ЗЕМЈИ СО НАЈГОЛЕМО ВЛИЈАНИЕ ВРЗ РАСТОТ НА ГЛОБАЛНИОТ БДП СЛЕДНИТЕ ПЕТ ГОДИНИ

   

👁 Прочитано: 481


ЗЕМЈИ СО НАЈГОЛЕМО ВЛИЈАНИЕ ВРЗ РАСТОТ НА ГЛОБАЛНИОТ БДП СЛЕДНИТЕ ПЕТ ГОДИНИ

Глобалната економија, оптоварена со тензиите предизвикани од трговските војни и зголемената економска неизвесност, може да забележи остар пад на економскиот раст во текот на следните пет години, проценуваат светските експерти. Стапката на раст на Кина се очекува да продолжи да забавува, додека нејзиното учество во глобалниот раст на БДП од сегашните 32,7 проценти може да падне на 28,3 проценти. Послабиот глобален раст, кој се очекува да забележи пад на 3 проценти оваа година и со тоа да биде најбавен од глобалната финансиска криза, ќе погоди 90 проценти од светските земји, покажуваат новите податоци на ММФ.

За да откриеме кои економии во моментот се клучни играчи во глобалната економија и кои треба да станат, со споредување на проекциите на ММФ и паритетите на куповната моќ, светските економски експерти направија проекција на земјите кои би можеле да имаат најголемо влијание врз глобалниот БДП до 2024 година. Според нивните проценки, САД би можеле да забележат пад од 4,6 проценти до 2024 година. Од друга страна, учеството на Индија во глобалниот раст на БДП може да се искачи од сегашните 13,5 на 15,5 проценти.

Што се однесува до другите најголеми светски сили, Индонезија ќе остане на четвртото место, но со благ пад од 0,2 проценти. Големи промени ќе почувствува Велика Британија, која би можела да падне на 13-тото место поради проблемот Брекзит, но и Јапонија, која би можела да падне на деветтото место. Се проценува дека Бразил ќе се искачи од 6-то на 11-то место, додека учеството на Германија како најсилна економска сила во Европа ќе остане на 1,6%.

Турција, Мексико, Пакистан и Саудиска Арабија би можеле да бидат најголемото изненадување во следните пет години, додека Шпанија, Полска, Канада и Виетнам би можеле да исчезнат од списокот на 20 највлијателни земји.

Васко Ристовски