23.01.2019 (Семинар)
Еднодневен семинар: ИНТЕГРАЦИЈА НА МАРКЕТИНГ СТРАТЕГИЈАТА СО ОПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА КОМПАНИИТЕ

25.01.2019 (Семинар)
МАРКЕТИНГ ТРЕНДОВИ И АЛАТКИ ЗА 2019 ГОДИНА - КАКО ДА БИДЕТЕ ВО ЧЕКОР СО СВЕТСКИОТ НАПРЕДОК?

25.01.2019 (Повик)
LETTER OF INVITATION for all interested students, graduates etc., to obtain Internships in Macedonian SME’s, related to Activity V.3 “Developing specific custom industry projects in selected DSMEs”

29.01.2019 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ОПАСНИ МАТЕРИИ И ОПАСЕН ОТПАД, СОБИРАЊЕ И ОТСТРАНУВАЊЕ, СКЛАДИРАЊЕ И ДЕПОНИРАЊЕ, РЕЦИКЛИРАЊЕ, ГОРЕЊЕ, КРИТИЧКИ ТОЧКИ И „CASE STUDY“

29.01.2019 (Семинар)
Задолжителни елементи на договорот за вработување, можност за измена на договорот за вработување во делот на плата, работни задачи, забрана за работа на работодавачот, заштита од мобинг преку инспекциски надзор

30.01.2019 (Тренинг обука)
ОБУКА И РАЗВОЈ НА ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ –КРЕИРАЊЕ НА ДОДАДЕНА И УПОТРЕБЛИВА ВРЕДНОСТ ЗА ОРГАНИЗАЦИИТЕ

30.01.2019 (Семинар)
ПРИСТАП ДО ФИНАНСИИ, ВЕШТИНИ И ОРГАНИЗАЦИЈА – ПРЕДУСЛОВ ЗА УСПЕШНА КОМПАНИЈА

31.01.2019 (Семинар)
ТЕЛЕФОНСКА ПРОДАЖБА (TELESALES)

31.01.2019 (Семинар)
Најнови измени на Законот за јавни набавки - НОВИ ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

01.02.2019 (Семинар)
Планирање, анализа, организација и реализација на работењето во писарница, преку управување со списите и актите во согласност со потребите на организацијата

14.02.2019 (Семинар)
Еднодневен семинар:DATA MINING КОНЦЕПТИ И ТЕХНИКИ КАКО ОСНОВА НА БИЗНИС АНАЛИЗА

19.02.2019 (Тренинг обука)
ОБУКА НА СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ

19.02.2019 (Тренинг обука)
Дводневна обука на тема:СТРАТЕГИСКО ПЛАНИРАЊЕ СО ПРИМЕНА НА SWOT МАТРИЦА И КАРТАТА НА ВРАМНОТЕЖЕНИ РЕЗУЛТАТИ (КВР)

21.02.2019 (Семинар)
Најнови измени на Законот за јавни набавки - НОВИ ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

26.02.2019 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ПРОИЗВОДСТВОТО

27.02.2019 (Тренинг обука)
ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА УСПЕШНОСТ ПРЕКУ ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА КОМУНИКАЦИЈА

03.03.2019 (Советување)
ГРАДЕЊЕ СИЛНИ ОРГАНИЗАЦИСКИ ТИМОВИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ПРЕДИЗВИЦИ НА РАБОТНОТО МЕСТО

11.04.2019 (Бизнис средби)
Mеѓународни деловни средби за стартап, мали и средни компании од Источна Европа во Диселдорф, Германија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

10.09.2018


Ставови  

ИНВЕСТИЦИИ: ХОТЕЛ АЛЕКСАНДАР ПАЛАС


Бранко Азески, претседател
Стопанска комора на Mакедонија

Во саботата се навршија точно дваесет години од отворањето на првиот македонски хотел со пет ѕвезди - хотелот Александар Палас, кој беше прва значајна гринфилд инвестиција во областа на туризмот во независна Македонија. Инвеститор беше компанијата "Фершпед" АД Скопје, долгогодишна членка на Комората, истакната македонска компанија, која континуитетот на успешно работење и инвестирање го задржа и до денес.

Физибилити студијата беше изработена во Белград, и недвосмислено покажуваше дека доколку се вложи во хотел од висока категорија, повратот на инвестицијата ќе биде за седум години. Проектното решение е дело на група македонски архитекти, предводени од проф.Јанко Константинов, а целата инвестиција изнесуваше 20 милиони германски марки.

Бизнис духот се провејуваше уште од самите почетоци на хотелот - прв гостин во хотелот на 08 септември 1998 година беше еден од најголемите турски бизнисмени Шарик Тара, сопственик на компанијата Енка, една од најголемите градежни компании во светот, а прв политичар кој го посетил хотелот беше Сулејман Демирел, кој престојуваше со 100-члена бизнис делегација.

Во изминатите дваесет години тој преставува гордост и бренд на главниот град на Република Македонија. Впрочем, нема значајна личност во светот која не спиела, не ручала, не пиела кафе, не држела говор, не играла тенис, не настапувала во хотелот Александар Палас - светски државници и политичари, спортисти, актери и музичари оставиле свој отисок во успешната приказна на хотелот изминативе години. Нема објект на Балканот каде на простор од 40x40 метри се одиграле толку значајни настани, продефилирале толку значајни луѓе и се одржале толку значајни средби. Со еден збор, хотелот е македонска бизнис гордост, многу добро опишан во книгата „Приказни со пет ѕвезди" од Б.Азески и Г.Михајловски.

п.с. На патувањето кон Истанбул, Турција на состанокот на Асоцијацијата на европските комори Еурочембрс минатата недела, искрено ме израдува што од рафтовите на бензинска станица на ОМВ во близина на Пловдив, Бугарија можевме да купиме македонски производи - грисини од брендовите на Макпрогрес Виница. Впрочем, стапката на раст на извозот на стоки и услуги од 12,2% за првото полугодие од 2018 година е само формална потврда дека македонските брендови имаат квалитет и конкурентност да освојат било кој пазар во светот, и дека нашите производи се препознаени на светските пазари, на што во Комората сме особено горди.











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права