС

ЕНЕР – ПРЕДИЗВИК ЗА НАДГРАДБА

БИЗНИС-ЗАЕДНИЦАТА КОНСТРУКТИВЕН УЧЕСНИК ВО ПРОЦЕСОТ НА КОНСУЛТАЦИИ ПРИ ДОНЕСУВАЊЕ ПРОПИСИ

ИСТРАЈНИ ВО ВИЗИИТЕ И УПОРНИ ВО БАРАЊАТА

Новиот Закон ќе ја намали корупцијата во јавните набавки ?

ПОДОБРУВАЊЕ НА СОСТОЈБИТЕ ВО ПРАВОСУДСТВОТО - ИМПЕРАТИВ ЗА ПОДОБРА БИЗНИС КЛИМА

РЕГУЛАТИВА ИМАМЕ, НО КАКВА ЌЕ БИДЕ ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА?

АКТИВЕН ЈАВНО-ПРИВАТЕН ДИЈАЛОГ, КАКО ОСНОВА ЗА ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК

OПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ

РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ, ОПШТИНИТЕ, ДРЖАВАТА И ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО

ВЕЧНА ТЕМА – ДИЈАЛОГ МЕЃУ ПРИВАТНИОТ И ЈАВНИОТ СЕКТОР

И ПО 5 ГОДИНИ НЕМА НАПРЕДОК ПО ИНИЦИЈАТИВАТА ЗА ЗАКОНСКО НОРМИРАЊЕ НА ХОЛДИНГОТ

OПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА НАШИТЕ КОМПАНИИ

ВИСОКО РАЗВИЕНА ЈАВНА СВЕСТ, КОРПОРАТИВНА КУЛТУРА И ВРЕДНОСТИ ЗА ОПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА КОМПАНИИТЕ

ОПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА - ЗНАЧАЕН ПРИДОНЕС ВО СОЗДАВАЊЕТО ЗАЕДНИЧКИ ВРЕДНОСТИ ОД ГОЛЕМО ЗНАЧЕЊЕ

ЌЕ НИКНЕ ЛИ ПРВАТА РЕГИОНАЛНА ИНСТИТУЦИЈА?

НАКРАТКО ЗА ОДНОСОТ МЕЃУ ДРЖАВАТА, КАПИТАЛОТ И ТРУДОТ

ПОТРЕБНИ СЕ ПОДОБРУВАЊА ВО ДАНОЧНИОТ РЕЖИМ НА ХОЛДИНГОТ ВО МАКЕДОНИЈА

ЖЕНА - ЛИДЕР – РЕАЛНОСТ ИЛИ УТОПИЈА?

БИЗНИСРЕГУЛАТИВА.МК: Милевска Штрбевска: Да се изработи стандардна тендерска документација за јавните набавки

ОЧЕКУВАЊА ОД НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

Стоп за донесувањето закони без консултации со бизнис заедницата

ХОЛДИНГ