23.01.2019 (Семинар)
Еднодневен семинар: ИНТЕГРАЦИЈА НА МАРКЕТИНГ СТРАТЕГИЈАТА СО ОПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА КОМПАНИИТЕ

25.01.2019 (Семинар)
МАРКЕТИНГ ТРЕНДОВИ И АЛАТКИ ЗА 2019 ГОДИНА - КАКО ДА БИДЕТЕ ВО ЧЕКОР СО СВЕТСКИОТ НАПРЕДОК?

25.01.2019 (Повик)
LETTER OF INVITATION for all interested students, graduates etc., to obtain Internships in Macedonian SME’s, related to Activity V.3 “Developing specific custom industry projects in selected DSMEs”

29.01.2019 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ОПАСНИ МАТЕРИИ И ОПАСЕН ОТПАД, СОБИРАЊЕ И ОТСТРАНУВАЊЕ, СКЛАДИРАЊЕ И ДЕПОНИРАЊЕ, РЕЦИКЛИРАЊЕ, ГОРЕЊЕ, КРИТИЧКИ ТОЧКИ И „CASE STUDY“

29.01.2019 (Семинар)
Задолжителни елементи на договорот за вработување, можност за измена на договорот за вработување во делот на плата, работни задачи, забрана за работа на работодавачот, заштита од мобинг преку инспекциски надзор

30.01.2019 (Тренинг обука)
ОБУКА И РАЗВОЈ НА ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ –КРЕИРАЊЕ НА ДОДАДЕНА И УПОТРЕБЛИВА ВРЕДНОСТ ЗА ОРГАНИЗАЦИИТЕ

30.01.2019 (Семинар)
ПРИСТАП ДО ФИНАНСИИ, ВЕШТИНИ И ОРГАНИЗАЦИЈА – ПРЕДУСЛОВ ЗА УСПЕШНА КОМПАНИЈА

31.01.2019 (Семинар)
ТЕЛЕФОНСКА ПРОДАЖБА (TELESALES)

31.01.2019 (Семинар)
Најнови измени на Законот за јавни набавки - НОВИ ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

01.02.2019 (Семинар)
Планирање, анализа, организација и реализација на работењето во писарница, преку управување со списите и актите во согласност со потребите на организацијата

14.02.2019 (Семинар)
Еднодневен семинар:DATA MINING КОНЦЕПТИ И ТЕХНИКИ КАКО ОСНОВА НА БИЗНИС АНАЛИЗА

19.02.2019 (Тренинг обука)
ОБУКА НА СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ

19.02.2019 (Тренинг обука)
Дводневна обука на тема:СТРАТЕГИСКО ПЛАНИРАЊЕ СО ПРИМЕНА НА SWOT МАТРИЦА И КАРТАТА НА ВРАМНОТЕЖЕНИ РЕЗУЛТАТИ (КВР)

21.02.2019 (Семинар)
Најнови измени на Законот за јавни набавки - НОВИ ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

26.02.2019 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ПРОИЗВОДСТВОТО

27.02.2019 (Тренинг обука)
ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА УСПЕШНОСТ ПРЕКУ ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА КОМУНИКАЦИЈА

03.03.2019 (Советување)
ГРАДЕЊЕ СИЛНИ ОРГАНИЗАЦИСКИ ТИМОВИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ПРЕДИЗВИЦИ НА РАБОТНОТО МЕСТО

11.04.2019 (Бизнис средби)
Mеѓународни деловни средби за стартап, мали и средни компании од Источна Европа во Диселдорф, Германија

Бизнис-настани

10.11.2015 - 10.11.2015


Бизнис средби Братислава,  Словачка

„Саем за директни бизнис средби 2015“ - Братислава, Република Словачка


ПОКАНА
„ Саем за директни бизнис средби  2015“

(“Slovak matchmaking fair 2015”)

 10 ноември 2015 година
 Братислава, Република Словачка

     Стопанската комора на Македонија во соработка со Словачката Агенција за Инвестиции и трговски  развој - SARIO, ве покануваат на “Саем за директни бизнис средби 2015“  во Братислава, Република Словачка којшто ќе се одржи на 10 ноември 2015 година.

     Од 2007 година, Саемот за директни бизнис средби се организира еднаш годишно помеѓу словачки и странски компании, во организација на Словачката агенција за инвестиции и трговски развој под покровителство на Министерството за економија на Република Словачка. Овој настан на компаниите им нуди единствена можност за еден ден и на едно место да  најдат нови бизнис партнери од Словачка и од странство. Оваа година  настанот ќе биде со фокус на Азија и азискиот регион - Централна Азија (Казахстан) и Кина.

     Саемот за директни бизнис средби 2015 е најголемиот Б2Б настан кој го организира Словачката агенција за инвестиции и трговски развој и им нуди единствена можност и на малите и средни претпријатија да најдат потенцијални бизнис партнери во странство и да навлезат во глобалниот пазар.

     Овој меѓународен настан е наменет за:
-  остварување билатерални разговори,
-  презентации на потенцијални партнери и нивните производни капацитети,
-  создавање можности за заеднички вложувања  со странски партнери
- полесно пронаоѓање на партнери за соработка во клучните полиња на автомобилската индустрија, инженерството, енергетиката, електрониката, информатичката и комуникациската технологија и технологиите поврзани со овие дејности.

     Котизацијата за учество на овогодинешниот “Саем за директини бизнис средби 2015“ е 80 € за  еден учесник од компанија. За секој нареден учесник од компанија се доплаќа  дополнителнo 50 €.


     Во котизацијата е вклучено:
- Учество на Б2Б средби со компании од Ваш интерес
- Објава на компанијата учесник во овогодинешниот “Каталог на учесници“
- Чаша вино за добредојде
- Учество во паралени настани
- Освежување за време на паузите

     Ве молиме сите заинтерсирани компании да го пријават своето учество на овогодинешниот „ Саем за директни бизнис средби  2015“  најдоцна до 16 октомври 2015 година (петок), со пополнување на пријавниот лист.


*Напомена:

- Патните трошоци се на товар на компаниите, односно тие сами си организираат превоз.
-  Официјален јазик на бизнис-средбите е англиски.
-  Пријавниот лист мора целосно да биде пополнет на англиски јазик и доставени до Стопанската комора на Македонија најдоцна до 16.10.2015 година.
- По доставување на пријавниот лист организаторот ќе изготви личен профил на Вашата компанија преку кој ќе можете да ги закажувате своите  Б2Б средби по електронски пат, во периодот од 26.10.2015 до 02.11.2015.
- Краен рок за уплата на котизацијата за настанот е 29 октомври 2015. Доколку некоја од компаниите го пријави своето учество на саемот а не ја изврши уплатата до 29 октомври 2015, на истата нема да и биде дозволено присуство на Б2Б средбите.
- Котизацијата за организирање на настанот према Стопанската комора на Македонија изнесува 2.950,00 ден со вклучен ДДВ за компании-членки и 4.950,00 ден со вклучен ДДВ за компании нечленки на Стопанската комора на Македонија.
- За втор учесник по фирма се доплаќа 1.990 денари, со вклучен ДДВ за фирми- членки и 2.990 денари со вклучен ДДВ за фирми нечленки.

     Сите детали во врска со електронското закажување на Б2Б средбите , ќе им бидат доставени на учесниците на e-адресата што ќе ја наведат во пријавата веднаш по нивната регистрација од страна на организаторот.

     Стопанската комора на Македонија ги поканува сите заинтересирани компании да се пријават за посета на Саемот со пополнување на пријавниот лист најдоцна до 16.10.2015 година (петок). После тој датум пријавите нема да бидат земени во предвид и обработени од страна на нашиот партнер.

     За подетални информации во врска со настанот, ве молиме, погледнете ги документите во прилог или контактирајте со

- Сања Николова
телефон: +389 322 44 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт: Стево Серафимов
Тел: (02) 3244000 Факс:(02) 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: ic@ic.mchamber.org.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права