22.11.2018 (Семинар)
СИСТЕМАТИЗАЦИЈА НА РАБОТНИ МЕСТА, ОДГОВОРНОСТИ И ОВЛАСТУВАЊА, ВРЕДНУВАЊЕ НА РАБОТЕЊЕТО И УНАПРЕДУВАЊЕ НА РАБОТАТА

22.11.2018 (Инфо сесија)
Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва: старт-ап и спин- оф

23.11.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема: МЕНАЏИРАЊЕ НА ИЗВОЗОТ - СТРАТЕГИЈА И ДЕФИНИРАЊЕ НА ИЗВОЗОТ ПРЕКУ ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ -

23.11.2018 (Семинар)
ПРОЦЕС И ЧЕКОРИ ВО ЕТИЧКОТО ХАКИРАЊЕ

27.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби и форум со компании од агро секторот од Бугарија, во Струмица, Македонија, на 27 и 28 ноември 2018 година

27.11.2018 (Семинар)
МЕНИЦА И МЕНИЧНИ ДЕЈСТВИЈА СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА ПОСЛЕДНИТЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА НОТАРИЈАТ

28.11.2018 (Советување)
ОПЕРАТИВНА ЕФИКАСНОСТ ВО АДМИНИСТРАТИВНИТЕ ПРОЦЕСИ И ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ ВО ОРГАНИЗАЦИЈАТА, АПСТЕНТИЗАМ И НАМАЛУВАЊЕ НА ТРОШОЦИТЕ КАКО ПОСЛЕДИЦА ОД ОТСУСТВО ОД РАБОТА И УПРАВУВАЊЕ СО ПРОМЕНИ СОГЛАСНО ЗАКОНСКИТЕ ОДРЕДБИ И ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА

29.11.2018 (Семинар)
Е-МЕНАЏМЕНТ НА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ – СОВРЕМЕНИ МЕТОДИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

30.11.2018 (Форум)
БИЗНИС ФОРУМ И БИЛАТЕРАЛНИ СРЕДБИ МЕЃУ МАКЕДОНСКИ И ГРЧКИ КОМПАНИИ- 30.11.2018 , АТИНА Р.ГРЦИЈА

30.11.2018 (Семинар)
ОДГОВОРНОСТ НА ОРГАНИ НА УПРАВУВАЊЕ НА ПРАВНО ЛИЦЕ ЗА НАДОМЕСТ НА ШТЕТА И ОБЈЕКТИВНА ОДГОВОРНОСТ НА РАБОТОДАВЕЦ ЗА НАДОМЕСТ НА ШТЕТА ОД ПОВРЕДА ПРИ РАБОТА

06.12.2018 (Конференција)
ГОДИШНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ФИНАНСИСКА СУПЕРВИЗИЈА ВО ЕУ 2018- 6.7.12.2018 БРИСЕЛ

11.12.2018 (Семинар)
Еднодневна специјалистичка обука на тема: DMFEA Design Failure Mode and Effect Analysis АНАЛИЗА НА РИЗИКОТ И ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД ГРЕШКИТЕ НАПРАВЕНИ ВО ПРОЦЕСОТ И ВО ПРОИЗВОДОТ

14.12.2018 (Семинар)
ОСНОВИ НА УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИКОТ ВО ДЕЛОВНОТО РАБОТЕЊЕ СОГЛАСНО БАРАЊАТА НА СТАНДАРДОТ ISO 31000:2018

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

08.11.2018


Актуелно  

ЈАВНА РАСПРАВА ЗА УРЕДБАТА ЗА ПОДДРШКА НА ПРОИЗВОДСТВО НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА И ПРАВИЛНИКОТ ЗА ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА


Македонската енергетска асоцијација (МЕА), во соработка со Министерството за економија и со Кабинетот на заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, организираше јавна расправа за Уредбата за поддршка на производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија и Правилникот за  обновливи извори на енергија. На јавната расправа присуствуваа заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, проф. д-р Кочо Анѓушев, министерот за економија, м-р Крешник Бектеши, претставници на голем број стопански субјекти, идни инвеститоти во оваа област и надлежни институции. Целта на јавната расправа беше да придонесе за подобрување на текстот на овие подзаконски акти кои се очекува да бидат донесени во најскоро време. Со предложените подзаконски акти се заокружува правната рамка за обновливи извори на енергија (ОИЕ). Со нивното донесување се очекува поголема транспарентност во доделувањето и користењето на мерките за поддршка, зголемен обем на инвестиции во ОИЕ и, во крајна линија, зголемено учество на ОИЕ во вкупната потрошувачка на енергија во Република Македонија.

 

Со Уредбата за мерките за поддршка на производството на електрична енергија од обновливи извори на енергија се доразработуваат одредбите за ОИЕ од неодамна усвоениот Закон за енергетика. Во него е предвидено дека поддршката на производителите ќе биде во форма на повластени тарифи и премии. За разлика од повластените тарифи, за кои нема позначајни промени во однос на досегашната постапка за доделување, износот и видовите технологии за кои се доделуваат, премиите се сосема нова форма на поддршка.

Премии ќе се доделуваат за производство на електрична енергија од ветерни и фотонапонски електроцентрали, додека за сите останати технологии ќе се применува повластена тарифа. Уредбата предвидува ограничувања, како во однос на вкупната инсталирана моќност за одредена технологија, така и за инсталирана моќност по електроцентрала. Периодот на користење на мерките за поддршка изнесува 15 или 20 години во зависност од технологијата.

 

Премиите ќе се доделуваат во тендерска постапка со електронска аукција, при што критериум за избор ќе биде најнискиот понуден износ на фиксна премија. Во огласот и тендерската документација ќе биде даден максималниот референтен износ на премија утврден според методологија содржана во Уредбата, додека понудувачите ќе може да доставуваат понуди со понизок износ. Фиксната премија ќе се доделува како дополнителен фиксен износ на цената која производителот ја остварил со продажбата на секој произведен kWh на пазарот на електрична енергија на големо.

 

Уредбата овозможува доделување премија за електроцентрала која ќе се гради на градежно земјиште во државна сопственост и премија за електроцентрала која ќе се гради на земјиште коешто не е во сопственост на Република Македонија или на земјиште во сопственост на Република Македонија на кое е воспоставено право на користење. Пред склучување на договорите, избраните понудувачи доставуваат документи со кои го докажуваат исполнувањето на условите, меѓу другото и банкарска гаранција за навремено и квалитетно извршување на договорот.

 

Министерството за економија ќе ја спроведува тендерската постапка, ќе ги склучува договорите за стекнување право за користење премија и договорите за користење премија, ќе ги врши исплатите на премиите од буџетот, ќе води евиденција на повластени производители кои користат премија и ќе ја следи реализацијата на договорите. Регулаторната комисија за енергетика и понатаму останува надлежна за донесување одлука за користење на повластена тарифа, која се исплаќа согласно договорот за откуп на електрична енергија кој го склучуваат повластениот производител и операторот на пазарот на електрична енергија.

Со Правилникот за  обновливи извори на енергија се доразработува можноста што ја дава Законот за енерегика за изградба на објект за производство на електрична енергија од обновлив извор на енергија, при што произведената електрична енeргија се користи за сопствена потрошувачка, а вишокот на произведената електрична енергија се предава во електродистрибутивна мрежа. Доколку домаќинство, мал потрошувач и буџетски корисник и единка корисник ги исполнува условите утврдени во Правилникот, ќе стекне статус на производител-потрошувач кој има право да склучи договор со снабдувачот кој го снабдува со електрична енергија. Во договорот ќе се дорегулираат условите за предавање на вишокот произведена електрична енергија во електродистрибутивната мрежа. Правилникот содржи формула по која се пресметува цената на електричната енергија што снабдувачот ја презема од потрошувачот-производител.

Во однос на одредбите за издавање и начин на мерење на потенцијалот на ветерот и на издавање и признавање на гаранциите за потекло нема некои суштински промени, но има одредени подобрувања и појаснувања во однос на важечкиот правилник. Агенцијата за енергетика останува надлежен орган за издавање на одобренијата и гаранциите, како и за водењето на регистрите, вклучително и регистарот на електроцентрали од ОИЕ, кој се предвидува да стане сеопфатен.

Перо Авакумовски











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права