28.11.2014 (Форум)
Регионална конференција – Размена на искуства, вмрежување & деловни средби

28.11.2014 (Семинар)
НОРМАТИВИ И СТАНДАРДИ ВО ТРГОВСКИТЕ ДРУШТВА СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ И ЗАКОНОТ ЗА ПОЖАРНИКАРСТВО

28.11.2014 (Повик)
ПРОМОТИВЕН БИЗНИС-ДИРЕКТОРИУМ НА МАКЕДОНСКИТЕ КОМПАНИИ ЗА СОРАБОТКА СО СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ

02.12.2014 (Семинар)
Еднодневен семинар: “Закон за данокот на добивка, измени во Законот за добивка -нов правилник за нормирани износи на кало, растур, крш и расипување

02.12.2014 (Тренинг обука)
Обука за подготовка и аплицирање на Европските проекти Хоризонте 2020 ,Косме

04.12.2014 (Семинар)
Еднодневен семинар: Закон за данокот на добивка, измени во Закон за добивка - Правилник за нормирани износи на

04.12.2014 (Саем)
ПОКАНА за посета на 24-иот Меѓународен Саем за пластика "PLAST EURASIA ISTANBUL 2014"

04.12.2014 (Саем)
13. Меѓународен саем за обработка на метал, заварување „BURSA METAL PROCESSING TECHNOLOGIES FAIR“;

05.12.2014 (Семинар)
Советување на тема:,,ЗАПОЗНАВАЊЕ СО НАЈНОВИТЕ ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ И НАСОКИ ЗА НИВНА ПРАВИЛНА ПРИМЕНА”

05.12.2014 (Тренинг обука)
Обука во Охрид за подготовка и аплицирање на Европски проекти и Запознавање со новите Европски програми 2014-2020 достапни за компаниите

11.12.2014 (Семинар)
Еднодневен семинар - Закон за данокот на добивка, измени во Закон за добивка - Правилник за нормирани износи на кало, растур, крш и расипување

12.12.2014 (Тренинг обука)
Еднодневна обука: Креирање профитабилен раст за организациите со стратегијата „син океан“

12.12.2014 (Тренинг обука)
Обука за подготовка и аплицирање на Европски проекти и запознавање со новите Европски програми 2014-2020 достапни за компаниите

27.01.2015 (Форум)
Форум GREEN VENTURES Лајпциг, Германија

Основни информации

Здружение на трговијата


Здружението на трговијата е стручен облик на организирање и работење во рамките на Стопанската комора на Македонија, преку кој членовите на Комората од дејноста на трговијата, самостојно одлучуваат и вршат работи и задачи од интерес за соодветната дејност.

Здружението ги обединува и артикулира интересите на правните субјекти кај кои претежна дејност е трговијата на големо или трговијата на мало.

Членките во здружението имаат можност согласно своите потреби и интереси да формираат постојани организациони форми преку кои ќе ги идентификуваат, дефинираат и сублимираат специфичните интереси.

Основни цели и задачи на ова Здружение пред се’ се:

 
  • разгледување прашања во врска со унапредувањето на работењето и решавањето на тековните проблеми во дејноста, врши економска пропаганда и организира саеми, изложби, стопански делегации што се од посебен интерес на членовите на Здружението;
  • усогласување на пројавените спротивности и различни интереси во рамките на својата дејност, имајќи ги предвид и интересите на стопанството во целина;
  • усвојување заклучоци и предлага мерки што се од заеднички интерес на членовите, а кои не се во спротивност со позитивните законски прописи и добрите деловни обичаи;
  • разгледување предлози на закони и други прописи, дава мислења и предлози по прашања од заеднички интерес на членовите и покренува иницијативи за донесување и за измени и дополнувања на истите;
  • иницирање и остварување соработка по прашања од заеднички интерес на членовите од други здруженија во рамките на Комората и меѓународна соработка во согласност со прогамските активности и општите акти на Комората;
  • унапредување на бизнис-климата во земјата, преку поттикнување на имплементација на европските правила и стандарди и перманентното функционално образование и иновација на знаењата на стручните кадри од дејноста;
  • ја промовира Комората како задолжително, неутрално место за консултирање на бизнисот за сите прашања од интерес на стопанството.
  • градењето на стабилни и продлабочени партнерски односи со надлежните државни органи и институции, а особено со Министерството за економија и надлежните инспекциски органи, во функција на создавање здрава клима на лојална конкурентска основа.

Соработката и партнерскиот однос со надлежните државни органи и институции е од посебно значење, чиј бенефит би бил во можноста за проактивна превенција во донесувањето и спроведувањето на законската и подзаконската регулатива, во сузбивање на сивата економија и нелојалната конкуренција на пазарот и сл.. Ваквата соработка резултира со зголемена ефикасност, добра стопанска клима, континуран пораст на квалитетот и економски просперитет.

Придобивките од партнерскиот однос треба да бидат взаемни.

Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт лице : Лазо Ангелевски
Тел: (02) 3244090 Факс:(02) 3244088
Call Центар : (02) 15015
E-адреса: laze@mchamber.mk

Брилијантен покровител

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции
© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права