19.02.2019 (Тренинг обука)
ОБУКА НА СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ

21.02.2019 (Семинар)
НОВ ЗАКОН ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

22.02.2019 (Семинар)
Еднодневен семинар: СИСТЕМАТИЗИРАЊЕ НА РАБОТНИ МЕСТА - ЕФИКАСНА КОМУНИКАЦИЈА ВНАТРЕ ВО КОМПАНИЈАТА И МОТИВАЦИЈА НА ВРАБОТЕНИТЕ -

25.02.2019 (Работилница)
Правна заштита на правните субјекти преку правилно утврдување и уредно исполнување на договорните обврски во домашниот и во надворешниот промет

26.02.2019 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ПРОИЗВОДСТВОТО

26.02.2019 (Семинар)
ОСНОВНИ ПРИНЦИПИ НА ЕРГОНОМИЈАТА И НЕЈЗИНАТА УЛОГА ВО БЕЗБЕДНОСТА И ЗДРАВЈЕТО НА РАБОТНИЦИТЕ

27.02.2019 (Тренинг обука)
ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА УСПЕШНОСТ ПРЕКУ ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА КОМУНИКАЦИЈА

28.02.2019 (Семинар)
ЗАТВОРАЊЕ НА ПОБАРУВАЊА - ИСПОЛНУВАЊЕ, КОМПЕНЗАЦИЈА, ОТПУШТАЊЕ ДОЛГ, НОВАЦИЈА, ЗАСТАРЕНОСТ, ЦЕСИЈА, ЗАСМЕТУВАЊЕ НА ИСПОЛНУВАЊЕ, ДОГОВОР ЗА ФАКТОРИНГ

03.03.2019 (Советување)
ГРАДЕЊЕ СИЛНИ ОРГАНИЗАЦИСКИ ТИМОВИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ПРЕДИЗВИЦИ НА РАБОТНОТО МЕСТО

12.03.2019 (Семинар)
НОВ ЗАКОН ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ - НОВИ ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

15.03.2019 (Академија)
АКАДЕМИЈА ЗА ПРОДАЖНИ ВЕШТИНИ -SALES ACADEMY-

21.03.2019 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ОПАСНИ МАТЕРИИ И ОПАСЕН ОТПАД, СОБИРАЊЕ И ОТСТРАНУВАЊЕ, СКЛАДИРАЊЕ И ДЕПОНИРАЊЕ, РЕЦИКЛИРАЊЕ, ГОРЕЊЕ, КРИТИЧКИ ТОЧКИ И „CASE STUDY“

01.04.2019 (Бизнис средби)
БИЗНИС СРЕДБИ ВО ХАНОВЕР, СР ГЕРМАНИЈА, ОД 1 ДО 4 АПРИЛ 2019 ГОДИНА

11.04.2019 (Бизнис средби)
Mеѓународни деловни средби за стартап, мали и средни компании од Источна Европа во Диселдорф, Германија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

03.11.2015


Актуелно  

ЕФИКАСНАТА НАПЛАТА НА ПОБАРУВАЊАТА од интерес и за членките на Здружението на трговијата и за извршителите


Здружението на трговијата одржа состанок со претставници од Комората на извршителите на Република Македонија, со цел разгледување на спорните прашања поврзани со примената на Законот за извршување, а во функција на ефикасна наплата на побарувањата на доверителите.

На средбата се разгледаа проблемите поврзани со неможноста за спроведување на повеќе извршни дејствија во исто време заради наплата на побарувањата (блокада на сметка и попис на имотот на должникот) заради ограничувањата во законот, со што постапката се одолговлекува и се оневозможува брза и ефикасна наплата; можноста за воспоставување  регистар на побарувања за кои е поведена постапка за извршување, од кој ќе може да се воочат и проблематичните случаи каде што постојат застои во постапките за извршување, со цел да се идентификуваат причините за застојот; ограничуваањата на извршителите за постапување во случаите кога седиштата на деловните субјекти се наоѓаат во нивни приватни живеалишта, станови и слично; одолговлекувањето на постапките во случаите кога за секое извршно дејствие се користи правото на приговор и жалба и разгледување на можноста за соодветно законско решение што ќе овозможи побрза постапка; проблемите поврзани со постапката за извршување во случај на отворање стечајна постапка, како и административните трошоци за спроведување на извршните дејствија и можноста за нивно намалување преку можноста за електронско поврзување на сите институции заради поефтина постапка на извршување, вклучувајќи ги и Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Агенцијата за вработување, Централниот депозитар за хартии од вредност и други надлежни институции.

Врз основа на дискусијата, произлезе и потребата за подлабинско спроведување на истражување меѓу членките на Здружението на трговијата, но и членките на Комората од другите дејности, кои имаат практични проблеми во врска со спроведувањето на определени одредби од Законот за извршување.

Стопанската комора на Македонија и Комората на извршителите на РМ ќе формираат работна група која ќе ги идентификува и аргументира проблемите со кои се соочуваат засегнатите страни во постапката за извршување, со цел истите да бидат предмет на натамошни измени и дополнувања на соодетните законски прописи со кои истите се регулирани, а во функција на ефикасна постапка за извршување, која ќе овозможи брза наплата на побарувањата кои не можеле да се наплатат по доброволен пат, а за кои постои соодветен законски основ.

М-р Елена Милевска Штрбевска











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права