23.01.2019 (Семинар)
Еднодневен семинар: ИНТЕГРАЦИЈА НА МАРКЕТИНГ СТРАТЕГИЈАТА СО ОПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА КОМПАНИИТЕ

25.01.2019 (Семинар)
МАРКЕТИНГ ТРЕНДОВИ И АЛАТКИ ЗА 2019 ГОДИНА - КАКО ДА БИДЕТЕ ВО ЧЕКОР СО СВЕТСКИОТ НАПРЕДОК?

25.01.2019 (Повик)
LETTER OF INVITATION for all interested students, graduates etc., to obtain Internships in Macedonian SME’s, related to Activity V.3 “Developing specific custom industry projects in selected DSMEs”

29.01.2019 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ОПАСНИ МАТЕРИИ И ОПАСЕН ОТПАД, СОБИРАЊЕ И ОТСТРАНУВАЊЕ, СКЛАДИРАЊЕ И ДЕПОНИРАЊЕ, РЕЦИКЛИРАЊЕ, ГОРЕЊЕ, КРИТИЧКИ ТОЧКИ И „CASE STUDY“

29.01.2019 (Семинар)
Задолжителни елементи на договорот за вработување, можност за измена на договорот за вработување во делот на плата, работни задачи, забрана за работа на работодавачот, заштита од мобинг преку инспекциски надзор

30.01.2019 (Тренинг обука)
ОБУКА И РАЗВОЈ НА ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ –КРЕИРАЊЕ НА ДОДАДЕНА И УПОТРЕБЛИВА ВРЕДНОСТ ЗА ОРГАНИЗАЦИИТЕ

30.01.2019 (Семинар)
ПРИСТАП ДО ФИНАНСИИ, ВЕШТИНИ И ОРГАНИЗАЦИЈА – ПРЕДУСЛОВ ЗА УСПЕШНА КОМПАНИЈА

31.01.2019 (Семинар)
ТЕЛЕФОНСКА ПРОДАЖБА (TELESALES)

31.01.2019 (Семинар)
Најнови измени на Законот за јавни набавки - НОВИ ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

01.02.2019 (Семинар)
Планирање, анализа, организација и реализација на работењето во писарница, преку управување со списите и актите во согласност со потребите на организацијата

14.02.2019 (Семинар)
Еднодневен семинар:DATA MINING КОНЦЕПТИ И ТЕХНИКИ КАКО ОСНОВА НА БИЗНИС АНАЛИЗА

19.02.2019 (Тренинг обука)
ОБУКА НА СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ

19.02.2019 (Тренинг обука)
Дводневна обука на тема:СТРАТЕГИСКО ПЛАНИРАЊЕ СО ПРИМЕНА НА SWOT МАТРИЦА И КАРТАТА НА ВРАМНОТЕЖЕНИ РЕЗУЛТАТИ (КВР)

21.02.2019 (Семинар)
Најнови измени на Законот за јавни набавки - НОВИ ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

26.02.2019 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ПРОИЗВОДСТВОТО

27.02.2019 (Тренинг обука)
ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА УСПЕШНОСТ ПРЕКУ ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА КОМУНИКАЦИЈА

03.03.2019 (Советување)
ГРАДЕЊЕ СИЛНИ ОРГАНИЗАЦИСКИ ТИМОВИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ПРЕДИЗВИЦИ НА РАБОТНОТО МЕСТО

11.04.2019 (Бизнис средби)
Mеѓународни деловни средби за стартап, мали и средни компании од Источна Европа во Диселдорф, Германија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

21.03.2017


Актуелно  

СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ПРОДОЛЖУВА СО РЕАЛИЗАЦИЈА НА БЕСПЛАТНИТЕ СЕМИНАРИ ЗА МЕДИЈАЦИЈАТА КАКО ЕФИКАСЕН НАЧИН НА РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ ВО СКОПЈЕ


По циклусот на успешно реализираните бесплатни семинари во 2016-та година на тема: „МЕДИЈАЦИЈАТА КАКО ЕФИКАСЕН НАЧИН НА РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ“, кои се одржаа во Штип, Кавадарци, Кичево, Охрид, Прилеп, Битола, Скопје, Велес, Куманово, Тетово, Струмица и Виница каде присуствуваа повеќе од 300 учесници-преставници од приватниот и јавниот сектор, Стопанската комора на Македонија и во 2017-та година продолжи со агендата на оранизација и реализација на нов циклус на бесплатни семинари и други промотивни активности за промоција на медијацијата кои ги реализира со предавачи-лиценцирани медијатори согласно последните промени на Законот за медијација, како и со експерти со долгогодишно искуство од областа на медијацита низ сите градови во Македонија.

 

Така, согласно големиот интерес, после одржаните семинари за медијација на 24.01.2017 година и на 21.02.2017 година во Стопанската комора на Македонија со присутво на повеќе од 150 учесници претставници од компаниите и од државните институции, на 21.03.2017 година исто така во Стопанската комора на Македонија, се одржа бесплатниот семинар на тема:„МЕДИЈАЦИЈАТА КАКО ЕФИКАСЕН НАЧИН НА РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ“. И на овој семинар во Комората имаше над 60 присутни учесници и на истиот беше детално објаснета медијацијата во РМ согласно законските прописи, акцент беше ставен на тоа кои се медијабилни/немедијабилни предмети и беа детално и практично објаснети почетокот на постапката на медијацијата, текот и завршувањето на постапката.

Стопанската комора на Македонија, како најголема и најбројна бизнис-асоцијација во Република Македонија, прва започна со креирање и нудење на нова услуга во своето портфолио на активности, односно воведе поддршка за вршење на Медијација како за членките, така и нечленките. За таа намена Комората отвори и канцеларија за вршење на дополнителните услуги.

Стопанската комора на Македонија во следниот период продолжува со организација на циклусот на бесплатни семинари кои ги реализира со предавачи – лиценцирани медијатори преку организација на промотивни настани и семинари низ повеќе градови и регионални комори во РМ. Следете не' за новите агенди!

Законски одредби:

 Задолжителен обид за медијација во стопанските спорови:
(2) Во стопанските спорови за парично побарување чијашто вредност не надминува 1.000.000,00 денари, а по кои постапката се поведува со тужба пред суд, странките се должни пред поднесување на тужбата, да се обидат спорот да го решат по пат на медијација.
(3) При поднесувањето на тужбата тужителот е должен да приложи доказ издаден од медијатор дека обидот за решавање на спорот по пат на медијација не успеал.
(4) Тужбата кон која не е приложен доказот од ставот (2) на овој член ќе ја отфрли.
(Член 47 од Законот за изменување и дополнување на Законот за парничната постапка (Службен весник на Република Македонија, бр. 124 од 23.7.2015 година).
* Единствено лиценциран медијатор може да спроведе постапка за медијација:
(1) Медијатор може да биде деловно способно физичко лице кое поседува лиценца за вршење на медијаторски работи (во натамошниот текст: лиценца за медијатор).
(2) Лиценца за медијатор му се издава на лицето кое ќе го положи испитот за проверка на теоретските познавања и практичните вештини на медијацијата (во натамошниот текст испит за медијатори) пред Одборот за обезбедување, следење и оценување на квалитет на работите на медијацијата (во натамошниот текст: Одборот) и ќе презентира склучен договор за осигурување од одговорност за штета согласно член 24, став (4) од овој Закон.
(Член 46, став 1 и 2 од Законот за медијација (Службен весник на Република Макединија, бр. 188 од 31.12.2013 година). 

* Листата на лиценцирани медијатори е објавена на веб-страната на Министерството за правда www.pravda.gov.mk.

Повеќе информации во Стопанската комора на Македонија во врска со медијацијата можете да добиете на тел. 02/3244-031. Лице за контакт д-р Јелисавета Георгиева.

д-р Јелисавета Георгиева











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права