20.02.2018 (Тренинг обука)
Еднодневна обука на тема:УСОГЛАСУВАЊЕ СО НОВАТА ЕВРОПСКА РЕГУЛАТИВА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ (GDPR)

22.02.2018 (Работилница)
Работилница за олеснување на трговијата - 22.02.2018 Скопје

23.02.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар:Одговорност за надомест на штета од професионална дејност и осигурување од професионална одговорност

26.02.2018 (Семинар)
ДОГОВОРОТ ЗА ПРОДАЖБА И ТРГОВСКИТЕ СПОРОВИ ВО ВРСКА СО ПРОДАЖБАТА

27.02.2018 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ВНАТРЕШНИ КОНФЛИКТИ ВО КОМПАНИЈАТА (ВЕРТИКАЛНО И ХОРИЗОНТАЛНО) И ПОДОБРУВАЊЕ НА ПЕРФОРМАНСИТЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ

27.02.2018 (Бизнис средби)
Меѓународните деловни средби за градежништво и градежни материјали „R + T 2018“

28.02.2018 (Семинар)
КЛУЧНИ МЕНАЏМЕНТ ВЕШТИНИ И АЛАТКИ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА РАБОТНИОТ ПОТЕНЦИЈАЛ НА ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ ВО ЈАВНИОТ И ВО ПРИВАТНИОТ СЕКТОР

28.02.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар: КОНТРОЛИНГ ВО НАБАВКИТЕ

06.03.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар: ВЕШТИНИ ЗА УСПЕШНО ПРЕГОВАРАЊЕ- WIN-WIN -профит, договор и лојални клиенти-

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

12.03.2018 (Семинар)
ОПТИМИЗАЦИЈА И УРЕДУВАЊЕ НА РАБОТНОТО МЕСТО ПО 5С МЕТОДОЛОГИЈАТА

13.03.2018 (Семинар)
БЕЗБЕДНОСТ И ЗАШТИТА НА ИНФОРМАЦИИ И ПОДАТОЦИ ВО CLOUD ОПКРУЖУВАЊЕ

27.03.2018 (Семинар)
ПРАВИЛНИК ЗА БЛАГАЈНИЧКО РАБОТЕЊЕ

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

09.10.2017


Актуелно  

Системот на колективно управување со посебните текови на отпадот - НАЈНИСКИ ТРОШОЦИ ЗА ИНДУСТРИЈАТА И НАЈГОЛЕМ ЕКОЛОШКИ БЕНЕФИТ ЗА ГРАЃАНИТЕ


Асоцијацијата за управување со посебните текови на отпад, неодмана формирана како посебна форма на организирање и делување во рамките на Стопанската комора на Македонија, е формирана со цел да ги координира учесниците, односно да се постави како спрега помеѓу бизнис секторот, институциите и граѓаните во системот  на управување со отпадот од пакување, од батерии и акумулатори и од електричен и електронски отпад со најниски трошоци за индустријата, а најголем еколошки бенефит за граѓаните, беше истакнато на прес-конференцијата на Комората (9.10.2017 година).

 

Како што на почетокот истакна претседателот на Асоцијацијата, д-р Филип Ивановски, како основачи се 8 компании кои колективно или индивидуално управуваат со отпадот од пакување, од батерии и акумулатори и од електричен и електронски отпад а се очекува бројот на членките да се зголеми и со пристапување на  останати заинтересирани стопански субјекти, како и со субјектите кои се занимаваат со постапување со отпадот од возила, од гуми, текстил и отпад од масла.

-Основните цели на Асоцијацијата се да ги поддржи компаниите во нивните активности за унапредување на системите за управување со посебните текови на отпадот, размена на информации и заедничко делување во подигнување на јавната свест на граѓаните да го селектираат отпадот уште од дома. Во моментов немаме точни податоци за количините на овие видови на отпад, но заедно со засегнатите страни и надлежните институции ќе се ангажираме да ги утвридме количините што се генерираат од сите текови на отпадот. Крајната цел е што поголем дел од овие текови на отпад да заврши на рециклирање, од што покрај еколошкиот бенефит, материјална корист ќе имаат и општините поради вредноста на рециклираниот отпад, - истакна Ивановски.

Колективните постапувачи се формирани од индустријата која ги финансира овие системи на постапување со отпадот, но, за жал, не сите компании финансираат некој од системите. Факт е дека мал број, околу 1.200 компании, се дел од некој систем  па во тој контекст една од задачите на Асоцијацијата е да се промени оваа состојба.

-За да се постигнат националните цели до 2020 година треба сите чинители активно да партиципираат во нивното исполнување, - додаде Ивановски.

Заменик-претседателот на Асоцијацијата, Фана Христовска исто така ја потанцираше потребата што поголем број на генератори на отпадот да станат дел од некој колективен систем или пак индивидуално да постапуваат со отпадот што го создаваат од нивната дејност, со цел истиот да заврши на рециклирање. Со тоа би се избегнала нелојалната конкуренција што тие ја содаваат во однос на фирмите кои постапуваат со својот отпад.

Претставникот на „Еуроекопак“ Љупчо Аврамовски се осврна на активностите на Асоцијацијата во носењето на законските решенија, нивно промовирање на терен и особено на потребата од воспоставување интегриран систем на управување со отпадот од посебните текови во кој мора да бидат вклучени општините, комуналните претппијатија и сите други лчинители во процесот на управување со овие текови на отпадот.

Зорица Мешкова











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права