23.01.2019 (Семинар)
Еднодневен семинар: ИНТЕГРАЦИЈА НА МАРКЕТИНГ СТРАТЕГИЈАТА СО ОПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА КОМПАНИИТЕ

25.01.2019 (Семинар)
МАРКЕТИНГ ТРЕНДОВИ И АЛАТКИ ЗА 2019 ГОДИНА - КАКО ДА БИДЕТЕ ВО ЧЕКОР СО СВЕТСКИОТ НАПРЕДОК?

25.01.2019 (Повик)
LETTER OF INVITATION for all interested students, graduates etc., to obtain Internships in Macedonian SME’s, related to Activity V.3 “Developing specific custom industry projects in selected DSMEs”

29.01.2019 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ОПАСНИ МАТЕРИИ И ОПАСЕН ОТПАД, СОБИРАЊЕ И ОТСТРАНУВАЊЕ, СКЛАДИРАЊЕ И ДЕПОНИРАЊЕ, РЕЦИКЛИРАЊЕ, ГОРЕЊЕ, КРИТИЧКИ ТОЧКИ И „CASE STUDY“

29.01.2019 (Семинар)
Задолжителни елементи на договорот за вработување, можност за измена на договорот за вработување во делот на плата, работни задачи, забрана за работа на работодавачот, заштита од мобинг преку инспекциски надзор

30.01.2019 (Тренинг обука)
ОБУКА И РАЗВОЈ НА ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ –КРЕИРАЊЕ НА ДОДАДЕНА И УПОТРЕБЛИВА ВРЕДНОСТ ЗА ОРГАНИЗАЦИИТЕ

30.01.2019 (Семинар)
ПРИСТАП ДО ФИНАНСИИ, ВЕШТИНИ И ОРГАНИЗАЦИЈА – ПРЕДУСЛОВ ЗА УСПЕШНА КОМПАНИЈА

31.01.2019 (Семинар)
ТЕЛЕФОНСКА ПРОДАЖБА (TELESALES)

31.01.2019 (Семинар)
Најнови измени на Законот за јавни набавки - НОВИ ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

01.02.2019 (Семинар)
Планирање, анализа, организација и реализација на работењето во писарница, преку управување со списите и актите во согласност со потребите на организацијата

14.02.2019 (Семинар)
Еднодневен семинар:DATA MINING КОНЦЕПТИ И ТЕХНИКИ КАКО ОСНОВА НА БИЗНИС АНАЛИЗА

19.02.2019 (Тренинг обука)
ОБУКА НА СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ

19.02.2019 (Тренинг обука)
Дводневна обука на тема:СТРАТЕГИСКО ПЛАНИРАЊЕ СО ПРИМЕНА НА SWOT МАТРИЦА И КАРТАТА НА ВРАМНОТЕЖЕНИ РЕЗУЛТАТИ (КВР)

21.02.2019 (Семинар)
Најнови измени на Законот за јавни набавки - НОВИ ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

26.02.2019 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ПРОИЗВОДСТВОТО

27.02.2019 (Тренинг обука)
ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА УСПЕШНОСТ ПРЕКУ ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА КОМУНИКАЦИЈА

03.03.2019 (Советување)
ГРАДЕЊЕ СИЛНИ ОРГАНИЗАЦИСКИ ТИМОВИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ПРЕДИЗВИЦИ НА РАБОТНОТО МЕСТО

11.04.2019 (Бизнис средби)
Mеѓународни деловни средби за стартап, мали и средни компании од Источна Европа во Диселдорф, Германија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

18.05.2018


Актуелно  

ДАЛИ КОНЕЧНО ДОЧЕКАВМЕ НОВ ИНВЕСТИЦИСКИ ЦИКЛУС ЗА МАКЕДОНСКОТО СТОПАНСТВО?


Бранко Азески,
претседател на Стопанската комора на Македонија

Во изминатите десетина дена беа официјализирани нови инвестиции на четири домашни компании, што упатуваат на заклучокот дека се создава позитивна клима за нови инвестиции на македонското стопанство

Еден подолг период инвестициските активности на домашните компании беа редок исклучок, наместо редовно правило – што во определена мерка, можеби и не е чудно, имајќи ги предвид политичката и безбедносната ситуација во која македонските компании се најдоа затечени. А ова е уште повеќе разбирливо кога на оваа состојба ќе се придодадат „хроничните“ проблеми кои вообичаено ги носи со себе македонското бизнис опкружување – корупцијата, „сивата“ економија, неефикасните судови и даночниот систем, нерешените имотни права, слабите банкарски услуги и ограничените можности за финансирање кои им стојат на располагање на домашните компании, отсуството на предвидливост во системот која е клучна за донесување на деловните одлуки, неразвиената инфраструктура... - и можеби листава може да продолжи до крајот на оваа страница.

Затоа можеби и ќе звучи изненадувачки што во изминатите десетина денови присуствував на отворањето на четири нови инвестиции на домашни компании, долгогодишни успешни членки на Стопанската комора на Македонија, секоја од себе бренд и лидер во својата област, пример кој треба да се истакне и јавно да се пофали.

На почетокот на минатата недела, во Тетово, во рамките на неодамна изградениот комплекс „РЕМ Центар“ во центарот на градот, беше отворен првиот хотел брендиран под името на меѓународниот синџир на хотели „Mercure“ – инвестиција во вкупна вредност од 40 милиони евра и извонреден објект со пет ѕвезди кој се простира на 60.000 метри квадратни. Особено импонира смелоста таков врвен објект со толку голем капацитет да се отвори надвор од главниот град, но ако се има предвид реномето на инвеститорот „Ренова“ како вистински препознатлив домашен бренд и лидер во индустријата на градежните производи, не се сомневам дека овој објект ќе придонесе за значителен развој на туристичките потенцијали на градот, но и за унапредување на деловниот амбиент во тој дел од државата.

Во текот на истата недела беше отворен уште еден голем инвестициски проект во областа на угостителството и туризмот – хотелот „Unique“ во Охрид, во близина на мостот Билјанини Извори – уште едно извонредно хотелско здание со 130 просторни и луксузно уредени соби, што придонесува за подигнување на нивото на туристичката понуда во нашиот главен туристички центар. Инвеститорот – компанијата АД „Илинден“ е докажан и етаблиран лидер во градежниот сектор, а проширувањето на делокругот на активности и во областа на хотелиерството само ја потврдува премисата дека градителите се тука за да создаваат нови вредности во домашната економија.

Крајот на неделата го донесе отворањето на уште еден инвестициски објект – а овој се карактеризира по специфичноста што се наоѓа надвор од нашите граници – пример што особено треба да се истакне. По веќе реализираните инвестиции во Косово и во Албанија, македонската компанија „Даути Комерц“ ја официјализираше новата инвестиција во регионот во дистрибутивен центар во Подгорица, Црна Гора, во вредност од 3,5 милиони евра - магацин на големо, за увоз и дистрибуција на мешана стока, каде што ќе се третира увезена стока од Македонија, Србија, од земји-членки на Европската унија, Азија и Јужна Америка. Компанијата веќе има обезбедено доминантна позиција на производите и брендовите кои ги застапува на пазарите каде што е присутна, и е вистинска движечка сила за активностите што треба да бидат основата во работењето на секоја наша компанија – освојување на странските пазари, па верувам дека овој дистрибутивен центар значително ќе придонесе за постигнувањето на овие цели.

Конечно, почетокот на неделата што полека изминува го одбележа отворањето на новиот производствен погон на компанијата „Единство“ – с. Челопек - една од најголемите компании во секторот фармерство со вкупен капацитет од 24.000 свињи, како и сопствено производство на сточна храна. Во новиот производствен капацитет, кој се наоѓа во с. Брвеница, Тетово, се планира расекување на свежо месо, како и мали деликатесни серии преработки од сопствено свежо месо. Станува збор за инвестиција вредна 1,5 милиони евра, но што е уште поважно, станува збор за современ капацитет направен по највисоки европски стандарди, а кој функционира во рурална средина – што е исклучително позитивен пример за процесот на децентрализација, кој се` почесто се наметнува како предуслов за растот на приватниот сектор. 

Зошто се осврнувам на овие примери? Од едноставна причина што нивните мали инвестициски победи значат зрак на надеж за целата македонска економија и придонесуваат за создавање позитивна клима за нови инвестиции – а неспорно е дека економскиот раст може да се постигне само ако постојано се инвестира – во нови технологии, во замена на постојната застарена опрема, реконструкции за проширување на капацитетите, технолошки модернизации, воведување нови производи во производните програми, подобрување на работните услови, проширување на трговската мрежа и освојување нови пазари, подигнување на стручното ниво на работниците, воведување нови форми на организација и управување....можностите се неограничени.

Не сум сигурен дали од овие изминати десетина дена може со сигурност да се наѕира нов инвестициски циклус во македонската економија – но посакувам тоа да е така, затоа што веќе доволно долго време македонското стопанство беше несигурно и претпазливо. За ова значително треба да придонесе и новиот Закон за финансиска поддршка на инвестициите усвоен на почетокот на месецов, кој поставува законски нормирана рамка за финализирање на иницијативата за поддршка на успешните македонски компании, како и зголемување на нивната конкурентност и инвестициска активност. Затоа, охрабрете се, извадете ги инвестициските планови кои ги чувавте некаде во задните фиоки, реализирајте ги идеите за нови производни линии кои потајно ги планиравте со години, освојувајте нови пазари – затоа што ниедна инвестиција не останува без резултат!











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права