23.01.2019 (Семинар)
Еднодневен семинар: ИНТЕГРАЦИЈА НА МАРКЕТИНГ СТРАТЕГИЈАТА СО ОПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА КОМПАНИИТЕ

25.01.2019 (Семинар)
МАРКЕТИНГ ТРЕНДОВИ И АЛАТКИ ЗА 2019 ГОДИНА - КАКО ДА БИДЕТЕ ВО ЧЕКОР СО СВЕТСКИОТ НАПРЕДОК?

25.01.2019 (Повик)
LETTER OF INVITATION for all interested students, graduates etc., to obtain Internships in Macedonian SME’s, related to Activity V.3 “Developing specific custom industry projects in selected DSMEs”

29.01.2019 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ОПАСНИ МАТЕРИИ И ОПАСЕН ОТПАД, СОБИРАЊЕ И ОТСТРАНУВАЊЕ, СКЛАДИРАЊЕ И ДЕПОНИРАЊЕ, РЕЦИКЛИРАЊЕ, ГОРЕЊЕ, КРИТИЧКИ ТОЧКИ И „CASE STUDY“

29.01.2019 (Семинар)
Задолжителни елементи на договорот за вработување, можност за измена на договорот за вработување во делот на плата, работни задачи, забрана за работа на работодавачот, заштита од мобинг преку инспекциски надзор

30.01.2019 (Тренинг обука)
ОБУКА И РАЗВОЈ НА ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ –КРЕИРАЊЕ НА ДОДАДЕНА И УПОТРЕБЛИВА ВРЕДНОСТ ЗА ОРГАНИЗАЦИИТЕ

30.01.2019 (Семинар)
ПРИСТАП ДО ФИНАНСИИ, ВЕШТИНИ И ОРГАНИЗАЦИЈА – ПРЕДУСЛОВ ЗА УСПЕШНА КОМПАНИЈА

31.01.2019 (Семинар)
ТЕЛЕФОНСКА ПРОДАЖБА (TELESALES)

31.01.2019 (Семинар)
Најнови измени на Законот за јавни набавки - НОВИ ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

01.02.2019 (Семинар)
Планирање, анализа, организација и реализација на работењето во писарница, преку управување со списите и актите во согласност со потребите на организацијата

14.02.2019 (Семинар)
Еднодневен семинар:DATA MINING КОНЦЕПТИ И ТЕХНИКИ КАКО ОСНОВА НА БИЗНИС АНАЛИЗА

19.02.2019 (Тренинг обука)
ОБУКА НА СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ

19.02.2019 (Тренинг обука)
Дводневна обука на тема:СТРАТЕГИСКО ПЛАНИРАЊЕ СО ПРИМЕНА НА SWOT МАТРИЦА И КАРТАТА НА ВРАМНОТЕЖЕНИ РЕЗУЛТАТИ (КВР)

21.02.2019 (Семинар)
Најнови измени на Законот за јавни набавки - НОВИ ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

26.02.2019 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ПРОИЗВОДСТВОТО

27.02.2019 (Тренинг обука)
ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА УСПЕШНОСТ ПРЕКУ ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА КОМУНИКАЦИЈА

03.03.2019 (Советување)
ГРАДЕЊЕ СИЛНИ ОРГАНИЗАЦИСКИ ТИМОВИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ПРЕДИЗВИЦИ НА РАБОТНОТО МЕСТО

11.04.2019 (Бизнис средби)
Mеѓународни деловни средби за стартап, мали и средни компании од Источна Европа во Диселдорф, Германија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

12.11.2018


Актуелно  

СОЛУНСКОТO ПРИСТАНИШТЕ – ПОРТА НА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА


Petrovski IvanИван Петровски, генерален директор и претседател на Управниот одбор на „Фершпед“ АД - Скопје и член на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија

Почетоците на Солунското пристаниште се врзуваат со крајот на 17-от век со закрепнувањето на трговските врски и односи на градот Солун. Особено значајно за развојот на пристаништето е воспоставувањето на железничкиот сообраќај помеѓу Солун и Скопје како и другите балкански и европски градови во 1871 година, со што пристаништето се етаблира во главен трговски и комерцијален центар на Балканот. Со вакво портфолио Солун и Солунското пристаниште го дочекуваат почетокот на 19-от век како најзначајни, најголеми центри во рамките на Отоманската империја.  

Интересно е да се напомене дека во 1904 година Отоманската империја го дава за прв пат пристаништето на концесионер и го потпишува првиот договор со Франција, а прв управувач со Солунското пристаниште е француската компанија „Societe Anonyme Ottomane de Construction el Exploatittion du port de Salonique“, која го имала пристаништето на 40-годишна концесија, односно до 1944 година. Тоа е истовремено и првата компанија која почнува со посериозни инвестиции во пристанишната инфраструктура и пристанишните дигалки. Од историски аспект, накратко би сакал да ги спомнам уште следните два важни момента. Имено, во 1914 година грчката Влада формира државен ентитет Thessaloniki Free Zone кој го презема менаџирањето на најголем дел од пристаништето, со примарна цел товарање/истоварање и трансфер на стоката со приватни средства и персонал, како и формирањето на таканаречената Југословенска зона со површина од 50.000 квадратни метри со важност од 50 години (1925-1975 година).

Од поновата историја важна е 1999 година кога Солунското пристаниште (Thessaloniki Port Authorities) станува акционерско друштво, а  последен пат, во март 2018 година, после повеќегодишни преговори, од страна на  Грчкиот фонд за управување со државен имот HRADF, 67% од пристаништето се даде под концесија на 35-годишно користење на конзорциум составен од 3 компании (Deuthce invest Equity partners GMBH од Германија, Terminal link SAS од Франција и Belterra investments LTD од Кипар). Износот на целата зделка изнесува околу 1,1 милијарда евра, од кои преку 650 милиони евра ќе бидат инвестиции во пристаништето во следниве години. Споменатиот конзорциум во Р. Грција формира правен ентитет под името South European Gate Thessaloniki - S.E.G.T.  

Со давањето под концесија на 67% од Солунското пристаниште на S.E.G.T. истовремено започнаа и планираните инвестиции во постојните и новите капацитети и средства во пристанишната инфраструктура.

Веднаш е пристапено кон ремонтирање на постојните средства за работа (булдожери, вилушкари, возила, транстеинери и друга механизација), како и набавка на нови. Истото се однесува и на крановите за товарање/истоварување во Солунското пристаниште, како за конвенционалниот товар, така и за контејнерскиот терминал. Се репарираат и се ремонтираат постојните, а во процес на набавка се и нови кранови за повеќе докови во пристаништето, како и за 3 крана во контејнерскиот терминал.

KIF

Посебно значаен момент е планираното проширување (екстензија) на докот 6, кејовите 24, 25 и 26, како и на контејнерскиот кеј за дополнителни 550 метри должина и широчина 300 метри со истовремено зголемување на длабочината од постојните 12 на 16,5 метри.

Со оваа инвестиција ќе се добие можност да се врзуваат повеќе бродови истовремено, но што е уште позначајно се овозможува пристигнување и на  поголеми бродови со поголема носивост како за конвенционална стока (панамакс и супер панамакс категорија на бродови), така и за контејнерски бродови со носивост од сегашните 4.000 TEU единици, на бродови со носивост 14.000 TEU единици. Покрај зголемувањето на волуменот на карго капацитетите, со новите вложувања ќе се намали и таканареченото Vessel Waiting Time (време на чекање на пловилото), што значително ќе влијае и на намалување на поморските возарини.

Сиве овие инвестиции кои се веќе започнати и се во тек сигурно ќе придонесат за многу полесна и побрза работа и функционирање на Солунското пристаниште, а се` со цел поефикасна и подобра услуга за своите клиенти.

 

Kомпанијата „Фершпед“ - Скопје со сопствената фирма - ќерка во Република Грција „Eurotrading Transport and Logistics LTD“ е присутна во Солунското пристаниште повеќе од 45 години и е подготвена економски да го доближи Солунското пристаниште до пазарите на Република Македонија,  искористувајќи ги новонастанатите услови со концесионирањето и либерализацијата на двете државни компании Thessaloniki Port Authority и TrainOSE.

За македонските компании Солунското пристаниште има првостепено значење, како пристаниште кое е природен пат за пристигнување на стоката наменета за нашата земја и кое поради близината има пониски транспортни трошоци за превоз на стоките до Македонија во однос на другите пристаништа во соседните земји.

Новите пазарни услови се приоритет и за новиот менаџмент на пристаништето, кој е доста флексибилен во однос на договарање и добивање поповолни услови за товарање, истоварување и престој на стоката во пристаништето (побрза работа на крановите, побрзо товарање на стоката на вагони и камиони, повеќе слободни денови од складишнини и сл.), со што значително се олеснува протокот на стока кон крајната дестинација во Македонија. Секако, треба да се напомене дека сериозните проблеми со кои се соочувавме во минатото, а беа предизвикани од чести штрајкови и блокади, сега се минато. 

S.E.G.T во текот на минатата 2017 година изработи 3,6 милиони тони стока, што е зголемување од 9% во однос на количините од 2016 година. Бројот на контејнери изразени во TEU единици кои во текот на 2017 година се изработени во пристаништето е 401.947, што претставува зголемување од 17% во однос на 2016 година. 

Од вкупниот број на контејнери во 2017 година, за Република  Македонија преку пристаништето транзитирале 25.610 контејнери изразени во TEU единици, што е зголемување од 11,9% во однос на 22.886 TEU единици кои поминале во 2016 година. Што се однесува на генералните товари, 988.000 тони стока од или за Р. Македонија се изработени преку Солунското пристаниште, што е зголемување од 10,5% во споредба со 895.000 т изработени во 2016 година. Процентот на застапеност на стоката  од и за Р. Македонија во вкупниот обем на работа на Солунското пристаниште е 27,5% за генералните товари, додека за контејнерите изразени во TEU единици застапеноста е 6,4%

Само за споредба, реализираните количини во Солунското пристаниште за тековната 2018 година за првите 9 месеци се 2,8 милиони тони генерални товари и 313.000 контејнери изразени во TEU единици. 

Тука посебно сакам да ја пофалам одлуката на новиот менаџмент кој најде разбирање за актуелното едномесечно нефункционирање на железничкиот коридор 10 поради проблемот со мостот на Црна Река во близина на Градско и позитивно одговори на барањата на македонските стопанственици за ослободување на стоката од дополнителни трошоци на име складишнина во пристаништето за времетраење на стопираниот железнички транспорт.

Сигурно, втора новина што ќе придонесе за уште побрз и полесен начин на превоз на конвенционалната стока и на контејнерите од S.E.G.T е одлуката за либерализирање на пристапот кон грчката железничка инфраструктура на приватни железнички оператори. Фактот што во Република Грција се отвори  железничкиот пазар за приватни железнички оператори ќе овозможи услови за здрава конкуренција, за зголемување на ефикасноста, а со тоа и намалување на транспортните трошоци.

Приватниот железнички оператор Gold Air - Rail Cargo веќе има свои локомотиви и свој персонал и во текот на октомври 2018 година го реализираше првиот воз на релација Кулата – Солун, како прв приватен железнички оператор во Р. Грција.

Како бизнис заедница и ние можеме многу да придонесеме за намалување на економското растојание помеѓу Солунското пристаниште и пазарите во Р. Македонија, поради што заедничките активности треба да бидат поставени во таа насока. Истовремено, во соработка со колегите од царинските и инспекциските служби од двете страни на границата, треба да се иницираат активности  за олеснување и скратување на времето потребно за извршување на царинските формалности со воведување на едношалтерски царински систем и на тој начин, Солунското пристаниште може уште повеќе да послужи како отворена порта за македонската економија.











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права