23.01.2019 (Семинар)
Еднодневен семинар: ИНТЕГРАЦИЈА НА МАРКЕТИНГ СТРАТЕГИЈАТА СО ОПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА КОМПАНИИТЕ

25.01.2019 (Семинар)
МАРКЕТИНГ ТРЕНДОВИ И АЛАТКИ ЗА 2019 ГОДИНА - КАКО ДА БИДЕТЕ ВО ЧЕКОР СО СВЕТСКИОТ НАПРЕДОК?

25.01.2019 (Повик)
LETTER OF INVITATION for all interested students, graduates etc., to obtain Internships in Macedonian SME’s, related to Activity V.3 “Developing specific custom industry projects in selected DSMEs”

29.01.2019 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ОПАСНИ МАТЕРИИ И ОПАСЕН ОТПАД, СОБИРАЊЕ И ОТСТРАНУВАЊЕ, СКЛАДИРАЊЕ И ДЕПОНИРАЊЕ, РЕЦИКЛИРАЊЕ, ГОРЕЊЕ, КРИТИЧКИ ТОЧКИ И „CASE STUDY“

29.01.2019 (Семинар)
Задолжителни елементи на договорот за вработување, можност за измена на договорот за вработување во делот на плата, работни задачи, забрана за работа на работодавачот, заштита од мобинг преку инспекциски надзор

30.01.2019 (Тренинг обука)
ОБУКА И РАЗВОЈ НА ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ –КРЕИРАЊЕ НА ДОДАДЕНА И УПОТРЕБЛИВА ВРЕДНОСТ ЗА ОРГАНИЗАЦИИТЕ

30.01.2019 (Семинар)
ПРИСТАП ДО ФИНАНСИИ, ВЕШТИНИ И ОРГАНИЗАЦИЈА – ПРЕДУСЛОВ ЗА УСПЕШНА КОМПАНИЈА

31.01.2019 (Семинар)
ТЕЛЕФОНСКА ПРОДАЖБА (TELESALES)

31.01.2019 (Семинар)
Најнови измени на Законот за јавни набавки - НОВИ ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

01.02.2019 (Семинар)
Планирање, анализа, организација и реализација на работењето во писарница, преку управување со списите и актите во согласност со потребите на организацијата

14.02.2019 (Семинар)
Еднодневен семинар:DATA MINING КОНЦЕПТИ И ТЕХНИКИ КАКО ОСНОВА НА БИЗНИС АНАЛИЗА

19.02.2019 (Тренинг обука)
ОБУКА НА СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ

19.02.2019 (Тренинг обука)
Дводневна обука на тема:СТРАТЕГИСКО ПЛАНИРАЊЕ СО ПРИМЕНА НА SWOT МАТРИЦА И КАРТАТА НА ВРАМНОТЕЖЕНИ РЕЗУЛТАТИ (КВР)

21.02.2019 (Семинар)
Најнови измени на Законот за јавни набавки - НОВИ ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

26.02.2019 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ПРОИЗВОДСТВОТО

27.02.2019 (Тренинг обука)
ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА УСПЕШНОСТ ПРЕКУ ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА КОМУНИКАЦИЈА

03.03.2019 (Советување)
ГРАДЕЊЕ СИЛНИ ОРГАНИЗАЦИСКИ ТИМОВИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ПРЕДИЗВИЦИ НА РАБОТНОТО МЕСТО

11.04.2019 (Бизнис средби)
Mеѓународни деловни средби за стартап, мали и средни компании од Источна Европа во Диселдорф, Германија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

30.07.2018


Ставови  

ВРЕМЕ Е ЗА ПРОМЕНА НА БУЏЕТСКАТА ПЕРЦЕПЦИЈА


Бранко Азески, претседател
Стопанска комора на Македонија
http://www.mchamber.mk//upload/Branko1.jpg

Бура на коментари и експертски мислења покрена информацијата дека реализацијата на капиталните инвестиции за првите шест месеци од годината достигна само 16,6%, односно од предвидените 393 милиони евра за капитални инвестиции, реализирани се само 65,3 милиони евра.

Но потребно е фокусот на дискусијата да го насочиме малку пошироко – во контекст на една изрека на Jacob Lew, поранешниот државен секретар за финансии на САД во администрацијата на Обама, кој вели - Буџетот не е само збир на бројки, туку израз на нашите вредности и  стремежи.

Па на што укажува структурата на буџетите на нашата држава во изминативе години? Така на пример, ако се погледне структурата на расходите во буџетот за 2018 година, 11,5% отпаѓаат на плати и надоместоци, 18% на набавката на стоки и услуги, 31,3% на социјалните бенефиции, а 10,5% на капитални расходи. Бројките не се нешто поразлични и ако ги споредиме со буџетот од пред 10 години – во буџетот од 2008 година (пред ребалансот), на плати и надоместоци отпаѓале 17,2%, на стоки и услуги 13,9%, на социјални бенефиции 39,5%, а на капитални расходи 15,9%. Значи нашите приоритети отсекогаш биле социјалните трансфери и платите на државната администрација.

И покрај тоа, стапката на реализација на капиталните инвестиции никогаш ја нема надминато магичната граница од 85% од планираните (иако е спорно и дали сé што се евидентира како реализирана капитална инвестиција тоа и навистина е, но за тоа во друга прилика). Нивната реализација нормално не зависи само од едно место – а разбирливо е дека можеби овластените функционери надлежни за спроведувањето на овие капитални проекти нерадо пристапуваат кон трошењето на овие средства, имајќи ја предвид јавната преосетливост околу трошењата од државната каса.

Затоа, не инсистирам да се забрза реализацијата на капиталните инвестиции – тоа веќе се подразбира. Но секако инсистирам да видиме нивно реално спроведување, и приказ дека вредностите и стремежите на оваа држава вклучуваат и реализација на капитални вложувања, во кое и да биде поле.

п.с. Што остана од ЦЕФТА? Запустено предворје на ЕУ во кое секој си прави што сака. И после не нé бидува. Далеку е ЕУ од нас. А најдалеку од Косово.











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права