23.01.2019 (Семинар)
Еднодневен семинар: ИНТЕГРАЦИЈА НА МАРКЕТИНГ СТРАТЕГИЈАТА СО ОПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА КОМПАНИИТЕ

25.01.2019 (Семинар)
МАРКЕТИНГ ТРЕНДОВИ И АЛАТКИ ЗА 2019 ГОДИНА - КАКО ДА БИДЕТЕ ВО ЧЕКОР СО СВЕТСКИОТ НАПРЕДОК?

25.01.2019 (Повик)
LETTER OF INVITATION for all interested students, graduates etc., to obtain Internships in Macedonian SME’s, related to Activity V.3 “Developing specific custom industry projects in selected DSMEs”

29.01.2019 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ОПАСНИ МАТЕРИИ И ОПАСЕН ОТПАД, СОБИРАЊЕ И ОТСТРАНУВАЊЕ, СКЛАДИРАЊЕ И ДЕПОНИРАЊЕ, РЕЦИКЛИРАЊЕ, ГОРЕЊЕ, КРИТИЧКИ ТОЧКИ И „CASE STUDY“

29.01.2019 (Семинар)
Задолжителни елементи на договорот за вработување, можност за измена на договорот за вработување во делот на плата, работни задачи, забрана за работа на работодавачот, заштита од мобинг преку инспекциски надзор

30.01.2019 (Тренинг обука)
ОБУКА И РАЗВОЈ НА ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ –КРЕИРАЊЕ НА ДОДАДЕНА И УПОТРЕБЛИВА ВРЕДНОСТ ЗА ОРГАНИЗАЦИИТЕ

30.01.2019 (Семинар)
ПРИСТАП ДО ФИНАНСИИ, ВЕШТИНИ И ОРГАНИЗАЦИЈА – ПРЕДУСЛОВ ЗА УСПЕШНА КОМПАНИЈА

31.01.2019 (Семинар)
ТЕЛЕФОНСКА ПРОДАЖБА (TELESALES)

31.01.2019 (Семинар)
Најнови измени на Законот за јавни набавки - НОВИ ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

01.02.2019 (Семинар)
Планирање, анализа, организација и реализација на работењето во писарница, преку управување со списите и актите во согласност со потребите на организацијата

14.02.2019 (Семинар)
Еднодневен семинар:DATA MINING КОНЦЕПТИ И ТЕХНИКИ КАКО ОСНОВА НА БИЗНИС АНАЛИЗА

19.02.2019 (Тренинг обука)
ОБУКА НА СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ

19.02.2019 (Тренинг обука)
Дводневна обука на тема:СТРАТЕГИСКО ПЛАНИРАЊЕ СО ПРИМЕНА НА SWOT МАТРИЦА И КАРТАТА НА ВРАМНОТЕЖЕНИ РЕЗУЛТАТИ (КВР)

21.02.2019 (Семинар)
Најнови измени на Законот за јавни набавки - НОВИ ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

26.02.2019 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ПРОИЗВОДСТВОТО

27.02.2019 (Тренинг обука)
ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА УСПЕШНОСТ ПРЕКУ ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА КОМУНИКАЦИЈА

03.03.2019 (Советување)
ГРАДЕЊЕ СИЛНИ ОРГАНИЗАЦИСКИ ТИМОВИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ПРЕДИЗВИЦИ НА РАБОТНОТО МЕСТО

11.04.2019 (Бизнис средби)
Mеѓународни деловни средби за стартап, мали и средни компании од Источна Европа во Диселдорф, Германија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

13.08.2018


Ставови  

ВРЕМЕ Е ЗА УНИШТУВАЊЕ НА „БАЛКАНИЗАЦИЈАТА“


Бранко Азески, претседател
Стопанска комора на Македонија

Години и години наназад секоја економска студија, секоја експертска анализа, секој говор, секоја стратегија почнува и завршува со идејата дека сме насочени кон интеграција кон Европската унија – и кога велам ние не мислам само на Македонија, туку на целиот регион на „фамозниот“ Западен Балкан.

Ама има една клучна разлика – Европската Унија означува синергија, економска соработка, комплементарност, а случувањата на овие простори веќе имаат креирано и посебен термин кој веќе се има вдомено во стручната терминологија – „балканизација“ се употребува да се означи процес на атомизација на помали единици, кои често се и непријателски настроени помеѓу себе. Последен директен пример за овој „феномен“ беше и потегот на Косово со Одлуката за зголемување на царинските стапки на поголем круг на земјоделски производи. И покрај краткорочните ефекти што можеби можат да се остварат преку заштитата на домашното производство, ваквите мерки се надвор од видикот на големата слика која е базирана на премисата дека од слободната трговија и регионалната интеграција на долг рок добиваат сите земји.

Многу години наназад активно зборуваме и работиме на прашањето за економската интеграција на регионот. Тоа помеѓу другото, значи дека ЕУ очекува од нас прво да почнеме забрзано да соработуваме помеѓу себе, пред да можеме да очекуваме било какво забрзување на процесот на пристапување кон ЕУ. Впрочем, и самата поента на ЦЕФТА Договорот е да послужи како предворје на ЕУ, како своевидно „тест-возење“ за заедничкиот пазар. Сепак, податоците покажуваат различна перспектива – уделот на размената со ЦЕФТА земјите во вкупната надворешно-трговска размена на Македонија континуирано опаѓа – до 19,5% во 2000 година, на 11% во 2016 година, а падот е уште поголем ако се гледа во апсолутни бројки, имајќи предвид дека вкупната надворешно трговска размена на Македонија пораснала за повеќе од три пати во анализираниот период.

И пак, со ваквите еднострани протекционистички мерки (косовската одлука е само последната во низата на вакви „уникатни“ примери) покажуваме дека концептот на балканизација се уште е жив, раздвижен, и се уште задава удари на идејата за напредок. Во целиот процес на итање кон евроинтегративните процеси, како да ни промакна сфаќањето дека ЕУ не е цел сама за себе, туку систем на вредности, принципи, стандарди, кои треба на дело да покажеме дека ги остваруваме и ги прифаќаме за свои. Треба да се има предвид дека пред сé ЕУ е економски клуб - ако потфрламе во предворјето со ваквите економски игри, тешко можеме да очекуваме дека ќе не примат во клубот.

п.с. ЦЕФТА е трговски договор кој воспоставува слободна трговска зона, првично склучен во декември 1992 година помеѓу земјите од Вишеградската група (Полска, Чешка, Словачка и Унгарија), кон кој понатаму се приклучиле Словенија, Романија, Бугарија и Хрватска - сите денес држави-членки на ЕУ, а кој во моментот уредува слободна трговска зона помеѓу земјите од Југоисточна Европа – Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Молдавија, Црна Гора, Србија и Косово.











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права