Семинар / 19.11.2019

ЕЛЕКТРОНСКА ТРГОВИЈА И ИНТЕРНЕТ ПРОДАЖБА ОД ОТВОРАЊЕ Е-ПРОДАВНИЦА, РАЗВОЈ И МАРКЕТИНГ ДО ПРОДАЖБА

Стопанска комора на Македонија, Македонија


   

Еднодневен семинар на тема:

ЕЛЕКТРОНСКА ТРГОВИЈА И ИНТЕРНЕТ ПРОДАЖБА -
ОД ОТВОРАЊЕ Е-ПРОДАВНИЦА, РАЗВОЈ И МАРКЕТИНГ ДО ПРОДАЖБА

19.11.2019 година (вторник)
10:00 – 15:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат


Во ера на дигитализација, присуството на брендовите на Интернет е важно за секој бизнис кој сака поголема видливост на своите производи и услуги, а секој бизнис кој сака да го зголеми уделот на својот пазар неминовно треба да се определи кон унапредување на дигитализацијата во своето работење преку отворање на е-продавница.

За таа цел, Стопанската комора на Македонија на 19 ноември 2019 година организира еднодневен семинар на тема: „ЕЛЕКТРОНСКА ТРГОВИЈА И ИНТЕРНЕТ ПРОДАЖБА - ОД ОТВОРАЊЕ Е-ПРОДАВНИЦА, РАЗВОЈ И МАРКЕТИНГ ДО ПРОДАЖБА“ каде глевен фокус ќе биде ставен на запознавање со сите потребни процедури, законски барања и прописи за отворање и успешно водење на своја електронска продавница. 

Независно дали веќе поседувате продажно место или пак сакате да ги пласирате Вашите производи единствено за интернет-продажба, овој семинар ќе Ви помогне успешно да се позиционирате на интернет пазарот и да ги стекнете основните вештини за управување со е-продавницата. Продажбата преку интернет како нов канал на продажба отвора нови можности за подобро позиционирање на пазарот, пристап до нови клиенти кои физички се оддалечени од продажното место, поголем удел на пазарот, а сето тоа води до зголемување на Вашите приходи.

ПРОГРАМА:


АНАЛИЗА И ИСТРАЖУВАЊЕ НА ИНТЕРНЕТ-ПАЗАРОТ ВО МАКЕДОНИЈА:
  - Состојба и предуслови за развој на интернет-трговијата во Македонија;

ВОВЕД ВО ЗАКОНСКИТЕ ПРОЦЕСИ И ПРОЦЕДУРИ:
  - Отворање и регистрација на сопствена компанија;
  - Креирање на бизнис план и почетни инвестиции;
  - Прибирање на податоци согласно Дирекцијата за заштита на лични податоци;

ПРОЦЕДУРИ ЗА ПЛАЌАЊЕ ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ:
  - Финансиски калкулации;
  - Провизии, поддршка од страна на банките;
  - „Онлајн“ плаќање;

РЕГИСТРАЦИЈА НА ВЕБ СТРАНА, СЕЛЕКТИРАЊЕ НА СООДВЕТЕН ХОСТИНГ:
  - Регистрација;
  - Имиња за веб-страна;
  - Квалитет;
  - Брзина;
  - Заштита на лични податоци;

Е-COMMERCE РЕШЕНИЕ:
  - Дизајн на веб-страна;
  - Стил на пишување;
  - Пребарување;
  - „Излог“ на е-продавницата;
  - Од „Додади во кошничка“ до „Потврди со плаќање“;

КАДЕ СЕ ВАШИТЕ КУПУВАЧИ?
  - 5 начини како бесплатно да ја зголемите посетеноста на е-продавницата;
  - SEO – оптимизација на пребарувачи;
  - Социјални медиуми;
  - Блог;
  - „Онлајн“ соработка;
  - „Offline“ вмрежување;

ШТО ПОТОА?
  - Интернет маркетинг;
  - Социјални медиуми (Facebook, Twitter, Pinterest, Instagram);
  - E-магазини;
  - PPC можности (платен интернет маркетинг);
  - CRO тактики (оптимизација на конверзија на купувачи);
  - Грижа за корисници;
  - Креирање позитивен имиџ.


За кого е наменет семинарот: 

Семинарот е наменет за сите сопственици и менаџери на компании кои се занимаваат со продажба и имаат желба да инкорпорираат нов канал за продажба, директори на продажба и маркетинг, млади претприемачи кои сакаат да започнат свој е-бизнис, како и ентузијасти кои се подготвени да научат нешто повеќе за електронската трговија.


Предавач:
- Билјана Радоњанин,
менаџер и ко-сопственик на е-продавницата „Ексивит“, дипломиран економист со повеќегодишно искуство во делот на ПР, маркетинг и продажба. Говорник на „Global Entrepreneurship Week“, Недела на претприемништвото, како и обучувач во областа на е-трговија.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручeк и освежување;
- сертификат за учество на семинарот.

Рок за пријавување: 15.11.2019 година.

Агенда на настанот Пријавен лист Пријави се електронски

Контакт лица:

Михајло Донев
++ 389 2 3244067

Анита Митревска
++ 389 2 3244057

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 12.12.2019
ЕФИКАСНО УПРАВУВАЊЕ СО ПРОЦЕСОТ НА ПРОДАЖБА
Семинар, 12.12.2019
УПРАВУВАЊЕ СО ОТСУСТВА И МОТИВАЦИЈА НА ВРАБОТЕНИТЕ
Семинар, 13.12.2019
ПРЕСМЕТКОВНИ ФОРМУЛИ И ФУНКЦИИ И ПИВОТ ТАБЕЛИ ВО КАНЦЕЛАРИСКОТО РАБОТЕЊЕ
Семинар, 13.12.2019
KPI - KEY PERFORMANCE INDICATOR (КЛУЧЕН ИНДИКАТОР ЗА ИЗВРШУВАЊЕ) Основи и како се дефинираат?
Семинар, 16.12.2019
ОСНОВИ НА GOOGLE ADS
Семинар, 16.12.2019
МЕТОДИ ЗА НАДМИНУВАЊЕ НА ПРОБЛЕМОТ НА ЗАДОЦНЕТА НАПЛАТА НА ПОБАРУВАЊА
Семинар, 17.12.2019
ПОДГОТОВКА НА ПРОЕКТИ ЗА ГРАНТОВИ ОД ЕУ И ДРУГИ ДОНАТОРСКИ ПРОГРАМИ
Семинар, 17.12.2019
ОТСТРАНУВАЊЕ НА РАБОТНИК ДО ДОНЕСУВАЊЕ ОДЛУКА ЗА ОТКАЗ НА ДОГОВОРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ - СУСПЕНЗИЈА
Семинар, 18.12.2019
ВЕШТ АДМИНИСТРАТИВЕН РАБОТНИК - Архивско- канцелариско работење / Деловно- финансиско работење -
Семинар, 23.12.2019
АКТУЕЛНОСТИ ВО ПОГЛЕД НА ПРАВАТА И ОБВРСКИТЕ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ПЛАЌАЊЕТО НА РАБОТАТА